RAM меморија
Од Википедија, слободна енциклопедија
RAM е кратенка од англискиот поим Random Access Memory, кој во превод значи меморија со случаен пристап.
[уреди] Меморија со случаен пристап
Тоа е внатрешна меморија на компјутерот, која се празни кога ќе се исклучи компјутерот, а во меѓувреме, сите операции кои се одвиваат со меморијата се одвиваат во неа. Значи сите програми кои се стартуваат мора да се вчитаат во РАМ - RAM Меморијата, а ако нема простор и во SWAP - file. Тоа е резервната меморија, која обично се позиционира на одредено место на хард диск-от и се користи по потреба.
[уреди] Градба на РАМ Меморијата
РАМ Меморијата е составена од Логички кола:логички кола наречени флип-флоп кола и тоа бистабилни флип-флопови. Флип-флоп колата имаат својство да запомнат информација од еден бит, и да го сочуваат то бит во меморија се додека на влезот од флип-флопот не дојде нов бит за помнење или не се исклучи флип-флопот од напојување (од тука потекнува и тоа дека се губат информациите во РАМ меморијата по искучувањето на компјутерот).
[уреди] Мемориски регистри
Со групирање на низи од 2, 4, 8, 16 32, 64, и повеќе флип-флопови се формираат регистри онолку биттни колку што има флип-флопови. Во структурата на низите на мемориските регистри влегува и уште по еден флип-флоп за секоја низа кој во својата меморија го сочувува таканаречениот „бит на парност“ кој зависи од должината на пополнетиот дел од регистарот (информацијата) за да биде овозможен понатамошен пристап кон мемориската локација.