Ebooks, Audobooks and Classical Music from Liber Liber
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z





Web - Amazon

We provide Linux to the World


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Создавање на македонската нација (19 век) - Википедија

Создавање на македонската нација (19 век)

Од Википедија, слободна енциклопедија

Серијал:

Историја на македонскиот народ

Праисториска Македонија
Античка Македонија
Римска Македонија
Средновековна Македонија
Македонија во Отоманската империја
Создавање на македонската нација (19 век)
Народно-ослободителна борба
Социјалистичка Република Македонија
Република Македонија
Теми
Македонски јазик Македонска книжевност
Македонска култура Македонци

Содржина

[уреди] Геополитичка ситуација на Македонија

Македонија преку чија територија поминуваа патиштата што водат од Централна Европа кон Блискиот Исток всушност претставуваше не само сообраќаен јазел, туку и стратешки. Долината на Вардар ја немаше само таа предност што од север преку Моравската долина водеше до големиот Солунски залив од каде преку Егејското море се завлегуваше на исток кон долината на Струма и на запад преку Албанија на Јадранско Море. Од тука за Македонија не се бореа само младите балкански државички кои сакаа со Македонија да ги зголемат својата територија и бројноста на населението, но и големите - Австрија, Русија, Англија и Турција - сакаа да имаат клучна ролја на Балканот.

Безбројните извори (книги, статии, студии, дипломатска преписка..) јасно сведочат колку не само балканските, туку и европските влади и посветувале внимание на Македонија. Во европската историја тешко е да се најдат слични примери толку да се пишувало и расправало за националниот карактер на еден народ, каков што беше случајот со Македонците.

Оваа преокупација околу националниот карактер на Македонците произлегуваше од определени политичко-стратешки интереси, не само на балканските националистички кругови, туку и на големите европски сили, во прв ред на Австрија и на Русија, кои во трката за завладување на Балканот, настојуваа да ја вклучат и Македонија во својата интересна сфера, поради нејзината извонредна географско-стратешка положба.

[уреди] Принцип на народноста и самоопределувањето на Македонците

Бидејќи Македонците главно претставуваа импозантно мнозинство од населението, од што и можело да зависи кому ќе му припадне Македонија, тоа, заинтересираните страни ги ангажираа сите свои сили, вклучувајќи ја тука и науката за да ги прикажат било како Бугари, Грци или Срби, за да го имаат на своја страна при решавањето на македонското прашање според принципот на народноста.

Бугарските, грчките, српските, романските и мнозина европски писатели даваа контроверзни сведенија за Македонија и нејзиното население. Поради тоа, подоцна и многумина се прашуваа (таков е случајот со Рене Пинон и Едмонд Буше), дали е воопшто можно, во овој галиматијас на докази, да се дојде до една вистина за Македонија и Македонците и самиот термин Македонија стана во Западна Европа синоним на кулинарски вештини, на карташки игри, па дури и еден вид литерарен правец во Франција беше наречен со тоа име.

Контроверзните “докази" за Македонија, со што беше преокупирана европската јавност, им дадоа поттик на некои духовити француски умови да го искористат терминот “Масedoinе" во сосема практични цели. Со ова име тие не ја нарекоа само салатата составена од разновиден зеленчук или компот составен од разновидно зашеќерено овошје, туку и една игра со мешани карти. Дури, со ова име го нарекоа и еден вид литературни приредби што се одвиваа во цитирање на поезија и проза.
Lа rоuѕѕе Du XX siиcle, Pаriѕ, 1930, IV. 573

[уреди] Балканските пропаганди во Македонија

Дискусиите околу националноста на Македонските Словени, во европскиот свет започнаа со прашањето: Дали се ова Грци или Бугари, а не дали тие претставуваат нешто трето и посебно? Тезата која малку подоцна се оформи од српските националисти дека Македонците се Срби, уште не се поставуваше, бидејќи самата српска влада, си до смртта на кнезот Михајло 1868 година пред себе имаше други цели и разбирања.

Меѓутоа и ваквото поставување на прашањето произлегуваше не од фактот дека тие навистина се Грци или Бугари, туку од замрсеноста на проблематиката што произлегуваше од една страна, од етничкиот состав на населението, а од друга, од турскиот начин на поделба на населението не врз етничкиот принцип, туку врз црковната припадност. Бидејќи Македонците беа под Цариградската патријаршија и како такви припадници на “грчката" вера, а по својот етнос Словени, тоа грчките и бугарските националисти сакаа да ги искористат секој за своите интереси. На едните им пречеше словенскиот етнос, на другите црквената припадност.

Грчките националисти кои сонуваа за Велика Елада, во ова време почнаа да тврдат пред Европа дека Македонците се пословенчени Грци, па според тоа и припаѓаат на грчката народност и држава. Бугарските пак лидери, поттикнувани од руските словенофили[се бара извор] и од фактот дека Македонцските интелектуалци се декларираа како Бугари[се бара извор], тврдеа обратно, дека тие како Словени не можат да бидат Грци, туку се Бугари. Меѓутоа, додека едните “докажуваа" дека македонските Словени се Грци[се бара извор], а другите дека се Бугари, од самата македонска средина почнаа да се појавуваат луѓе кои на прашањето што се: Бугари или Грци одговараа дека тие не се ни Грци ни Бугари, туку Македонци, потомци на старите Македонци претставувајќи ги последните за Словени.

Види уште Бугаризација

[уреди] Македонскиот идентитет во 19 век

[уреди] Извори за Македонскиот идентитет

[уреди] Напади врз Македонската национална самобитност

Тогаш, бугарските пропагатори удрија со голема жестина по ваквите македонски настапувања[се бара извор]. Во овие настапи тие имаа силна подршка од грчките националисти[се бара извор]. Изјавите на Македонците за физиолошката врска со древните Македонци(Види Македонски извори за Македонскиот идентитет), беа слабата точка, по која тие удираа. "Како тоа денешните Македонци од словенско потекло да се викаат Македонци и своето потекло да го извлекуваат од древните Македонци, кога во времето на Филипа и Александар Македонски ниту во Македонија, ниту на Балканот имало Словени, кои на овие простории се населиле дури на крајот на 6 и во почетокот на 7 век?" Бугарските националисти се обидоа пред светот да докажат дека тука се работи за гркофилски настроени луѓе, кои од свои посебни интереси се декларираат со “грчкото" име Македонци. Во овие македонски истапувања Петко Рачев Славејков виде знаци на освестување на македонскиот народ[се бара извор] , и намерно го нарече за куцовлашко чувство кое божем му е својствено само на Влавот или Гркот, а никако на Словенот, само да ја прикријат посебноста на македонскиот народ.

Во почетокот, на тоа дека Македонците истакнуваа, дека не се ни Грци, ни Бугари, ни Власи туку Македонци, на почетокот многу слабо се обрнуваше внимание. Во Европа грчкото и бугарското кралско т.е. царско влијание беа многу посилни отколку македонското народно. Наспроти нив се јавуваа луѓе што се декларираа за Бугари или пак славофони Грци. Овие луѓе беа убедувани и плаќани од бугарските и грчките агитатори[се бара извор] и агенти или како деца воспитувани во бугарските (егзархиски)[се бара извор] и грчките (патријаршиски)[се бара извор]училишта и цркви, дека тие се Бугари т.е. Грци. Дел од рускиот, српскиот и другиот славјански печат ги мислеше овие бугаризирани Македонци за вистинските водачи[се бара извор] на македонскиот народ.

Така и Европа, на изјавите на македонските патриоти дека се Македонци, веруваше, како што изнесуваа бугарскиот царски двор и бугарските националисти, дека тие низ долгодишното грчко духовно ропство ја заборавиле својата бугарска народност[се бара извор] , па го прифатиле[се бара извор] македонското географско име, кое за тогашниот европски свет беше синоним на грчкото[се бара извор] , особено што во жолчната дискусија околу народниот карактер на Македонците грчките националисти го земаа токму тоа именување на самите Македонци како најсилен “доказ" дека тие се “Грци".

[уреди] Македонска национална преродба

Патот по кој мина македонскиот народ од своето будење па до полната национална афирмација беше толку сложен, што е многу тешко да се спореди со националното будење на кој и да е народ на Балканот. Од пробивот на капитализмот на почвата на Македонија, па до формирањето на македонската нација, македонскиот народ минуваше низ повеќе фази на преобразување што траеја половина век.

Една од најтрагичните околности во кои започна македонската национална преродба беше таа што токму во моментот кога почна да ги дава своите први знаци на посебен живот, во Македонија веќе беа присутни три соседни туѓи пропаганди. Тие веќе имаа постигнато своја независност и градеа стратегии[се бара извор] за ширење на своите држави на сметка на Македонија, додека Македонија т.е. Македонците сеуште се наоѓаа под османлиско турско ропство. Како поволна околност може да се смета дека Македонците за разлика од Србите, Грците и Бугарите не ја започнаа својата национална афирмација само со своето посебно изразито национално македонско име, туку за да се дистанцираат од Грците, тие во првиот момент истапија со општото име на народноста - Словени[се бара извор] , како некој вид презиме.

[уреди] Линкови

Our "Network":

Project Gutenberg
https://gutenberg.classicistranieri.com

Encyclopaedia Britannica 1911
https://encyclopaediabritannica.classicistranieri.com

Librivox Audiobooks
https://librivox.classicistranieri.com

Linux Distributions
https://old.classicistranieri.com

Magnatune (MP3 Music)
https://magnatune.classicistranieri.com

Static Wikipedia (June 2008)
https://wikipedia.classicistranieri.com

Static Wikipedia (March 2008)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com/mar2008/

Static Wikipedia (2007)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com

Static Wikipedia (2006)
https://wikipedia2006.classicistranieri.com

Liber Liber
https://liberliber.classicistranieri.com

ZIM Files for Kiwix
https://zim.classicistranieri.com


Other Websites:

Bach - Goldberg Variations
https://www.goldbergvariations.org

Lazarillo de Tormes
https://www.lazarillodetormes.org

Madame Bovary
https://www.madamebovary.org

Il Fu Mattia Pascal
https://www.mattiapascal.it

The Voice in the Desert
https://www.thevoiceinthedesert.org

Confessione d'un amore fascista
https://www.amorefascista.it

Malinverno
https://www.malinverno.org

Debito formativo
https://www.debitoformativo.it

Adina Spire
https://www.adinaspire.com