Андон Дуков
Од Википедија, слободна енциклопедија
Андон Дуков (1909 - 1944) е македонски уметник (сликар и копаничар) и борец, роден во Охрид. Во родниот град завршил копаничарско училиште, а во Белград студирал на Уметничката академија. Работел како учител по цртање во Гимназијата во Врање. Во 1941 година, по капитулацијата на Кралството Југославија, се вратил во Охрид каде се вклучил во борбата против бугарската окупација. Умрел од измрзнување во февруари или март 1944 година на планината Кожуф.