Љубомир Цуцуловски
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Љубомир Цуцуловски (роден на 1 септември 1948 година, во Битола) е македонски филозоф. Дипломира на Катедрата за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје, на тема Изворите на Бергсоновата теорија на познанието. Магистрира по социолошки науки во 1982 година, при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања - Скопје. Темата на неговиот магистарски труд беше Религијата и моралот. Во 1992 година докторира по филозофски науки на Филозофскиот факултет во Скопје, на тема Карл Маркс: Раѓањето на историскиот материјализам (1841-1849)
Содржина |
[уреди] Наставно научна кариера
Во периодот од 1973 до 1975 година работи како асистент при Институтот за социолошки и политичко - правни науки - Скопје. Од 1975, па сè до денес, вработен е на Филозофски факултет, при Универзитет Св. Кирил и Методиј - Скопје. Во звањето доцент избран е 1992 година. Како вонреден професор избран е 1997 година. За редовен професор избран е 2002 година. Досега држел настава по повеќе филозофски предмети, помеѓу кои и Историја на марскизмот. Денес ги држи предавањата и семинарските часови по предметите Филозофија на религијата, Теории за религијата и Увод во филозофијата.
Неговиот филозофски интерес насочен е, пред сè, кон проблемот на човековата алиенација, кон темелните филозофски прашања и проблемите што се непосредно поврзани со метафизичките прашања за Бог, за неговото постоење, за доброто и злото, под претпоставката дека добриот и умен Бог го содал светот.
Во исто време, активно e ангажиран во наставата на последипломските студии на следниве институти од Филозофскиот факултет: Институт за филозофија, Институт за одбранбени и мировни студии и на Институтот за историја на уметност со археологија.
[уреди] Позначајни функции на Универзитетот
Во 2000 година избран е за Претседател на Универзитетскиот сенат на „Св. Кирил и Методиј“. Во два мандата (1999-2005) избран е за Раководител на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје.
[уреди] Публицистичка дејност
Досега има објавено 479 наслови во научната и стручната периодика, како во Македонија, така и на просторот од некогашна СФРЈ. Дел од неговите текстови и интервјуа објавени се во дневниот и неделниот печат и во некои други земји (Бугарија и Сојузна Република Југославија, Хрватска...). Основни теми на неговите публицистички анализи се современите социјални и политички состојби во Република Македонија, како и критичка анализа на процесот на глобализација, сфатен како вестернизација, односно како американизација.
[уреди] Објавени книги
- Марксовиот концепт за човекот, трудот и отуѓувањето, Комунист, Скопје, 1981;
- Сведоштва и коментари, Култура, Скопје, 1999;
- Разни сказни, Култура, Скопје, 2002;
- Политички сказни, Култура, Скопје, 2002.
- Два текста од книгата Политички сказни