Ebooks, Audobooks and Classical Music from Liber Liber
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z





Web - Amazon

We provide Linux to the World


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Езеро - Википедија

Езеро

Од Википедија, слободна енциклопедија

Охридското Езеро, бисерот на Македонија
Зголеми
Охридското Езеро, бисерот на Македонија
Езерото Клирвотер, Онтарио, Канада
Зголеми
Езерото Клирвотер, Онтарио, Канада
Езерото Били Чинук, Орегон, САД
Зголеми
Езерото Били Чинук, Орегон, САД

Езерата се поголеми вдлабнатини на Земјината површина исполнети со вода, која не е во непосредна врска со морските површини. За разлика од подземните басени врз кои и речиси не влијаат климатските фактори и кои немаат флора и фауна, езерата се облици на пејзаж кои зависат од областа во која се наоѓаат и често имаат многу богата флора и фауна. Се создаваат во природни котлини и обично добиваат вода од дождовите и од реките, а дел од оваа вода се испушта во друга река или со понирање. Но, постојат и езера од кои не истекува водата, а можат да имаат реки кои им носат вода. Вакви езера се чести во пустинските области. Во други случаи, езерото исполнува затворена вдлабнатина и собира вода само од дождовите, како што е случај со езерата што ги исполниле поранешните вулкански котлини или шуплини, ископани од некој глечер.

Сите езера се состојат од неколку основни елементи (или зони): ведро, или вдлабнатината каде што се собира водата, платформа, или површината на езерото, од еден брег до друг, платформата завршува во една точка каде значително се зголемува наклонот - падина, која оди до дното, кое најчесто е рамно. На платформата често се создаваат појаси на мочуришна вегетација, кои претставуваат важен екосистем за птиците кои зависат од езерото. Што се однесува до езерската вода, таа се движи во вид на бранови, езерски струи, плима, осека и сеш. Брановите во езерата ги создаваат ветровите. Меѓутоа, езерските бранови се со многу помали димензии од морските. На најдлабокото езеро во светот - Бајкалското, не се забележани поголеми бранови од два метри. Езерските струи, плимата и осеката се јавуваат само кај езерата со поголема површина. Сеш на езерата настанува поради разликите во воздушниот притисок меѓу спротивните краеви на самото езеро: на оној крај каде што воздушниот притисок е низок, нивото на езерската вода се издигнува, а на спротивната страна (каде владее висок воздушен притисок) нивото е спуштено. Појавата на сешот е најкарактеристична за Женевското Езеро во Швајцарија.

[уреди] Особини на езерата

Едни од поважните особини на езерата се нивната температура, провидност, боја, вкус и движењата на водата, опишани погоре.

Температурата на езерската вода зависи од географската ширина, надморската висина и од длабочината на езерскиот басен, односно ведро. Бојата на езерската вода може да биде сина, зеленкаста и маслинесто-зеленкаста. Тоа зависи од составот на карпите на езерското дно, од наносот што го внесуваат реките, од облачноста на небото и друго. Провидноста најмногу зависи од бојата на водата, од ситните честички што ги содржи истата, растителниот и животинскиот свет итн. Вкусот на водата во езерата зависи од нејзиниот хемиски состав, и таа може да биде солена или слатка. Најголем број од езерата во светот имаат слатка вода, додека солена вода имаат само реликтните и пустинските езера, главно поради големото испарување.

[уреди] Видови езера

Според начинот на настанување на езерските басени, езерата можат да бидат: тектонски, леднички, карстни, речни, вулкански, приморски и вештачки.

Тектонските езера лежат во тектонски потонатини или котлини, настанати со спуштање на земјиштето покрај раседи. Затоа тие се одликуваат со голема длабочина и со стрмни страни. На овој начин е настанато Бајкалското Езеро, а потоа и езерата Викторија, Њаса, Онтарио, Хјурон, Мичиген и други. Во Македонија тектонски езера се Охридското, Преспанското и Дојранското.

Ледничките езера се распространети на високите планини и субполарни предели кои во ледениот период биле под дебела ледена покривка. Од своја страна, ледничките езера можат да бидат цирковни и валовски. Цирковните лежат во циркови и обично се мали, со тркалезна форма и се одликуваат со бистра зеленкаста боја. Во Македонија вакви езера има на Шар Планина, Пелистер, Јакупица и на други планини. Валовските езера, пак, лежат во преградени леднички басени. Такви се Боденското, Женевското, Гарда, Комо, Бледското, Бохињското и други.

Карстните езера ги има во карстните предели. Нивните басени се настанати со карстната ерозија и обично лежат во вртачи, ували и карстни полиња. Басените на некои карстни полиња се спуштени по тектонски пат, па нивното дно лежи пониско од морската површина, додека нивото на водата им е над нивото на морето. Ваквите езера се нарекуваат уште и криптодепресии: Скадарско, Вранско, Врана итн.

Речните езера настануваат со флувијалната или речната ерозија. Можат да бидат ерозивни и акумулативни. Ерозивните лежат во пресечени меандри и имаат полукружен облик. Најмногу ги има покрај големите рамничарски реки што течат бавно и меандрираат. Акумулативните, пак, настануваат со преградување на самото речно корито. На пример, речното корито може да се прегради со таложење на бигор. На овој начин се настанати Плитвичките Езера во Хрватска и двете езера на реката Плива кај Јајце во Босна и Херцеговина. Меѓутоа, до преградување може да дојде и како последица на таложење на речен нанос.

Вулканските езера лежат во кратерите на изгаснатите вулкани. Распространети се во вулканските области на Земјата: Албано во Италија, Буше во Франција, Кратерско Езеро во САД итн.

Приморските езера се познати и под името лагуни. Тие лежат покрај песочните брегови на морињата и океаните. Лагуните настануваат со создавање на песочни бедеми со кои се одделува еден дел од плиткото море и се преобразува во езеро. Нивната вода е солена.

Вештачките езера се создаваат со подигнување на брана со која се преградуваат речните долини. Тие се изградени од страна на човекот за најразлични потреби: искористување на хидроенергетскиот потенцијал на реките, наводнување на обработливи површини, обезбедување на градовите и индустријата со вода, рекреација, естетско обликување на просторот и слично.

[уреди] Надворешни врски

Our "Network":

Project Gutenberg
https://gutenberg.classicistranieri.com

Encyclopaedia Britannica 1911
https://encyclopaediabritannica.classicistranieri.com

Librivox Audiobooks
https://librivox.classicistranieri.com

Linux Distributions
https://old.classicistranieri.com

Magnatune (MP3 Music)
https://magnatune.classicistranieri.com

Static Wikipedia (June 2008)
https://wikipedia.classicistranieri.com

Static Wikipedia (March 2008)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com/mar2008/

Static Wikipedia (2007)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com

Static Wikipedia (2006)
https://wikipedia2006.classicistranieri.com

Liber Liber
https://liberliber.classicistranieri.com

ZIM Files for Kiwix
https://zim.classicistranieri.com


Other Websites:

Bach - Goldberg Variations
https://www.goldbergvariations.org

Lazarillo de Tormes
https://www.lazarillodetormes.org

Madame Bovary
https://www.madamebovary.org

Il Fu Mattia Pascal
https://www.mattiapascal.it

The Voice in the Desert
https://www.thevoiceinthedesert.org

Confessione d'un amore fascista
https://www.amorefascista.it

Malinverno
https://www.malinverno.org

Debito formativo
https://www.debitoformativo.it

Adina Spire
https://www.adinaspire.com