ДДОС (DDOS)
Од Википедија, слободна енциклопедија
[уреди] DDOS Напади
Како што е веќе добро познато постојан најразлични типови на компјутерски напади кои во повеќето случаеви завршуваат фатално за вашиот компјутер, уште пофатално би било доколку се работи за некој голем сервер.
Еден тип на овие софтверски напади е наречен DDOS (Distributed Denial of Service). DDOS-от е откриен многу подоцна од другите напади и е еден од најмоќните софтверски напади што досега воопшто е откриен.
Со DDOS напади биле некулку пати дисконектирани и серверите на најголемите светски веб страници, како што се yahoo, ebay, amazon, cnn и многу други. Овој тип на напад е најнепредвидлив и затоа е многу тешко да се сопре ваков напад, бидејќи хакерите користат некулку стотина или многу повеке предходно инфектирани компјутери кои ги имаат под своја контрола и ја користат нивната моќ односно ја користат нивната интернет конекција напаѓајќи го на некој голем веб сервер или само обичен компјутер.Тие го прават тоа така што ја пингираат (ping) на жртвата од сите компјутери кои ги имаат под своја контрола во исто време.Тоа го прават со посебен софтвер кој ги контролира сите компјутерите кои ги имаат под своја контрола.Пингирањето на некоја жртва со толку голема интернет конекција ќе доведе до преоптоварување на капацитетот на мрежата (buffer overflow) на конкретниот сервер или компјутер што е жртва на овој напад, по што се разбира ќе следи и пад на целиот систем.
Една од мерките која ја користат големите компании за да се заштитат од ваков тип на напад е инсталација на специјализиран софтвер што го контролира протокот на податоци.Односно доколку една IP адреса побарува (request) многу повеќе податоци од лимитот кој е зададен, софтверот автоматски го прекинува протокот на податоци кон таа IP адреса се додека побарувањето на податоци од таа IP адреса не падне под нормалата.