Ebooks, Audobooks and Classical Music from Liber Liber
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z





Web - Amazon

We provide Linux to the World


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Риби - Википедија

Риби

Од Википедија, слободна енциклопедија

Рибите се водни ‘рбетни животни со перки и внатрешни жабри. Постојат три живи класи на риби: примитивните безвилични риби, или Agnatha; ‘рскавичните (ајкуловидни) риби, или Chondrichthyes; и коскените риби или Osteichthyes. Овие групи, иако имаат различни анатомски карактеристики, поседуваат низа заеднички особини поврзани со нивното заедничко еволутивно потекло или со нивниот подводен начин на живот. Рибите биле најраните 'рбетници и веројатно еволуирале од група на водни нижи хордати; копнените 'рбетници еволуирале од рибите.

Постојат околу 20,000 живи видови на риби. Тие се разликуваат во големина, и тоа од 7,9 mm долгиот педоциприс (Paedocypris) кој живее во тропските мочуришта на Суматра, па сѐ до 14 m долгата китовска ајкула. Повеќето се светло обоени и многу имаат форми приспособени за камуфлажа. Можат да се најдат во сите морски, слатководни и соленкасти води низ светот, на било која длабочина. Членовите на различните видови на риби толерираат температури на водата од замрзнување до преку 38°C. Повеќето се или соленоводни или слатководни жители, но некои се физиолошки адаптирани за движење од една во друга водна средина. Поголем број од рибите родени во слатките води го минуваат животот како возрасни единки во океанот, враќајќи се во слатките води за да се мрестат; обратната миграција се случува кај некои риби од океанот. Многу риби остануваат во тесно организирани групи, а други се сами и се здружуваат само за време на мрестење и хранење. Рибите може да се месојади, тревојади или сештојади. Некои риби се чистачи на езерските или океанските дна. Рибите се главен извор за човечка храна, рибино масло, храна за домашните животни итн.

Постојат членови на копнените вертебратни класи, како китовите и морските змии, кои се имаат адаптирано на водниот начин на живот, но не се риби. Тие дишат воздух, а не растворен кислород и нивните анатомски карактеристики ја разоткриваат врската со копнените животни.

Содржина

[уреди] Анатомски особености

Анатомија на Lampanyctodes hectoris  (1) - оперкулум (жабрена покривка), (2) - странична линија, (3) - грбна перка, (4) - дебела перка, (5) - опашна педункула, (6) - опашна перка, (7) - анална перка, (8) - фотофори, (9) - пелвични перки (парни), (10) - пекторални перки (парни)
Зголеми
Анатомија на Lampanyctodes hectoris
(1) - оперкулум (жабрена покривка), (2) - странична линија, (3) - грбна перка, (4) - дебела перка, (5) - опашна педункула, (6) - опашна перка, (7) - анална перка, (8) - фотофори, (9) - пелвични перки (парни), (10) - пекторални перки (парни)

Типичната риба е со форма на торпедо, со глава која содржи мозок и сетилни органи, труп со мускулен ѕид кој е опкружен со празнина во која се наоѓаат внатрешните органи, и мускулна постанална опашка.

Многу риби се движат низ водата со брановидни движења на нивните тела и ја контролираат насоката на движењето со помош на перките. Сите имаат кожа прекриена со лигава жлездеста секреција која го намалува триењето со водата, како и крлушки, кои заедно со мукозната секреција формираат речиси непропустлива за вода обвивка. Сите риби имаат страничен систем на сензорни органи за детекција на промени на притисокот во водата. Поседуваат и жабри за дишење лоцирани во канали кои водат од голтникот до надворешноста; неколку риби исто така имаат бели дробови како додатни структури за респирација. Освен во примитивните класи, во сите други жабрените канали се поддржани со скелетни структури наречени жабрени лаци. Рибите кои се хранат со планктон имаат мрежовидни структури на жабрите кои ги собираат малите организми. Рибите дишат со земање на вода во устата, која потоа се продолжува низ жабрите надвор; како што водата минува низ тенкоѕидните жабри, растворениот кислород дифундира низ жабрените капилари, а јаглерод диоксидот дифундира во надворешната средина. Циркулаторниот систем е од затворен тип, така што постои двокоморно срце. Крвта е црвена. Со неколку исклучоци, рибите се ладнокрвни (поикилотермни организми), односно тие неможат да ја регулираат нивната телесна температура, која е иста како таа на околината.

[уреди] Размножување

Постојат различни начини. Ајкулите се размножуваат со внатрешно оплодување и повеќето раѓаат живо младенче. Оние видови кои полагаат јајца произведуваат големи јајца со цврсти оклопи. Бидејќи ембриогенезата кај овие видови е добро заштитена, тие даваат релативно мал број на млади, обично само седум до осум. Неколку од коскените риби, вклучувајќи и некои аквариумски видови, несат мали, незаштитени јајца кои се оплодуваат по нивното изнесување во водата. Кај повеќето морски претставници јајцата лебдат слободно во водата и најчесто се јадат од други животни. Токму поради тоа, потребна е доста голема количина на снесени јајца. Некои женки произведуваат до 5 милиони јајца. Одредени слатководни видови градат гнезда за заштита на јајцата, а има и случаи кога и возрасните единки ги чуваат истите.

[уреди] Типови на риби

[уреди] Безвилични риби

Миксина, безвилична риба.
Миксина, безвилична риба.

Примитивните риби од класата Agnatha немаат вилици и парни пелвични и пекторални перки кои се присутни кај поразвиените риби. Оваа, во голема мерка истребена класа, вклучува две живи групи, крвоцицачките змиулки и чистачките миксини. Рибите од истребената класа Placodermi биле првите вертебрати кои развиле вилици и парни перки. Овие риби имале коскести скелети и биле прекриени со коскест штит. Една гранка од оваа група веројатно била прекурсор за две главни сегашни класи на риби, ‘рскавичните и коскените риби.

[уреди] ‘Рскавични риби

Ајкула Rhincodon typus, ‘рскавична риба.
Зголеми
Ајкула Rhincodon typus, ‘рскавична риба.

‘Рскавичните риби (ајкули, раи, химери) се разликуваат од коскените по нивните ‘рскавични скелети, потоа со отсуството на пливачки меур или бели дробови, по конструкцијата на нивните опашни перки, како и по отсуството на жабрена покривка или оперкулум. Кожата кај припадниците на оваа група е покриена со вкоренети забовидни структури наречени дентикули, давајќи и груб, шмирглест квалитет. Речиси сите ајкули се морски жители.

[уреди] Коскени риби

Lepisosteus oculatus, коскена риба.
Зголеми
Lepisosteus oculatus, коскена риба.

Коскените риби се разликуваат од другите живи риби по нивните коскени скелети и по присуството на пливачки меур или, кај неколку риби, бели дробови. Коскените риби се поделени на две поткласи, месестопернати риби и зракопернати риби. Втората група вклучува преку 95% од сите живи риби.

Најраните коскени риби биле со месести перки. Од нив, за време на период во кој владеела голема суша, еволуирале од една страна водоземците (првите копнени вертебрати) и зракопернатите риби од друга. Единствените живи месестопернати риби се дводишалките и еден вид на целокант. Овие риби задржале некои особини од раните коскени риби: месести перки со поддржувачки коски, внатрешни ноздри и бели дробови.

Зракопернатите риби, сега предоминантни и во морските и во слатководните басени, претставуваат напредна адаптација на коскени риби за водни услови; тие се најуспешни и најраспространети од сите риби. Кај приближно сите овие риби, белиот дроб еволуирал во хидростатски орган, пливачкиот меур. Перките на оваа група се состојат од мрежа на кожа поддржана од исправени краци. Секој крак е придвижен од сет на мускули, давајќи и на перката голема флексибилност. Многу зракоперки имаат преклопени крлушки направени од тенки слоеви на коска. Нивниот скелет е мек, но силен и повеќето претставници имаат одличен вид.

Our "Network":

Project Gutenberg
https://gutenberg.classicistranieri.com

Encyclopaedia Britannica 1911
https://encyclopaediabritannica.classicistranieri.com

Librivox Audiobooks
https://librivox.classicistranieri.com

Linux Distributions
https://old.classicistranieri.com

Magnatune (MP3 Music)
https://magnatune.classicistranieri.com

Static Wikipedia (June 2008)
https://wikipedia.classicistranieri.com

Static Wikipedia (March 2008)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com/mar2008/

Static Wikipedia (2007)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com

Static Wikipedia (2006)
https://wikipedia2006.classicistranieri.com

Liber Liber
https://liberliber.classicistranieri.com

ZIM Files for Kiwix
https://zim.classicistranieri.com


Other Websites:

Bach - Goldberg Variations
https://www.goldbergvariations.org

Lazarillo de Tormes
https://www.lazarillodetormes.org

Madame Bovary
https://www.madamebovary.org

Il Fu Mattia Pascal
https://www.mattiapascal.it

The Voice in the Desert
https://www.thevoiceinthedesert.org

Confessione d'un amore fascista
https://www.amorefascista.it

Malinverno
https://www.malinverno.org

Debito formativo
https://www.debitoformativo.it

Adina Spire
https://www.adinaspire.com