Портал:Класична музика
Од Википедија, слободна енциклопедија
Добредојдовте на порталот Класична музика! Тука можете да најдете секакви информации за композитори и композиции од најразлични правци во класичната музика, да прочитате по некој интересен факт за некој изведувач или инструмент или пак да чуете дела од светските мајстори во нивната релевантна статија. Освен тоа, можете да го погледате и параграфот со ремек-дела на десната половина од порталов. Уживајте!
Забелешка: За слушање на композициите потребни ви се .ogg кодекси кои можете да ги преземете тука доколку ги немате. Датотеката ќе се отвори во вашиот вообичаен мултимедијален програм.
Јохан Себастијан Бах (21 Март 1685 С.С. – 28 Јули 1750 Н.С.) е германски композитор и органист чии духовни и световни дела за хорови, оркестри и соло инструменти ги сплотуваат речиси сите аспекти на стилот на барокната музика доведувајќи ги до врвна точка на зрелост. Иако нема воведено нови музички форми, Бах го има збогатено германскиот музички стил со робусна, но магична контрапунктна техника, навидум лесна контрола на хармонска и мотивска организација од најмал до најголем размер, и адаптација на странски ритмови и текстури, особено италијански и француски.
Бах се смета за еден од најголемите композитори во западната тонална традиција заради неговата моќна измазнетост на стилот и огромниот опус. Неговите дела се високо ценети за нивната интелектуална длабочина, техничка заповест и уметничка убавина: Некои од неговите најславни дела се: Бранденбуршки концерти, свитите и партитите за клавијатура, Мисата во Б-мол, Пасијата на Св. Матеј, Музичкиот подарок, Уметноста на фугата и голем број кантати, од кои денес се зачувани 220. Подолу можете да чуете еден пример за неговите стилистички карактеристики во хорот,,Ehre sei Gott in der Höhe" од Божиќниот ораториум, напишан во 1734 год., во зрелиот период на неговото творештво...
Чембало или клавичембало е општ поим кој се однесува на неколку видови на инструменти со клавијатура како големиот инструмент кој денеска се нарекува чембало, но и помалите слични инструменти како вигринал, „muselar“ виргинал и спинет. Сите овие инструменти произведуваат звуци со тргање на жиците наместо со удирање како кај пијаното и клавикордот. Се верува дека инструментите од семејството на клавичембала потекнуваат од цитрата на која некој некогаш и ставил клавијатура.
Пијанистот Симон Трпчески е еден од најафирмираните македонски изведувачи и веројатно најдобриот македонски пијанист на сите времиња. За неговиот талент сведочат мноштво меѓународни успеси и највисоки критики, како и генералното мислење на музичките критичари ширум светот дека Трпчески е еден од најдобрите пијанисти на сите времиња.
Шаблон:Портал:Класична музика/Категории