Помош:Акцентирани македонски букви
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ова е мало упатство за примена на акцентираните македонски букви È, è, Ѝ, ѝ, Ô, ô кај разните прелистувачи.
Содржина |
[уреди] Windows XP/2000/ME/98
[уреди] Internet Explorer
Internet Explorer ги препознава знаците È, è и Ô, ô, но за знаците Ѝ, ѝ да се видливи, мора да се вметнат во соодветниот шаблон во облик {{Уникод|Ѝ}} или {{Уникод|ѝ}} за да бидат видливи. Копчето за овој шаблон се наоѓа во алатникот на дното на страницата.
[уреди] Останати пребарувачи
Пребарувачите како Mozilla Firefox и Opera ги препознаваат сите овие букви без било какви додатоци.
[уреди] Linux
[уреди] Пребарувачи
Најголемиот број на пребарувачи како Galeon, Konqueror, Mozilla, Mozilla Firefox, Opera и други ги препознаваат сите овие букви без проблеми доколку имате инсталирано поддршка за македонски јазик.
[уреди] Внесување на знаците
За внесување на било кој од знаците користете ја комбинацијата ctrl+shift+уникод кодот на знакот (на пример: за да внесете È, држејќи ctrl и shift истовремено, стискате на копчињата 4, 5 и 0; за да внесете Ô, држејќи ctrl и shift истовремено, стискате на копчињата D и 4).
[уреди] Кодови
Уникод кодовите акцентираните македонски букви се следниве:
- Ѐ = U+0400
- ѐ = U+0450
- Ѝ = U+040D
- ѝ = U+045D
- Ô = U+00D4
- ô = U+00F4
[уреди] Понатамошна помош
Доколку и по читањето на ова упатство и следењето на упатствата содржани во него имате некаков проблем или пак нешто сеуште ви е нејасно, слободно побарајте помош на порталот.