Благоевград
Од Википедија, слободна енциклопедија
Благоевград е град во Бугарија и претставува административен центар на Благоевградска област (Пиринска Македонија). До 1950 година, Благоевград го носи името Горна Џумаја, а името Благоевград го добива по бугарскиот социјалист и демократ Димитар Благоев - Дедото, кој е еден од основачите на социјалистичкото движење и партија во Бугарија. Благоевград се наоѓа во долината на реката Струма, во северниот дел на Пиринска Македонија. Преку градот тече реката Бистрица (Благоевградска Бистрица).
Античкото име на градот е Скаптопара. Според статистиката на Васил К'нчов кон краjот на ХІХ век, Горна Џумаја има 6 440 жители. Во 2005 година Благоевград има 77 543 жители, најголемиот број од нив се декларират како Бугари (96%). Во градот и неговата околина живее и македонско население, а процентот на Македонците во Благоевград и околината во првите пописи по втората светска војна во Бугарија се движел помеѓу 40% и 45%.
[уреди] Култура
Во Благоевград се наоѓаат два универзитета - Jугозападниот и Американскиот. Во времето на владеењето на Георги Димитров, во Благоевград работеле македонска книжарница, македонски културен центар и театар на македонски јазик.
[уреди] Надворешни врски
Ова е недовршена статија за географија. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |