Никола Груевски
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Никола Груевски (роден на 31 август 1970 во Скопје) е премиер на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Од декември 1999 до септември 2002, Никола Груевски беше министер за финансии во владата на Љубчо Георгиевски. Претходно, по парламентарните избори во 1998 година беше избран за министер без ресор и министер за економија во истата влада. Пред да влезе во владата беше гувернер во Светската банка и во Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), како и претседател и на Државната комисија за вредносни хартии и претседател на брокерската асоцијација на Република Македонија.
За претседател на ВМРО-ДПМНЕ е избран на партискиот конгрес во Охрид во мај 2003 година. Претходно беше потпретедател на партијата. Од 2002 до 2006 година беше пратеник во македонското Собрание.
Никола Груевски дипломира на Економскиот факултет при битолскиот универзитет „Климент Охридски” во 1994. Покрај ова, има и диплома од лондонскиот Институт за вредносни хартии и е магистрант на Економскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје.
Претходник: Владо Бучковски |
Премиер на Република Македонија 2006- |
Наследник: нема |
Премиери на Република Македонија | |
Никола Кљусев | Бранко Црвенковски | Љубчо Георгиевски | Бранко Црвенковски | Радмила Шекеринска (вршител) | Хари Костов | Радмила Шекеринска (вршител) | Владо Бучковски | Никола Груевски |