Ebooks, Audobooks and Classical Music from Liber Liber
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z





Web - Amazon

We provide Linux to the World


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Влатко Стефановски - Википедија

Влатко Стефановски

Од Википедија, слободна енциклопедија

Влатко Стефановски
Влатко Стефановски на настап во живо
Роден 1957
Прилеп, Македонија
Жанр(ови) Етно
Инструментален рок
Џез-рок
Поврзан(и) Леб и сол
Мирослав Тадиќ
Гитари Fender Telecaster
Gibson Les Paul
Радуловиќ гитари
Активен 1974 - досега
Веб-сајт Официјален веб-сајт

Влатко Стефановски (роден во Прилеп, Македонија, 1957) е македонски гитарист, основач на Влатко Стефановски Трио, и еден од основачите на македонската етно група Леб и сол.

Содржина

[уреди] Рана историја

Влатко бил роден во кругот на една типично театарска фамилија. Неговите родители како уметници често патувале, па така набрзо Стефановски се преселил во Скопје, во населба Тафталиџе (улица „Мексичка“). Заедно со Бодан Арсовски (со кого во 1990 година го издал првиот македонски компакт диск, музика за рок-балетот „Зодијак“), Стефановски членувал во неколку скопски групи, меѓу кои најзабележителни се ВИС Јегуље, Ирис и Брег (групата на легендарниот клавијатурист Мики Петковски).

[уреди] Понатамошна историја

Статија за уредување
ВНИМАНИЕ
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.

За новата 1976 година Влатко, Бодан, Кокан и Димитар го оформија Леб и сол, во кој Влатко (за дваесет години постоење) беше мошне успешен лидер и најплодотворен член. За 20. години на Леб и сол беа снимени 12 албуми, една двојна компилација, а создаден е и еден куп музика за различни намени: филмски, театарски, телевизиски... Како најистурениот играч во Леб и сол, Влатко (гитарист, вокалист, композитор, текстописец и фронтмен) ги напиша незаборавните: Нисам твој, Таласна дужина, Кумова слама, Жива рана, Кантри, Као какао, Скопје, Чекам кишу, Чукни во дрво...

Првите соло-настапи на Стефановски се бележат во почетокот на деведесетите, додека своето деби-остварување Каубои и индијанци го реализира во 1994. година уште како фронтмен на Леб и сол. Во реализација на првиот албум на Влатко земаа учество многу соработници со различни музички интереси: од светскиот патник Горан Бреговиќ, преку Златко Ориѓански (кој во тоа време со Анастасија доживуваше светска слава) и хармоникашот Горан Алачки, до харе-кришна бендот Нитјананда. Несакајќи ништо да му препушти на случајот Влатко се грижеше за секој детал врзан за албумот. Така за визуелниот изглед на песните, за спотовите беа задолжени тројца штотуку дипломирани режисери на скопскиот ФДУ: Дарко Митревски, Александар Поповски и Срѓан Јаниќијевиќ. Тие како автори што ветуваат работеа на: Кисело-весело, Кандилце и Open road и одлично ја завршија својата работа. Каубојци и индијанци пред новата 1995 година ја доживеаа и својата жива скопска промоција. На сцената на Универзална сала во Скопје, покрај Влатко се искачија и (актерката и пејачка) Ана Костовска, Златко Ориѓански, Горан Алачки... На белградската промоција, која се случи во почетокот на 1995 година, беше уште повесело, бидејќи покрај скопските актери во приказната земаа учество и легендарниот југословенскиот гитарист Радомир Михаиливиќ - Точак, групата Нитјананда... Следниот проект Сарајево работен во 1993 година за потребите на театарот во Антверпен, на чии штици се играше текстот на Горан Стефановски, а во режија на Слободан Унковски, во продажба (само во форма на цеде) се појави во почетокот на 1996 година. Дел од песните кои се вокални (истите на проектот се застапени и со инструменталните варијанти) се напишани и отпеани на англиски јазик. Во текот на целата 1996. година Влатко интензивно работи на музика за филмот Џипси меџик (режија на Столе Попов), а цеде-то од овој саундтрак во јавноста се појавува веќе следната, 1997. година. Одтаму, Џипси сонг, носечката тема од овој проект, за мошне кратко време стана себалкански хит. По четири години истата го наоѓа своето место и на компилацијата Џипси караван на продуцентската куќа Путумајо рекордс, каде се сместени џипси песни од целиот свет.

Потоа, по иницијатива на Тод Гарфингел, првиот човек на американско-јапонска дискографска фирма М А Рекордингс летото, 1997. година во градот Крушево - срцето на Македонија, во просторот на меморијалниот музеј се снима цедето Крушево, збир на традиционални македонски песни, во акустичен аранжман. Главните актери во проектот: Влатко Стефановски, македонска легенда и Мирослав Тадиќ, американски професор по гитара, од српско потекло. Цедето, кое со право претставува бисер на светската музика е промовирано на еден американски музички саем, а скопската промоција се случи веќе во октомври, истата 1998. година во рамките на Скопје Џез Фестивал. Истата зима во продажба излегува и првиот албум на Трио-то на Влатко Стефановски. Имено, секогаш интересирајќи се за мали, но ефикасни формации, Влатко, со тапанарот Михаил Парушев и басистот Александар Поп Христов заеднички концертира подолг период, по што следуваше и издавање на цеде, каде се наоѓаат мешано - инструментални и вокални теми. Албумот, кој за Словенија и за Хрватска го откупи и го реиздаде дискографската фирма Далас и овозможи на тројката интензивна турнеја по сите релевантни сцени во овој дел од поранешна Југославија, а подоцна следеа и настапи во многуте музички центри во светот. Искуството што Влатко го има во творење на филмската музика го поттикнува југословенскиот актер и режисер Љубиша Самарџиќ во 1999 година да го повика во реализација на музиката за неговиот филм Небесна јадица инспириран од ужасите на НАТО агресијата врз Југославија.

Самото појавување на филмот во званичната конкуренција на Берлинскиот филмски фестивал доволно говори за големината на ова остварување. Следната, 2000. година Стефановски со членовите на своето Трио, но и во формација со Мирослав Тадиќ настапува најчесто долж многубројните (екс)југословенски сцени, успева да го промовира живиот материјал од Крушево, снимен во Белград на осми октомври 1999. година, а врши и промена на персоналот на Трио-то. На местото на Парушев и Поп Христов доаѓаат Дино Милосављевиќ (тапанар) и Ѓоле Максимовски (како бас-гитарист).

Во текот на својата, речиси 25-годишна музичка кариера Влатко Стефановски ја доби Естрадната награда на Југославија, наградата (за животно дело) Трајни вредности во Македонија, наградата на Стериино позорје за музика во претставата Ослободување на Скопје, три Златни грамофони на Месам '87, а носител е и на повелбата на градот Чикаго. На тоа мора да се додаде и големиот успех во креирањето на филмска, театарска, музика за балетски претстави, цртани филмови... Најинтересните теми од петте балкански филмови: Џипси меџик, Небесна јадица, Три летни дни, Самоуништување и Пат кон сонцето се најдоа на неговата филмска компилација Кино Култура, објавена пролетта 2001. година. Бидејќи интересот на Стефановски за разни музички правци беше присатен во текот на целата негова кариера, на разни проекти беше забележано и негово учество и гостување. Меѓу многуте, останаа забележани: соработката на албумите на Филм, Жељко Бебек, Васко Серафимовски, Оливер Мандиќ, Бојан Зулфикарпашиќ, Вања Лазарова, Владо Јаневски, Џибони... Со последноспоменатиот (Џибони) соработуваше дури на два негови проекти (Јуди, звири и бештимја и Миракул), на кои беа вклучени и имињата од светската музичка сцена: Џефри Ориема, Ману Каче и Пино Паладино, што сериозно упатува на неговото место под сонцето.

По долгите најави (а по иницијатива на продуцентските куќи Трето уво од Скопје и Аква Сторм од Софија) кон крајот на 2000 година во бугарската престолнина беше промовиран проектот Балкан Хорсес (Балкански Коње), во кој покрај Стефановски земаа учество и неколку еминентни музичари од Балканот. Одтаму, Балкан Хорсес Бенд го сочинуваат: Влатко Стефановски (Македонија), Теодоси Спасов (Бугарија), Костас Теодору (Грција), Краси Желазков (Бугарија), Хакан Бешер (Турција), Емил Букур (Романија), Сања Илиќ (Југославија), Стојан Јанкулов (Бугарија) и Тамара Обровац (Хрватска). Овој состав во периодот 2000-2001 година одржа мини балканска турнеја, а од софискиот деби-настап настана и беше објавен еден промотивен компакт диск и една видео касета.

Во почетокот на 2002 година, на покана на хрватскиот режисер Вицко Руњиќ, Влатко работи музика за неговиот втор филм - Серафин, светионичарев син, сниман на хрватскиот дел од Јадранот, кој веќе е прикажан на фестивалите во Сан Себастијан и Каиро, а истиот, моментно, со голем успех се прикажува во Хрватска. Летниот период, тековната година тој интензивно настапуваше долж екс-ју простори, Европа и светот, во најразлични формации (со своето Трио, со Мирослав Тадиќ, со Џибони...), а есенва, се посвети на реализација на својот соло-албум. Патем, ја смени дискографската куќа (Авалон продукција место Third ear), а според сознанијата што ги имаме, врзани за неговиот најнов албум, голем дел од материјалот е веќе поставен, и, доколку се оди според планот, истиот во продавниците за носачи на звук треба да влезе веќе во мај 2003 година.

Влатко Стефановски, највлијателниот македонски музичар на сите времиња, кого со право го сметаат и за еден од најдобрите европски гитаристи, настапуваше насекаде во Македонија и светот: од еминентните сцени од просторот на СФР Југославија до просторите на САД, Велика Британија, Русија, Франција, Грција... живее нормално во кругот на својата фамилија (која ја сочинуваат сопруга Гордана, ќерката Ана и синот ЈЈан) во Скопје, на улица Мексичка, број 15. во населбата Тафталиџе. Во секојдневниот живот и во кариерата, и понатаму му значат обични работи, на кои се воодушевуваат речиси сите луѓе. Така многу искрено и лесно знае да го орасположи новинарски напис за него, макар и од десет реда, петките на ќерката Ана, игрите со Јан, пазарувањето на едно од скопските пазарчиња (најчесто Буњаковец)... Во неколку збора, навидум секојдневен човек, која на стејџот многу лесно се претвора во машина и ја решава работата, во чии раце гитарата плаче, се смее, брмчи како моторна пила или, едноставно, ве восхитува со својот умилен звук.... Оттаму е и точноста на констатацијата дека, во негови раце, гитарата станува нежно и емотивно суштество. Во еден дел на својот топол дом Влатко го смести и тонското студио Езотерија, каде поминува голем дел од своето време.

[уреди] Дискографија

  • Cowboys & indians (Third Ear Music 1994.)
  • Сарајево (Third Ear Music 1996.)
  • Gipsy Magic (Third Ear Music 1997.)
  • Крушево - заедно со Мирослав Тадиќ (MA Recordings 1998.)
  • Влатко Стефановски Трио (Third Ear Music 1998.)
  • Live in Belgrade - заедно со Мирослав Тадиќ (Third Ear Music 2000.)
  • Кино Култура (Third Ear Music 2001.)

[уреди] Филмографија

  • Шмекер (режија: Зоран Амар, 1985. југословенски)
  • За срећу је потребно троје (Рајко Грлиќ, 1986. југословенски)
  • Заборављени (Дарко Бајиќ, 1989. југословенски)
  • Клопка (Суада Капиќ, 1990. југословенски)
  • Почетни ударац (Дарко Бајиќ, 1991. југословенски)
  • Suicide guide (Ербил Алтанај, 1996. македонски)
  • Небо гори модро (Јуре Первање, 1996. словенeчки)
  • Gipsy magic (Столе Попов, 1997. македонски)
  • 3 summer days (Мирјана Вукомановиќ, 1997. југословенски)
  • Journey to the sun (Yesim Ustaoglu, 1998. турски)
  • Skyhook (Љубиша Самарџиќ, 2000. југословенски)
  • Серафин, светионичарев син (Вицко Руњиќ, 2002. хрватски)

[уреди] Надворешни врски

Леб и сол
Бодан Арсовски | Кокан Димушевски | Влатко Стефановски | Гарабет Тавитјан
Драгољуб Ѓуричиќ | Димитрие Чучуровски | Кирил Џајковски
Дискографија
Албуми и мини-албуми: Леб и сол | Леб и сол 2 | Ние четворицата/деветка | Таласна дужина/Дикијева игра | Ручни рад | Бесконачно | Следовање | Калабалак | Тангента | Звучни зид | Као какао | Путујемо | Леб и сол Anthology
Албуми во живо: Акустична траума | Live Anthology | Live in Macedonia | Live in New York
Песни: Абер дојде, Донке | Јовано, Јованке | Миле Поп Јорданов | Си заљубив едно моме | Учи ме мајко, карај ме
Поврзани статии
Етно музика | Инструментален рок | Македонска авангардна музика
Други јазици
Our "Network":

Project Gutenberg
https://gutenberg.classicistranieri.com

Encyclopaedia Britannica 1911
https://encyclopaediabritannica.classicistranieri.com

Librivox Audiobooks
https://librivox.classicistranieri.com

Linux Distributions
https://old.classicistranieri.com

Magnatune (MP3 Music)
https://magnatune.classicistranieri.com

Static Wikipedia (June 2008)
https://wikipedia.classicistranieri.com

Static Wikipedia (March 2008)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com/mar2008/

Static Wikipedia (2007)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com

Static Wikipedia (2006)
https://wikipedia2006.classicistranieri.com

Liber Liber
https://liberliber.classicistranieri.com

ZIM Files for Kiwix
https://zim.classicistranieri.com


Other Websites:

Bach - Goldberg Variations
https://www.goldbergvariations.org

Lazarillo de Tormes
https://www.lazarillodetormes.org

Madame Bovary
https://www.madamebovary.org

Il Fu Mattia Pascal
https://www.mattiapascal.it

The Voice in the Desert
https://www.thevoiceinthedesert.org

Confessione d'un amore fascista
https://www.amorefascista.it

Malinverno
https://www.malinverno.org

Debito formativo
https://www.debitoformativo.it

Adina Spire
https://www.adinaspire.com