Бог
Од Википедија, слободна енциклопедија
Бог е еден од термините со кои се опишува совршено, надчовечко битие, за коешто голем дел од луѓето веруваат дека е создател на универзумот. Некои религии кога говорат за бог, него го опишуваат припишувајќи му и некои антропоморфни особини, додека други пак сметаат дека е невозможно и навредливо да се замислува бог претставен во физичка форма. Некои сметаат дека бог е олицетворение на целокупното добро, додека пак други сметаат дека бог е нешто повеќе од обичните сфаќања за моралноста кои ги има човекот. Кај многу политеистички верувања постојат и полови разлики меѓу боговите, па така имаме и женски богови, т.е. божици. Скоро во сите сфаќања човекот е претставен како понизен, потчинет и зависен од богот.
Во некои митологии Боговите се претставени покрај како антропоморфни, туку и како зооморфни (во вид на животно) или пак аморфни (без материјална форма). Претставата за изгледот на боговите е показател за развојот и видот на соодветната религија. Така, на пример, за религиите поврзани со тотеизмот, покарактеристични се зооморфните богови, а за анимистичките религии, боговите се антропоморфни.
Верувањето во еден Бог се нарекува монотеизам. Монотеистички религии се христијанството и исламот. Христијаните го нарекуваат бог, едноставно Бог или Господ, а муслиманите Алах. И едните и другите веруваат дека Бог, т.е. Алах е создател на светот и човекот. Верувањето во повеќе богови - политеизам. Во политеизмот сите богови и божици имаат свои, посебни важни функции. Постои и примотеизам. Примотеизмот всушност е политеистичка религија, со тоа што се зема еден бог како врховен и особено важен за светот и за човечките битија, а останативе богови се сметаат како помалку битни и потчинети на врховниот бог.