Бас гитара
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Бас гитарата, и акустичната и електричната, денес се користи како пратечки инструмент, меѓутоа има неколку виртуози на бас гитара кои свират со неверојатна брзина и техника, дури и подобро од некои гитаристи. Денес бас гитарите се користат во повеќе музички правци отколку обичните гитари. Бас гитарите се разликуваат од обичните гитари по тоа што жиците на бас гитарата даваат звуци пониски за една октава. Поради непотребноста на највисоките две жици, бас гитарите ги изгубиле нив и стандардно се произведуваат со четири жици. Меѓутоа бројот на жици зависи од афинитетите на музичарот, во зависност кој стил на музика свири. Постојат петтожичани бас гитари (редослед B,E,A,D,G) кои најчесто се користат во рок и метал музиката, а додека пак има варијации на петтожичаните бас гитари кои наместо петта жица имаат прва жица (E,A,D,G,B), што овозможува свирење на повисоки тонови од оние кои може да ги произведе стандардна петтожичана бас гитара. Постојат пак и шестожичани бас гитари кои ги содржат сите жици на петтожичаните гитари (B,E,A,D,G,B) и се користат во сите правци на музиката, но многу ретко. Најдобрите басисти на сите времиња користеа четирижичани бас гитари што докажува дека бројот на жици не игра многу важна улога во квалитетот на свирењето.
[уреди] Најпознати производители
[уреди] Најпознати басисти
- Џон Мјанг (Dream Theater)
- Џако Пасториус (Weather Report)
- Клиф Бартон (поранешен член на MetallicA)
- Фли (Red Hot Chili Peppers)