Нередска Планина
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Нередска Планина (на грчки Вичо, според нејзиниот највисок врв Вич) е планина во западниот дел на Егејска Македонија, односно крајниот северо - западен дел на денешна Грција. Има меридијански правец на протегање север - југ, а кон крајот на својот масив скршнува на југо - исток. Нередска Планина ја оградува Пелагонија (Леринското поле) од западната и југо - западната страна и таа се надоврзува на Баба Планина преку превојот Вигла. Сместена е југо - западно од градот Лерин и низ нејзе поминува локален пат кој води кон грчко - албанската граница и областа Преспа. Највисок врв е врвот Вич со 2128 метри надморска височина.
Планината има изобилство од високотревни пасишта, а во подножјето се застапени листопадни шуми (бука, даб, костен идр.) додека кон врвовите се застапени зимзелените шуми.
[уреди] Историја
На падините на Нередската Планина се одвивале голем број историски настани од кои најпознати се битките за време на Граѓанската војна во Грција (1945-1949). Како доста тешко пристапен терен Нередската Планина долго време служела како упориште на КПГ,ДАГ и НОФ и била слободна територија, пред се и поради помошта на селаните околните села кои биле целосно населени со Македонци. Во почетокот на воените дејствија на Нередската Планина се стационирале голем број на војници на демократските сили, а тука биле одржани и неколку пленуми и советувања на КПГ. Кон крајот на војната на врвот Вич се одиграла една од најголемите и најкрвавите битки за време на Граѓанската војна во Грција.
[уреди] Население и населени места
Од двете страни на падините на Нередска Планина се сместени повеќе села од кои најпознати се Неред (грч. Полипотамон), Ерменско (грч. Алона) (на источната страна) , Вишени (грч. Висинеа) (на западната страна) и др. Етничкиот состав на селата е драстично променет особено по завршетокот на Граѓанската војна во Грција (1945-1949), кога грчките монархо-фашистички сили поради бесот заради помошта што им ја даде локалното македонско население на КПГ, ДАГ и демократските сили врз него изврши масовни ѕверски убиства, протерувања и етнички чистења. Денес населението на овие села главно го сочинуваат Грци и Власи, а во мал дел се останати и Македонци.