Цариградска Патријаршија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Цариградската Патријаршија (или Вселенска Патријаршија) е афтокефална православна црква со местоположба во Цариград.
Создадена е откако е расцепена Римската Империја (395 г.) на чело со епископ, а од 451 од патријарх. Во 596 г. патријархот се прогласува за Вселенски патријарх.
После паѓањето на Цариград под османска власт (1453 г.) на цариградскиот патријарх му е дадено правото да биде духовен водич на сите источни (словенски) христијани во пределите на империјата.
Во првите векови на османското владеење, Цариградската Патријаршија игра улога на потпомагач на црковното и училишното дело во Османската Империја и противдејствува на некои од обидите на исламот за потурчување на одделни региони на Балканот.
Од 18 век и почетокот на 19 век таа започнува да се представува како грчка, со што се стреми кон грцизирање на негрчкото христијанско население во империјата.
Цариградската Патриаршија ја представува црковна и училишна дејност во Македонија и Одринско, кои после Берлинскиот договор од 1878 г. одново се под османската власт. Таа ги поткрепува и грчките и српските области, но не ја признава автокефалноста на бугарската црква.