Ebooks, Audobooks and Classical Music from Liber Liber
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z





Web - Amazon

We provide Linux to the World


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Гемиџиите - Википедија

Гемиџиите

Од Википедија, слободна енциклопедија

Статија за уредување
ВНИМАНИЕ
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.

Гемиџиите се повеќемина младинци на возраст од 18 до 22 години: Јордан Попјорданов - Орцето, раководител на Кружокот, Димитар Мечев - Мечето, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов, Георги Богданов, Милан Арсов, Костадин Кирков, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Попјорданов, Алексо Минов, сите од Велес, како и Павел Шатев од Кратово, Марко Бошнаков од Охрид, Начо Стојанов, Гоце Чанев, Унгарката Ана Шапец и други. Повеќето од гемиџиите биле интелектуалци, коишто доброволно се здружиле меѓу себе, формирајќи го Кружокот. Кон крајот на 19 век, во Македонија се појавил Гемиџискиот кружок, под влијание на анархистичките идеи на руските и ерменските анархисти.

Гемиџиите се стремеле да ја заинтересираат европската јавност за моменталната состојба во Македонија и преку индивидуални акции да ги предизвикаат големите сили да интервенираат во прилог на ослободувањето на нивната татковина од турското владеење.

[уреди] Програмата на гемиџиите

Целта на гемиџиите била иста со таа на Револуционерната организација. Но, додека Организацијата сметала дека ослободувањето на Македонија и Одринска Тракиjа може да се оствари само преку добро подготвено востание, гемиџиите на масовната борба ѝ ги спротивставиле индивидуалните револуционерни акции.

Никој, освен нив десетина, не знаел што точно подготвуваат и како ќе ја изведат својата акција.

Гемиџиите биле верни до фанатизам еден кон друг и не чувствувале потреба за водење документација. Тие не објавиле ниту еден весник, проглас или нешто слично преку кои на јавноста би им ја соопштиле својата програма и средствата на нивната борба. Податоците за нив ги оставиле двајца од останатите живи гемиџии - Павел Шатев и Тодор Органџиев.

Велешката група дефинитивно се конституирала во Кружок со името "Гемиџии" во 1899 година. Постојат повеќе верзии за тоа како Кружокот го добил името "Гемиџии"[се бара извор]. Една од нив е дека гемиџиите го добиле ова име затоа што сакале на симболичен начин да кажат дека тие биле луѓе што веќе се простиле од животот и го пуштиле својот чун (гемија) во бурното море со што или ќе успеат да го извадат на брегот или ќе го разбијат од карпите, односно нема да успеат.

[уреди] Подготовки и перипетии

Подготовки се вршеле речиси три години[се бара извор]. Совпаѓање било што гемиџиите биле готови за акција токму тогаш кога во Македонија се очекувало да почне востанието. Солунскиот конгрес решил во претстојната пролет во Македонија да се дигне општо востание[се бара извор]. Гемиџиите, наводно, се согласиле[се бара извор] атентатите да ги одложат за по востанието, но не се откажувале од својата акција.

Гоце Делчев ги сметал акциите на гемиџиите како придонес во општите напори да се постигне големата цел[се бара извор].

Гемиџиите, останувајќи без доволно средства, побарале помош од Делчев[се бара извор]. Гоце ги известил дека од Задграничното претставништво на ТМОРО ќе добијат поголема сума пари, но барал од нив да не брзаат со своите атентати. По барање на Гоце, ТМОРО на гемиџиите им дала 250 лири (добиени од "откупот" за Мис Стон[се бара извор]) за нивните потреби, но овие пред Задграничното претставништво ја примиле обврската за осум месеци да не преземаат никаква акција[се бара извор], зашто Организацијата очекувала преку Солун голема количина пушки од Грција.

Динамитот добиен преку Кочани и Велес во Солун пристигнал во февруари 1903 година. Во тој период повеќето од гемиџиите се наоѓале во Солун. Со правење на бомбите биле завршени сите материјални подготовки за атентатите. Но, гемиџиите не сакале да ги започнат акциите без претходно за тоа да ја предупредат Организацијата. Димитар Мечев остварил средба со Даме Груев кој само што бил пуштен од заточение, на која се обидел да го убеди во праведноста на атентатите[се бара извор]. Груев побарал од Мечев атентатите да се одложат за по востанието и да дојдат како последен удар врз Европа[се бара извор]. И Гоце Делчев бил категоричен против[се бара извор] тоа гемиџиите да дејствуваат на своја глава, односно самостојно.

Гемиџиите решиле атентатите да започнат на 15 април, односно на 28 април по новиот стил, во 1903 година. Планот[се бара извор] составен на последното советување одржано надвор од градот бил следен: да се потопи францускиот брод; да се минира пругата во близина на солунската станица; да се запали резервоарот за газија од којшто се осветлувал градот; да се дигне во воздух Отоманската банка; да биде запален Бошнак-ан и да почнат улични борби со бомби и револвери. Прекинувањето на осветлението и фрлањето на градот во темница требало да биде знак за почетокот на акцијата. Секој точно знаел каква била неговата задача во определеното време за акција. Условот бил апсолутна волја за смрт за започнатото дело да се смета за успешно.

Шатев се зафатил со најризичната работа - уништување на бродот Гвадалкивир. Оваа акција излегла двојно успешно, бидејќи бродот бил запален, но и патниците сите до еден спасени.

Во средбата на 16/29 април 1903 година, започнале главните динамитни акции во Солун. Парабродот бил запален претходниот ден околу 11 часот претпладне.

Во средата во договореното време, сите гемиџии биле на определеното место. Акцијата започнала во 20,30 часот со оштетувањето на гасоводните и водоводните цевки под еден мал мост во близина на морето. За миг целиот град потонал во мрак и останал без вода. Тоа било знак за почеток на акцијата. Банката била запалена, но и во неа немало жртви, бидејќи бил предупреден директорот и неговото семејство. Диверзија е извршена и врз австриската пошта, Бошнак-ан, телеграфската станица во Солун, плоштадот[се бара извор].

Планот на гемиџиите главно бил успешно извршен. Сите дипломатски претставници во Солун ги известувале своите влади за солунските настани. Билансот на атентатите бил следен: директно од динамитот на гемиџиите настрадале "Гвадалкивир", Отоманската банка, кафеаните "Ал хамбра" и "Ноњо" и "Бошнак-ан". Бил урнат Германскиот клуб, кафеаната "Египет", како и некои куќи.

Од гемиџиите загинале: Јордан Попјорданов - Орце, Коста Кирков, Димитар Мечев, Владимир Пингов, Илија Трчков и Цветко Трајков. Останале живи: Павел Шатев, Георги Богданов, Милан Арсов и Марко Бошнаков.

Додека траеле атентатите, македонското население во Солун де факто било оставено надвор од законот. Тоа важело за сите Македонци и Одринци (Бугари од Одринска Тракијa) без разлика дали припаѓале кон Бугарската Егзархија или Цариградската Патријаршија. Сепак, егзархистите се нашле во исклучително тешка ситуација. Сметајќи ги за револуционерен и "опасен" елемент, властите решиле да го исползуваат поводот што го давале атентатите за да се пресметаат со македонското население во Солун и што поголем дел од него да го истераат или да го принудат да го напушти градот. И покрај ветувањата на валијата кон европските претставници, масакрите во Солун и Македонија не можеле да се спречат.

Акциите на гемиџиите ги стопија илузиите дека преку индивидуални акции ќе се постигне успех во ослободителната борба.

[уреди] Надворешни врски

Our "Network":

Project Gutenberg
https://gutenberg.classicistranieri.com

Encyclopaedia Britannica 1911
https://encyclopaediabritannica.classicistranieri.com

Librivox Audiobooks
https://librivox.classicistranieri.com

Linux Distributions
https://old.classicistranieri.com

Magnatune (MP3 Music)
https://magnatune.classicistranieri.com

Static Wikipedia (June 2008)
https://wikipedia.classicistranieri.com

Static Wikipedia (March 2008)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com/mar2008/

Static Wikipedia (2007)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com

Static Wikipedia (2006)
https://wikipedia2006.classicistranieri.com

Liber Liber
https://liberliber.classicistranieri.com

ZIM Files for Kiwix
https://zim.classicistranieri.com


Other Websites:

Bach - Goldberg Variations
https://www.goldbergvariations.org

Lazarillo de Tormes
https://www.lazarillodetormes.org

Madame Bovary
https://www.madamebovary.org

Il Fu Mattia Pascal
https://www.mattiapascal.it

The Voice in the Desert
https://www.thevoiceinthedesert.org

Confessione d'un amore fascista
https://www.amorefascista.it

Malinverno
https://www.malinverno.org

Debito formativo
https://www.debitoformativo.it

Adina Spire
https://www.adinaspire.com