Бисера – Константин Миладинов
Од Википедија, слободна енциклопедија
- Бисеро моме, Бисеро,
- што носиш бисер на грло?
- Твоето грло хубаво
- и от дробнаго бисера
- хилјада пати побело.
- Бисеро моме, Бисеро,
- зошто со бисер покриваш
- твоето грло хубаво?
- Ја нејку бисер да баца,
- тук сака твоето грло.
- Бисеро моме, Бисеро,
- за кого нижиш бисерот?
- За кого готвиш дарои?
- Ја дарој бисер не сака,
- тук сака мома Бисера.