The Beatles
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
The Beatles се највлијателната и најуспешната поп музичка група од рок ерата. Малку музичари од било кој правец, во било која ера, ја постигнале Битлс комбинацијата на популарен успех, признание од критичарите и широко културно влијание.
Битлс биле составени од Џон Ленон (ритам гитара/клавијатура), Пол МакКартни (бас/пијано/гитари), Џорџ Харисон (главна гитара/ситара) и Ринго Стар (тапани), сите од Мерзисајд во Ливерпул, Англија, Велика Британија. Ленон и МакКартни биле главните потписници на песните. Речиси сите снимки на Битлс биле продуцирани од страна на Џорџ Мартин.
The Beatles создале сензација доцна во 1963 во Велика Британија (феноменот е познат како „Битлманија“), забележана со толпи девојки што врескаат и паѓаат во несвест по својата омилена група. Битлманијата ја погодила Северна Америка во рана 1964, по што популарноста на групата се проширила и во остатокот на светот. Во период од 5 години, нивната музика се развила од приметливата едноставност на нивните рани хитови (како „She Loves You“ и „I Want to Hold Your Hand“) до уметнички амбициозни свити песни (како албумите Revolver, Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band и Abbey Road). Пишувајќи ги своите песните, истражувајќи ги можностите на студиото и тежнеејќи по невиден квалитет во секоја издадена снимка,, the Beatles оставиле далекусежна трага на популарната музика. Групата исто така направила и долгометражни филмови изложени на внимание без преседан, како и серија акти преку која станала симболичен водач на меѓународната млада противкултура на 1960-те (меѓу другото, јавно истражување на источниот мистицизам, психоделични дроги и револуционерна политика). Групата се распаднала во 1970.