Македонски извори за Македонскиот идентитет
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
- РЕЧ НА ИСАИЈА МАЖОВСКИ
Реч одржана од име на "заробените славяно-бугари македонци" на 18 Јули 1888 година на Парабродот "Рицар" насред реката Днепар, во градот Киев, Русија, од Исаија Радев Мажовски од село Лазарополе, Македонија [[1]].
- Многупочитувани господа и словенски браќа,
- Дознавме во нашиот крај, во Македонија, во Дебар и Кичево, за големиот радосен настан – 900 годишнината од покрстувањето на братскиот руски народ од големиот руски кнез св. Владимир и се подготвивме неколкумина од нас да дојдеме во словенска голема Русија за да присуствуваме на овој голем руски празник, но за голема жал не можеме да добиеме паспорти за Русија. Но јас се осмелив и решив да дојдам сам и народот ме испрати со солзи на очи, сожалувајќи дека повеќе луѓе не можат да дојдат во Русија...
- ...Многупочитувани господа
- Македонскиот старословенски народ уште пред 2.500 години е доведен во Македонија од цар Каран, кој како цар Филип и цар Александар бил чист словен. Не повеќе од 500 години поминаа откако Македонија и македонскиот стар словенски народ се потиснати и се наоѓаат под тесшиот турски јарем. Ние, клетите Македонци, офкаме и плачеме, но никој не сака да не чуе, дури самите наши браќа ни пречат.
- Браќа Словени,
- Македонскиот словенски народ е окружен од најлути и отровни змии, тој се дави и се измачува од најлути и неумоливи зверови...
- ...Браќа, руски Словени,
- Цели петстотини години станаа веќе откако целиот македонски народ и целата негова земја се опфатени од црни и мрачни облаци кои не ни даваат можност да ја видиме сончевата светлина...
- Исаија Радев Мажовски, Възпоминения, Софија 1922, стр. 26-27
- ЗАПИС НА УЧИТЕЛОТ ЃОРЃИ МАКЕДОНСКИ ЗА СВОЕТО ПОТЕКЛО* 1846 год.
- Да се знае кога селаните од моето родно село Радибуш, Криворечка Паланка, ме главија за учител во нашето селско училиште и за Ранковце и за Криви Камен, за 1800 гроша годишно. Роден сум од татко ми свјаштеник Димитрија и мајка Варскија како 7-мо дете од дванаесетте деца, пет машки седум женски . Славјанското писмо го изучив од татко ми Димитрија Маќедонски, кој така се вика зашто сме Маќедонци, а не Грци, а неговиот татко се викал Јосиф свјаштеник, а неговиот дедо Стоимен, свјаштеник. И ја прекарот си го земав Маќедонски, а не по дедо ми, за да се знае оти сме Славјани од Маќедонија . Ден Голема Богородица на 1846година.
- Ѓорѓија Маќедонски.
- Учителот Ѓ.Маќедонски, родум од с. Радибуш (Кривопалнечко),по повод настапувањето на учителската должност во родното с. Радибуш, го оставил овој запис со фразата вообичаена за тоа време „Да се знае ” ( Знано будет ....)
- Ѓорги Пулевски, во песната „Македонска самовила и еја посестрима“, печатена во неговата книга „Македонска песнарка“, Софија 1879, кн. I. стр. 17, пишува:
- "Да ли сте чуле, Македонци, стари људи што говорат Од Македонци по јунаци над них не било. Цар Александар Македонски триста лета пред Христа Со Македонци сви вселену повладал. Наш крал Филип - Славјанин е, цар Александар - Славјанин е Наши баби славјански ги родиле. Македонци! Сетите се за јунакство македонско, Та спроти старих вие сега да следувате!"
- Мајка Македонија е многу ослабната. Откако го роди големиот Александар, откако ги породи светите Кирил и Методиј, оттогаш мајка Македонија лежи на своето легло ужасно изнемоштена. Но мајка што роди вакви синови, во иднина ќе роди и други како нив... Ќе произведе уште многу Кириловци и Методиевци, кои ќе бидат светилници на нашите училишта и столбови на нашата вера и кои ќе го прославуваат македонското име!
- Во весникот "Македонија" на Коста Шахов, број 4, Русе, 11. ХI.1888 година, во непотпишаниот уводник, секако од перото на самиот редактор - тогаш 26-годишниот Шахов, се повлекува мислата дека на пример:
- „Нашата татковина Македонија си има историја за своето минато, каде што се гледа нејзината моќ, величина, како и нејзиното политичко потчинување под власта на тогаш моќната Турска империја... Денес, секој Македонец, кога го спомнува Александар Македонски, вели: Ние сме го имале цар Александар Велики. Со тие зборови тој си припомнува за блескавиот период и величието на Македонската држава. Александар Македонски стои пред лицето на секој Македонец како национална гордост!“
- Марко Цепенков, во една сопствена творба од 1899 година запишал:
- "Помислете Вие, мили чеда: за велика цара Александра што се слави и до ден денеска!"