Георги Христов
Од Википедија, слободна енциклопедија
Георги Стоев Христов (Јан Пирински) е роден на 17 мај 1931 година, во с. Јаново, Пиринскиот дел на Македонија.
Работел како работник, управник на одморалиште, службеник во Окружниот народен совет во Благоевград, учител по бугарски јазик и литература, окружен социјален инспектор и др.
Уште како ученик пишувал стихови; неговите дела се објавувани во тогашниот весник “Пиринско дело“. Ја има објавено и стихозбирката “Попатен изгрев“.
Во 1992 година Георги Христов од својот брат Александар ја презема улогата на главен и одговорен уредник на весникот “Народна Волја“. Своите текстови ги потпишува и со псевдонимот Јан Пирински.
[уреди] Литература
- Весник “Народна волја“
- Георги Христов: “Попатен изгрев“, стихозбирка, Благоевград, 2003