2001
Од Википедија, слободна енциклопедија
< 20 век | 21 век | 22 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 2010 |
... |
2001 година, според грегоријанскиот календар е првата година од 21 век и од 3 милениум. Сепак, популарната култура често ја зема 2000 година како прва од новиот милениум.
[уреди] Настани
- 1 јануари - Црн монолит висок приближно 2,7 метри се појавува над Магнусон Парк, Сиетл, поставен од страна на анонимен уметник како референца на книгата/филмот Одисеја 2001.
- 6 јануари - Конгресот на САД ја потврдува победата на Џорџ В. Буш на претседателските избори од 2000.
- 15 јануари - Википедија е пуштена во употреба.
- 22 јануари - Еден македонски полицаец е убиен, а тројца ранети во нападот на полициската станица во Теарце, во близина на Тетово.
- 12 февруари - Први вооружени пресметки меѓу македонските сили за безбедност и припадниците на ОНА, што се смета како датум на почеток на воената криза во Македонија.
- 4 март - Тројца македонски војници се убиени во близина на северната граница.
- 22 март - Претседателот Борис Трајковски најавува жестока акција против припадниците на ОНА. Македонските безбедносни сили започнуваат офанзива во регионот на Тетово.
- 23 март - Руската вселенска станица Мир влегува во атмосферата во близина на Нади, Фиџи, и паѓа во Тихи Океан.
- 28 април - Масакрот кај Вејце, кога беа убиени осуммина македонски војници и полицајци, а шестмина беа повредени.
- 13 мај - Формирана е Владата на широката коалиција, во која учествуваат најзначајните политички субјекти: ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ПДП. Премиер е Љубчо Георгиевски.
- 8 јуни - Припадниците на ОНА воспоставуваат контрола врз скопското село Арачиново.
- 12 јуни - Генерал потполковник Јован Андревски, Началник на Генералштабот на АРМ, поднесе неотповиклива оставка, како морален чин, сочувствувајќи со огромната загуба на млади животи во Армијата.
- 24 јуни - Припадниците на ОНА се повлекуваат од Арачиново под заштита на силите на НАТО.
- 7 август - Македонските безбедносни сили, во вооружена пресметка, ликвидираат петмина осомничени албански терористи во Скопје.
- 8 август - Десет припадници на безбедносните сили на Република Македонија се убиени, а тројца се повредени во нападот што албанските терористи го извршија врз воениот конвој кај местото Карпалак на патот Скопје - Тетово.
- 13 август - Потпишан е Охридскиот рамковен договор, со што е ставен крај на воената криза во Република Македонија.
- 11 септември - Серија терористички напади во Њујорк, Вашингтон, Вирџинија и Пенсилванија од страна на терористичката организација Ал-Каеда.
- 10 ноември - Кина е примена во СТО по 15-годишни преговори.
- 15 ноември - Прогласени се Амандманите на Уставот на Република Македонија, во согласност со Охридскиот рамковен деговор.
- 16 ноември - Македонскиот претседател Борис Трајковски го потпиша писмото со кое формално се потврдува амнестијата за поранешните членови на т.н. ОНА кои доброволно го предале оружјето.
- 20 ноември - Во Тетово е официјално отворен Универзитетот на Југоисточна Европа.
- 21 ноември - СДСМ и ЛДП ја напуштија широката владина коалиција, предводена од Љубчо Георгиевски.
- 21 ноември - Хашкиот трибунал официјално отвори две истраги за воени злосторства сторени за време на вооружениот конфликт во Македонија.
- 30 ноември - Собранието на Република Македонија, со мнозинство гласови, го прифати седмиот по ред владин состав на Премиерот Љубчо Георгиевски.
- 12 декември - Демократска алтернатива, партија чиј лидер беше Васил Тупурковски, стана вон-парламентарна партија, откако сите пет пратеници на пратеничката група ја напуштија партијата и решија да настапуваат како независни пратеници.
- 13 декември - Македонскиот амбасадор во САД, Никола Димитров, му ги предаде во Вашингтон акредитивните писма на американскиот претседател, Џорџ Буш.
[уреди] Родени
[уреди] Починале
- 12 март - Роберт Ладлам, автор на шпионски романи (роден 1927)
- 11 мај - Даглас Адамс, автор (срцев удар) (роден 1952)
- 21 јули - Крсте Црвенковски, македонски политичар
- 29 ноември - Џорџ Харисон, поранешен гитарист на The Beatles
Видете исто: