Ebooks, Audobooks and Classical Music from Liber Liber
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z





Web - Amazon

We provide Linux to the World


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Ѕвездени патеки - Википедија

Ѕвездени патеки

Од Википедија, слободна енциклопедија

Статија за уредување
ВНИМАНИЕ
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.

Ѕвездени патеки (англиски Star Trek) е групно име за шест научно-фантастични серии, 726 епизоди и десет дополнителни филмови, како и илјадници новели, компјутерски и видео игри, поставени од Џин Роденбери во 1960-тите.

Содржина

[уреди] Серијали на Ѕвездени патеки

[уреди] Ѕвездени патеки: почетен серијал

Првиот серијал „Ѕвездени патеки“, создадена од Џин Роденбери, започнува со пилот-епизодата „The Cage“ во далечната 1964 година. „The Cage“ ги следи патувањата на вселенскиот брод „Ентерпрајс“ на чело со капетанот Кристофер Пајк (Џефри Хантер). Оваа епизода била одбиена од Ен-би-си и не е прикажана, но се наоѓа на интернет. Две годни подоцна, се прави обид за уште една пилот епизода „Каде што никој не бил досега“ (“Where No Man Has Gone Before“), овој пат успешна. Екипажот на „Ентерпрајс“ е сосема сменет, капетан е Џејмс Т. Кирк (Вилијам Шетнер). Од екипажот кој што се појавува во „The Cage“, останува само вулканецот Спок (Леонард Нимој).

Конечно „Ентерпрајс“ тргнува на својата 5 годишна мисија, каде што никој не бил досега. За жал, серијата доживеа само 3 сезони (1966-1969), но подоцна се снимени и неколку филмови со екипажот од Star Trek: TOS. Оваа серија е една од највлијателните СФ серии било кога направни, собирајќи милиони фанови низ светот и градејќи го феноменот наречен „Ѕвездени патеки“.

Добитник на неколку награди, многу номинации за најдобра серија, најдобри актери, специјални ефекти... Прикажувана во многу земји, на многу телевизии и нормално DVD изданија. Една не-емитувана епизода, 79 епизоди со траење од по еден час, 1 дводелна епизода и 6 долгометражни филмови, дури и анимирана серија базирана на оригналната серија каде што гласовите ги позајмуваат актерите од серијата. Серијата успеа да издржи 3 години, со писмата и поддршката на фановите, иако NBC неколку пати се обиделе да ја прекинат. Конечно, тоа им успева после третата, по многумина најдобра, сезона.

Актерската екипа, омилена на многу фанови во светот е следнава:

  • Вилијам Шетнер како капетанот Џејмс Т. Кирк
  • Леонард Нимој како Спок
  • Дефорест Кели како Д-р Леонард Мекој
  • Џејмс Духан како Монтгомери Скот - Скоти
  • Валтер Кенинг како Павел Чеков
  • Џорџ Такеи како Хикару Сулу
  • Нишел Николс како Ухура


[уреди] Судбината на Star Trek: Phase II

Во 1978 година, девет години откако е емитувана последната епизода од оргиналната серија, Paramount планирала да ја продолжи мисијата на „Ентерпрајс“ и капетанот Kirk. Серијата била именувана Star Trek: Phase II. Биле напишани 12 сценарија за новите 12 епизоди кои требало да ја сочинуваат првата сезона на Phase II.

Целата актерска екипа од Star Trek: TOS со задоволство ја прифатила понудата, освен Leonard Nimoy актерот кој го глумеше ликот на Mr.Spock. Но, тој проблем бил решен со додавање на нови актери, односно нови членови на посадата на „Ентерпрајс“.

Кога веќе се било спремно за снимање, продуцентите одлучуваат да ја укинат серијата и да снимат долгометражен филм со истите ликови. Сценариото за првата епизода од Phase II, “In Thy Image” е адаптирано за првиот долгометражен филм, Star Trek: The Motion Picture. За филмот се враќа и Leonard Nimoy, во улога на Spock. Карактерите кои исто така требало да се најдат во Phase II, се во филмот. Станува збор за Decker и Ilia, како и командантот Сонак.

Две сценарија наменети за Phase II ("The Child“ и „Devil's Due") се искористени во Star Trek: The Next Generation серијата од 1987 година.


[уреди] Star Trek: The Next Generation

"Space... The final frontier... These are the voyages of the Starship Enterprise. Its continuing mission: To explore strange new worlds... To seek out new life; new civilisations... To boldly go where no one has gone before!"

Во 1987 година следуваше продолжение на оргиналната Star Trek серија, исто така продуцирано од Gene Roddenberry. Дејствието во TNG е сместено неколку децении по авантурите на капетанот Џејмс Т. Кирк. Овде се работи за сосема нов екипаж, на чело со капетанот Жан Лук Пикард кој командува со „Ентерпрајс“ 1701-D.

Star Trek: TNG донесе многу нови нешта во Star Trek. Нови раси, нови технологии и се останато.. Благодарејќи на развојот на филмската технологија, ефектите, далеку подобро изведено од Star Trek: TOS. Тука за првпат се појавуваат и нови раси како Borg, Cardassian, Fererngi, а во екипажот на Enterprise 1710-D се најдоа и еден Клингонец, Lt. Worf, андроидот Data и бетазоидот Deanna Troi. Исто така TNG ја презентираше и вонземската супер-раса, Q, која ја обележа серијата.

Ова е можеби и најдобриот серијал од целата Star Trek сага, кој регрутираше многу нови фанови низ целиот свет. Овој серијал всушност мене инфицираше со Star Trek феноменот, уште пред многу години и до ден денес ми е најомилен од сите Star Trek серијали. TNG се состои од вкупно 7 сезони, прикажувани од 1987 до 1994 година. Исто така екипажот на „Ентерпрајс“ 1701-D беше дел и од новите долгометражни Star Trek филмови како Generations, First Contact, Insurrection и Nemesis, како и голем број на компјутерски игри. Авантурите на TNG завршија со филмот Star Trek: Nemesis од 2002 година и продуцентите не најавуваат нови филмови со Жан Лук Пикард и неговиот екипаж.


[уреди] Star Trek: Deep Space Nine

Третата Star Trek серија, со наслов Star Trek: Deep Space Nine почна со емитување во 1992 година, течејќи паралелно со TNG. Новоста во DS9 беше што ова беше првата Star Trek серија во која немаше Enterprise. Не само тоа, немаше вселенски брод. Имаше само една обична вселенска станица во близина на Bajor. Барем, беше обична на почетокот, се додека во првата епизода не пристигнува Benjamin Sisko како федерациски управник на станицата, заедно со Jadzia Dax ја откриваат црвјата дупка што води до Гама квадрантот, правејќи ја нивната станица една од поважните стратешки локации на федерациската територија.

DS9 го имаше најразновидниот "екипаж" од било која ST серија. Сите што ја изгледале серијата од почеток до крај ќе се согласат дека Sisko е најнеобичниот капетан досега (ако не и воопшто човек). Од сите во станицата најдобро го познаваат неговиот син Jake, и Jadzia, млада Trillка кога во себе го носи повеќе векови стариот Dax (поради што Sisko и се обраќа со "Old Man"). Шефот на обезбедување е припадник на (отпрвин) непозната раса која може да си ја менува формата. Има и Ференги, Quark, сопственик на барот во станицата. И ако му текнува на некој на епизодниот лик од TNG, Chief O'Brien? И тој е тука. Подоцна им се придружува и Worf. А и докторот Bashir си има свои тајни. И еден цел куп други споредни ликови кои се толку важни што дури и понекогаш имате чувство дека не е фер што ги нема меѓу главните ликови, на најавната шпица.

На нашиве простори, Deep Space Nine нема многу обожаватели. Тоа е најверојатно поради фактот што додека другите серии беа повеќе пати репрезирани на домашните телевизии, а Enterprise ја фати ерата на кабловската телевизија и ADSLот, од DS9 видовме само некои од првите епизоди, кои беа прилично досадни. Всушност, DS9 навистина почнува кога почнува и војната на Федерацијата со сојузот на раси од Гама квадрантот кој се нарекува Dominion. Секоја епизода почнува да има последици во следната, се е поврзано, има ликови колку во шпанска серија (за среќа нема нагло менување на сцени кај најважното), огромни вселенски борби... И се разбира, еден од најдобрите негативци во Star Trek: Weyoun.

Иако публиката тешко го прифаќа новиот формат и рејтинзите упорно паѓаат, критичарите, а сигурно и тие што имале трпение да ја следат серијата и да ги пополнуваат дупките од испуштените епизоди (една од последиците на имање цврст континуитет меѓу било кои епизоди е дека не може човек да почне да гледа од било која епизода по било кој редослед и да сфати што се случува), се согласуваат дека ова е одлична серија. Сепак, популарноста на DS9 секогаш била и ќе биде чекор зад другите Star Trek серии, што е штета, бидејќи е многу поквалитетна од Voyager. Но, Seven of Nine си е Seven of Nine...

[уреди] Star Trek: Voyager

Го памети ли некој вториот дел од епизодата "Descent" од The Next Generation, поточно тоа дека, во отсуство на повисоките офицери на Enterprise, Beverly Crusher доаѓа на капетанското место? Со овој чекор продуцентите сакале да видат како публиката би реагирала на жена-капетан, во подготовка за новата серија - Star Trek: Voyager.

Оваа серија го опишува враќањето дома на USS Voyager NCC-74656, под команда на Kathryn Janeway, кој во првата епизода останува заглавен во Делта квадрантот, на другиот крај од галаксијата. Почнувајќи со 75 години непознат пат пред нив, без никаков контакт со Федерацијата или пак било кој друг во Алфа квадрантот, приморани да го спојат екипажот со нивните довчерашни непријатели... Не ќе да е лесен пат.

Тоа по што Voyager се разликува од претходните ST серии, е составот на екипажот. Поранешен затвореник (Tom Paris), полу-Клингонка која ги нокаутира тие што не се согласуваат со неа (B'Elanna Torres), холографски лекар дизајниран само за краткотрајна употреба, малку понатаму во серијата и Борг (Seven Of Nine), и во краен случај психопатски убиец (Lon Suder)... Не се баш типот на луѓе што би очекувале да ги видите на некој Enterprise. Сепак, како што поминува времето повеќето од нив успеваат да ги надминат своите маани, и учат да соработуваат заедно за побрзо да стигнат дома. Доказ е тоа што во текот на нивното патување успеваат, како прво, да преживеат, потоа да воспостават контакт со огромен број нови раси, да го изведат првиот лет на брзина WARP 10, да почнат движење за правата на холограмите, да спречат граѓанска војна на Q (и да ги поттикнат да се размножуваат) да го склучат првиот (краткотраен) сојуз со Боргите, да помогнат во внатрешното движење за отпор кај нив, и да спречат инвазија врз Земјата од страна на раса каква што не си ни замислуваат дека може да постои во Алфа квадрантот.


Како и нејзиниот претходник, Deep Space Nine, дали поради презаситеност, дали поради сомнителниот квалитет на некои од епизодите, Voyager не успеа да ги достигне високите рејтинзи на TNG, па затоа беше повеќепати соочена со откажување. Со враќањето на Боргите во четвртата сезона, продуцентите решаваат да го раскинат договорот со Jennifer Lien (Kes), и да ја земат Jeri Ryan (Seven Of Nine), со што успеваат да направат Voyager да трае колку TNG и DS9.

Друга работа по која оваа серија е позната на фановите е честото појавување на бројот 47, што се должи на тоа што професорот по математика на еден од продуцентите докажал на шега дека сите броеви се еднакви на 47. Така, од почеток до крај на серијата тие што ќе се потрудат ќе ги забележат 47ците секаде каде што има потреба од некој случаен број (само не претерувајте, бидејќи ако сте како мене ќе почнат да ви се гледаат и 47ки во вистинскиот живот).

За крај ќе ве оставам со препорака за најдобра епизода: "Year Of Hell". Ако мора да гледате само една епизода од Star Trek: Voyager, нека биде првиот дел од "Year Of Hell". А ако сакате да го видите целосно искористен комедискиот потенцијал на серијата, гледајте ја "Message In A Bottle".

[уреди] Star Trek: Enterprise

Star Trek: Enterprise е последниот серијал од Star Trek сагата. Траеше само четири сезони, по кои, за жал, серијата беше прекината. (2001-2005)

Дејството во Star Trek: Enterprise е сместено 100 години после Првиот Контакт, односно неколку децении пред капетанот Kirk.

Серијалот ги следи мисиите на првиот warp 5 брод, Enterprise NX-01, на чело со капетанот Jonathan Archer. Останиот дел од екипажот го сочинуваат вулканката T'Pol, докторот Phlox кој е од denobula расата, потоа Malcom Reed (armory officer), Тravis Mayweather (helmsman), офицерот за комуникации, Hoshi Sato и Trip Tucker како chief engineer...

Униформите се направени повеќе во некој НАСА стил, бидејќи дејството е блиско и до нашево време. :) Во почетокот ми беше тешко да ги навикнам новите униформи, но после неколку изгледани епизоди, ги прифатив. :)

Интересно е во оваа серија што може да се види почетокот на некои научни достигнувања кои можевме да ги видиме во остантите серијали, потоа Први Контакти со некои вонземски раси... Тука се и Андоријанците, Вулканците и Клингонците и уште некои раси кои ни беа познати од претходните серијали. Интересно е тоа што во Star Trek: Enterprise е објаснета теоријата за исчезнувањето на браздите на челата на Клингонците. Пред тоа имаше многу теории за овој случај, но конечно тука е тоа "официјално" разрешено. :)

Star Trek: Enterprise беше повеќе од одличен приквел на оргиналните Star Trek серии, иако многу фанови реагираа за начинот на кој што беше претставена технологијата во Star Trek: Enterprise. Едноставно, беше далеку подобро изведено од она во оргиналната серија. Но сепак, оргиналните се снимани во 1966, додека Star Trek: Enterprise е од 2001. Иако дејството беше многу години пред дејството во оргиналната серија, целиот ентериер на бродот и технологијата која беше во Star Trek: Enterprise, изгледашекако да е 100 години после капетанот Kirk. :)

Како и да е, серијата официјално заврши на 13-ти мај, 2005 година. Верувам дека сите што ја гледале последната епизода од серијава, ќе се согласат со мене дека Star Tre; Enterprise НЕ ЗАСЛУЖИ таков крај! Иако фановите прават напори, со собирање средства, потпишување петиции, итн. за да ја вратат серијата на малите екрани, сеуште ништо. Искрено, не верувам дека ќе има продолженија на Star Trek: Enterprise, ниту пак нов серијал во блиска иднина...

[уреди] Вонземјански раси

[уреди] Ференги

На почетокот на TNG, Клигонците, главните негативци во TOS, се дел од Федерацијата, и веќе не претставуваат извор на опасност. Продуцентите, решавајќи дека тоа остава празнина која мора да биде пополнета, ги воведуваат Ференгите како најопасната закана кон Федерацијата. Нормално, овој план пропаднал кога никој не ги сфатил Ференгите многу заканувачки.

Ференгите доаѓаат од планетата Ференгинар. Главното политичко тело им е Алијансата која ја нагледува Ференги со титула Grand Nagus. Тие се комплетно капиталистичка раса, водена чисто од потрагата по (најчесто лична) заработка. Дури и влегувањето во домот на Ференги се наплаќа, а најчесто и се бара потпишување на договор за за превземање одговорност ако нешто фали по заминувањето. "Профит" е збор на кој ниеден Ференги не останува рамнодушен. Иако ова најчесто значи дека во нивното општество моралните вредности застануваат зад материјалните вредности, сепак во нивната историја не се наоѓа ништо за ропство или геноцид. Како личен етички и дури и професионален кодекс, тие ги употребуваат т.н. Правила на збогатување (Rules of Acquisition), збир од 285 често кажувани мисли кои лежат во основата на нивната филозофија. Иако со малку сурфање можат да се најдат сите правила кои досега се спомнати во сериите, тука ќе спомнам неколку од нив:

  • Greed is eternal. (#10)
  • Anything worth doing is worth doing for money. (#13)
  • Never place friendship above profit. (#21)
  • The justification for profit is profit. (#202)

Правилото број 4, "A woman wearing clothes is like a man in the kitchen", не носи до уште еден интересен аспект од општеството на Ференгите, а тоа е дека жените, според традиционалните закони, не смеат да учествуваат во речиси ниедна сфера од општествениот живот. Ова значи дека не смеат да поседуваат имот или да заработуваат, да одат некаде без машка придружба, или пак да зборуваат со непознати мажи, и што е најинтересно, не смеат да носат облека. Сепак во времето на DS9, почнува да станува популарна идејата дека со исклучување на жените од бизнисот се отфрла голема можност за заработка, идеја која и озовможува на Ishka (мајката на Quark и Rom, која за среќа на гледачите инсистира да носи облека) да започне движење за поголеми права на жените, за кое се претпоставува дека (ќе) има позитивен исход.

Визуелно, Ференгите ни се најпознати по големите уши (кај мажите обично поголеми отколку кај жените), кој им даваат супериорен слух, но и поголема осетливост на физичка болка. Веројатно најпознатиот Ференги во Star Trek универзумот е Quark , еден од главните ликови во Deep Space Ninе, серијата во која расата е и најдобро опишана, иако многумина фанови не ги сакаат "ференгицентричните" епизоди. Меѓу овие фанови е и авторот на овој пост, кој од ваквите епизоди (иако не открива нешто ново на моменталната тема) единствено би ви ја препорачал "The Magnificent Ferengi", која му е и една од омилените епизоди од таа серија.


[уреди] El-Aurian

El-Aurian-ите се хуманоидна раса на "слушачи", која потекнува од системот El-Auria, во Делта Квадрантот. Нивниот матичен свет е асимилиран од страна на Боргите во 23-тиот век, а малкумината преостанати припадници на оваа раса се раселени ширум Млечниот Пат. Тие се екстремно долговечни.

Познато е дека еден El-Aurian (Guinan) ја посетила Земјата во 19-тиот век, пред човештвото воопшто да има какво и да било официјално сознание за вонземски раси. Иако никаде не е експлицитно објаснето, ова би сугерирало дека расава била способна за warp погон уште одамна пред тоа. (TNG: "Time's Arrow, Part I & II")

Во 2293 година, двата вселенски бродови со кои Федерацијата транспортира група на El-Aurian бегалци кон Земјата се уништени во Нексусот, блиску до Сончевиот Систем (Star Trek: Generations). Ентерпрајз успева да спаси двајца од бегалците, меѓу кои Guinan и доктор Tolian Soran.

El-Aurian-ите поседуваат разновидни и за жал недоволно објаснети моќи, од кои најјасно прикажана е еден своевиден облик на емпатија, која тие ја користат да им помогнат на другите, во својство на советници или доверливи личности, како што е Guinan за капетанот Picard. Другите, како на пример Martus Mazur (DS9: "Rivals") стануваат измамници, а доктор Soran пак го спроведува својот план за повторно влегување во Нексусот.

Се чини дека El-Aurian-ите се родени чувари на знаењето, и го користат својот екстремно долг животен век и исклучително развиена меморија да собираат приказни и животни искуства од најразновидни интелигентни суштества. Тоа знаење го чуваат за себе, и само повремено го споделуваат со другите раси. Покрај тоа, тие се природно чувствителни на промени во просторно-временскиот континуум, со што можат инстинктивно да насетат алтернативни временски линии. Останува нејасно зошто Q се "плаши" од Guinan, односно дали тоа е едноставно поради тоа што таа е El-Aurian, или поради нејзиното искуство со Нексусот.


[уреди] Линкови

Our "Network":

Project Gutenberg
https://gutenberg.classicistranieri.com

Encyclopaedia Britannica 1911
https://encyclopaediabritannica.classicistranieri.com

Librivox Audiobooks
https://librivox.classicistranieri.com

Linux Distributions
https://old.classicistranieri.com

Magnatune (MP3 Music)
https://magnatune.classicistranieri.com

Static Wikipedia (June 2008)
https://wikipedia.classicistranieri.com

Static Wikipedia (March 2008)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com/mar2008/

Static Wikipedia (2007)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com

Static Wikipedia (2006)
https://wikipedia2006.classicistranieri.com

Liber Liber
https://liberliber.classicistranieri.com

ZIM Files for Kiwix
https://zim.classicistranieri.com


Other Websites:

Bach - Goldberg Variations
https://www.goldbergvariations.org

Lazarillo de Tormes
https://www.lazarillodetormes.org

Madame Bovary
https://www.madamebovary.org

Il Fu Mattia Pascal
https://www.mattiapascal.it

The Voice in the Desert
https://www.thevoiceinthedesert.org

Confessione d'un amore fascista
https://www.amorefascista.it

Malinverno
https://www.malinverno.org

Debito formativo
https://www.debitoformativo.it

Adina Spire
https://www.adinaspire.com