Луј Ле Во
Од Википедија, слободна енциклопедија
Луј ле Во (1612 – 11 Октомври 1670) е француски архитект кој работел за кралот Луј XIV. Роден е и умрел во Париз. Во неговите најпознати дела се вбројуваат Версајскиот дворец и, во соработка со Клод Перо, неговата работа на Лувр. Тој, заедно со Андре Ле Нотр и Шарл Ле Брун ги редизајнирале и градините на замокот Во-ле-Викомт. Други дела: замокот Шато де Винсене, Колеџот на четирите нации (денеска зградата на Институтот на Франција), црквата Сан-Сулпис, како и зградата Хотел Ламберт на Иле Сан-Луј во Париз.
[уреди] Видете исто така
- Француски барок и класицизам