TrackBack
Од Википедија, слободна енциклопедија
TrackBack е механизам за интеркомуникација меѓу блогови: ако еден блогер напише пост, во кој коментира, или се повикува на напис кој се наоѓа на друг блог, и двете блогерски платформи го поддржуваат TrackBack протоколот, блогерот кој го пишува постот може да го извести другиот блог со TrackBack ping.
Блогот кој го прима известувањето (пингот) може да испише краток преглед или резиме и линкови до сите постови кои го коментираат или се повикуваат на оригиналниот пост. Ова овозможува ефективно разработување на една иста тема на повеќе блогови кои корисниците можат лесно да ги следат.