Ацо Шопов
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ацо Шопов (20 декември 1923 - 20 април 1982) е поет и преведувач. Роден е во Штип. Бил уредник на литературните списанија „Иднина“, „Нов ден“, „Современост“ и др., главен уредник на издавачката куќа „Кочо Рацин“ и нејзин директор. Бил претседател на ДПМ, претседател на Советот на СВП, претседател на Републичката комисија за културни врски со странство и претседател на поранешниот Сојуз на книжевните преведувачи на Југославија. Бил амбасадор во Сенегал (1972-1976). Член на МАНУ. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од неговото основање (1947). Добитник на наградите: „Кочо Рацин“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Браќа Миладиновци“, „11 Октомври“, „Змаеви детски игри“ и „АВНОЈ“.
[уреди] Литературно творештво
- Песни (1944)
- Пруга на младоста (поезија заедно со С. Јаневски, 1947)
- На Грамос (поезија, 1950)
- Со наши раце (поезија, 1950)
- Стихови за маката и радоста (поезија, 1952)
- Слеј се со тишината (поезија, 1955)
- Ветерот носи убаво време (поезија, 1957)
- Небиднина (поезија, 1963)
- Јус-универзум (сатирични песни, 1968)
- Гледач во пепелта (поезија, 1970)
- Песни за црната жена (поезија, 1976)
- Дрво на ридот (поезија, 1980)
Избори:
- Песни (1963)
- Раѓање на зборот (1966)
- Песни (1967)
- Избор (1968)
- Златен круг на времето (1969)
- Поезија (одбрани дела кн. 1 и 2, 1976)
- Океанот е мал, човекот е голем (1977)
- Лузна (1981)
- Избор од поезијата (1987)
- Небо на тишината (1990)
- Гледач во пепелта (1991)
- Поезија (избор кн.1, 1993)
- Шопов во светот, Шопов од светот (избор кн. 2, 1993)