Њутнови закони на движење
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Њутновите закони на движење (Њутнови закони на динамиката) се три физички закони кои укажуваат на односот помеѓу силите кои делуваат на физичко тело и движењето на телото. Првпат се формулирани од Исак Њутн во неговото дело Philosophiae Naturalis Principia Mathematica од 1687 година. Овие закони ја чинат основата на класичната механика.
- Прв закон (инерција)
- Тела во движење настојуваат да продолжат да се движат додека телата кои мируваат настојуваат да ја задржат состојбата на мирување доколку на нив не дејствува надворешна сила.
- Втор закон
- Забрзувањето на едно тело е правопропорционално со силата која дејствува на него, а насоката на векторот на забрзувањето е иста со насоката на силата.
- Трет закон
- За секоја акција (примена на сила) се јавува еднаква, но спротивна по насока реакција (сила со иста јачина и спротивна насока).