Ebooks, Audobooks and Classical Music from Liber Liber
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z





Web - Amazon

We provide Linux to the World


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Глобализација - Википедија

Глобализација

Од Википедија, слободна енциклопедија

Ресторан Мекдоналдс во Фрајбург, Германија
Зголеми
Ресторан Мекдоналдс во Фрајбург, Германија

Глобализација е термин кој се користи за да ги опише промените во општествата и светската економија како резултат на драматично зголемената трговија и културна размена. Во специфично економски контекст се однесува речиси исклучиво на ефектите на трговската либерализација, односно слободната трговија. Помеѓу 1910 и 1950, по серија на политички и економски проблеми и колапси значењето и интензитетот на трговската размена беа сведени на минимум. Во поствоениот период на Втората светска војна, светската економија зајакна и драматично се зголеми, и сето тоа со помош на меѓународни економски институции и програми. Во периодот на 70-тите години ефектите на оваа размена станаа се повеќе видливи, односно се забележуваа и позитивните страни и негативните страни.

Содржина

[уреди] Значење на поимот „глобализација“

„Глобализацијата” може да значи:

Формирање на едно глобално село — поблизок контакт помеѓу различните делови на светот со растечки можности за лична размена, меѓусебно разбирање и пријателство помеѓу „светските граѓани“ и креирање на глобална цивилизација. Светската банка ја дефинира глобализацијата како „слобода на индивидуите и компаниите да иницираат доброволни економски трансакции со државјани на други држави“.

Економска глобализација — слободна трговија и растечки односи помеѓу членовите на една индустрија во различни делови на светот (глобализација на индустријата) со кореспондирачка ерозија на националниот суверенитет во економската сфера. Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ) ја дефинира глобализацијата како „растечка економска меѓузависност на држави ширум светот преку зголемен број и начини на прекугранична транскација на стоки и служби, послободен интернационален економски проток и побрза и поширока дифузија на технологијата“ - (од ММФ, Поглед на светската економија, мај 1997).

Негативните ефекти на т.н. „за профит” мултинационални корпорации — употребата на супстанцијални, легални и финансиски средства за да се заобиколат локалните закони и стандарди со цел да се контролира трудот и услугите на нееднакво развиените региони меѓу себе.

Ширењето на капитализмот од развиените земји до земјите во развој.

Глобализацијата дели голем број на карактеристики со интернационализацијата и се користи без никаква разлика во контекстот, меѓутоа некои преферираат да го користат зборот глобализација со цел да ја нагласат ерозијата на националната држава или националните граници.

А глобализмот пак, доколку го сведеме само на економски аспект, е во контраст со економскиот национализам и протекционизмот. Поврзан е со капитализмот и неолиберализмот.

[уреди] Историја на глобализацијата

Со оглед на тоа што зборот има и техничко и политичко значење, различни групи имаат различни погледи кон историјата на глобализацијата. Во најчеста употреба, како во економијата така и во политичката економија е историјата на растечка трговија помеѓу нациите втемелена врз основните институции кои им дозволуваат на индивидуите и на компаниите во различни држави да разменуваат стоки со минимални пречки.

Поимот „либерализација” стана збор кој ја означува комбинацијата на капиталистичката економска теорија и отстранувањето на трговските бариери. Ова доведе до зголемена специјализација на нациите за извезување на стоки, и притисоци да се отстранат протективните царински давачки и други трговски бариери. Периодот на златниот стандард и либерализацијата во 19 век често се нарекува „Прва ера на глобализацијата”. Според многумина како што растела индустријализацијата, така се повеќе се развивала „Првата ера на глобализацијата”. Златниот стандард се појавил во неколку земји помеѓу 1850 и 1880, меѓутоа која земја кога се наоѓала во вистински златен стандард е прашање за дебата. „Првата ера на глобализацијата” се смета дека се распаднала во повеќе стадиуми започнувајќи со Првата светска војна, а колабирала целосно со кризата на златниот стандард од доцните 20ти и раните 30ти години.

Глобализацијата во ерата по Втората светска војна е управувана од многу рунди на преговори за светската трговија, примарно под правилата на Општиот договор за трговија и тарифи, која доведе до серија на договори за отстранување на рестрикциите на „слободната трговија”. Најважна рунда на преговори е Уругвајската, која доведе до формирањето на Светската трговска организација (СТО) со цел да посредува при евентуални интернационални спорови. Други билатерални трговски спогодби се Договорот од Мастрихт и Северно Американската спогодба за слободна трговија кои се потпишани со цел да се намалат царините и бариерите во трговијата.

[уреди] Знаци на глобализацијата

Глобализацијата се повеќе се идентификува со број на трендови, од кој најголемиот број се развиле по Втората светска војна. Овие трендови вклучуваат поголемо меѓународно движење на стоки, пари, информации и луѓе и развојот на технологијата, организациите, легалните системи и на инфраструктурите потребни за сето тоа движење: (Постоењето на некои од овие трендови е дискутабилно)

• Пораст на интернационалната трговија со поголемо темпо отколку порастот на светската економија.

• Пораст во интернационалниот проток на капитал вклучувајќи и странски директни инвестиции.

• Поголем прекуграничен проток на податоци, преку користење на технологии како Интернет, комуникациски сателити и телефони.

• Притисокот на многу правни лица за Меѓународен кривичен суд и меѓународни движења за правда.

• Поголема културна размена, на пример преку извозот на филмови од Холивуд (САД) и Боливуд (Индија).

• Некои сметаат дека и тероризмот потпаднал под влијание на глобализација. Терористички напади се забележани низ целиот свет.

• Ширење на мултикултурализам и подобар пристап до културна разновидност, додека од друга страна се намалува културната разновидност преку асимилација, хибридизација, американизација, и вестернизација на културите.

• Ерозија на националниот суверенитет и националните граници преку меѓународни спогодби кои доведуваат до формирање на разни организации (ОПЕК, СТО).

• Пораст на меѓународниот туризам и патување.

• Поголема имиграција, вклучувајќи и илегална имиграција.

• Развој на глобална телекомуникациска инфраструктура.

• Развој на глобални финансиски системи.

• Пораст на делот од светската економија под контрола на мултинационалните корпорации.

• Зголемена улога на меѓународните организации како СТО, СОИИ, ММФ кои се бават со меѓународни трансакции.

• Пораст во бројот на меѓународни стандарди кои се глобално прифатени: на пример - авторски права.

Бариерите на интернационалната трговија се значително намалени по Втората светска војна преку спогодби како глобалниот договор за трговија и тарифи. Еве некои посебни иницијативи како резултат на потпишаниот Општ Договор за Трговија и Царини (ГАТТ) и на СТО, за кои ГАТТ е основа:

• Промоција на слободната трговија:

° На стоки: редукција или елиминација на царини конструкција на слободни трговски зони без или со сосема мали тарифи на давачки.

° На капитал: редукција или елиминација на контрола на капитал.

° Редукција, елиминација или хармонизација на грантови за локални бизниси.

• Рестрикции на интелектуалната сопственост:

° Интернационална хармонизација на законите за интелектуалната сопственост (со повеќе рестрикции).

° Супранационално признавање на рестрикции на интелектуалната сопственост (на пример, патентирани производи од Кина би биле признаени во САД).

[уреди] Антиглобализација

Различни аспекти од глобализацијата се сметаат за штетни од страна на активистите за јавниот интерес како и за националистите од моќните држави. Ова движење нема унифицирано име. „Антиглобализација“ е терминот кој се преферира во медиумите. Самите активисти сметаат дека ова име е бесмислено и безначајно, со оглед на тоа што целта на ова движење е да се глобализира правдата. Впрочем „глобално движење за правда“ е исто така распространето име. Многу активисти се обединети под слоганот: „Друг свет е можен“.

Има широк спектар на различни видови на антиглобализација. Воглавно, критичарите тврдат дека резултатите на глобализацијата не се она што се предвидувале да бидат кога започнале обидите за слободна трговија, и дека многу институции вклучени во системот на глобализација не ги земаат во предвид интересите на посиромашните нации и на работничката класа.

Економските аргументи од страна на теоретичарите на слободната трговија тврдат дека неограничената слободна трговија ги бенефицира оние со поголема финансиска моќ, односно богатите на сметка на сиромашните.

Многу „антиглобализациски“ активисти гледаат на глобализацијата како промоција на корпоративната агенда, чија намера е ограничување на слободата на индивидуите во име на профит. Тие исто така тврдат дека растечката автономија и силата на корпорациските ентитети ги обликуваат политиките на националните држави се повеќе.

Некои „антиглобализациски“ групи тврдат дека глобализацијата е империјалистички проект и дека таа е една од главните причини за Ирачката војна и дека поради глобализацијата, мнозинството на финансии се влеваат во државната каса на САД наместо во државните каси на сиромашните држави во развој.

Протестите од страна на глобалните движења за правда принудија средбите на високо ниво да се одржуваат надвор од големите градови каде што вообичаено се одржуваа односно да се преместат во далечни локации каде што протестирањето е непрактично.

Некои „антиглобализациски“ активисти сметаат дека моменталната „глобализација“ ги глобализира парите и корпорациите, и во исто време одбива да ги глобализира луѓето и синдикатите. Ова може да се види од недостигот на работнички права во многу држави, како и од стриктните имиграциски контроли во целиот свет во развој.

[уреди] Проглобализација (глобализам)

Поддржувачите на демократската глобализација можат да се наречат проглобалисти. Тие сметаат дека првата фаза на глобализацијата која беше пазарно ориентирана, треба да биде завршена со фаза на градење на глобални политички институции кои ја претставуваат волјата на „светскиот граѓанин“. Разликата со другите глобалисти е тоа што тие не дефинираат однапред една идеологија која ќе ја ориентира оваа волја, туку треба да биде оставена на слободниот избор на граѓаните преку демократски процес.

Поддржувачите на слободната трговија посочуваат кон тоа дека слободната трговија води до поефикасно распределување на ресурсите, со вклучување на сите земји во трговските бенефициии. Воглавно тие тврдат дека ова доведува до пониски цени, повеќе вработувања и поголемо производство.

Либертаријанците и другите промотери на капитализмот сметаат дека повисоки нивоа на политичка и економска слобода во форма на демократија и капитализам во развиениот свет доведуваат до повисоки нивоа на материјално богатство. Тие ја гледаат глобализацијата како бенефиција на демократијата и капитализмот.

Критичарите сметаат дека антиглобализациските движења користат недокажани аргументи за да го поддржат нивниот поглед и дека напротив светските карактеристики силно ја поддржуваат глобализацијата. Еден ефект на глобализацијата е што бројот на луѓе од земјите во развој кои живеат со помалку од 1$ дневно се преполовил. Други ефекти: просечната должина на животот во земјите во развој по Втората светска војна скоро се зголемил двојно, и почнува да се ближи кон бројката на развиениот свет, каде напредокот е значително помал. Детската смртност е намалена во речиси секој регион на светот. Нееднаквоста на приходите во светот како целина речиси исчезнува.

Многу прокапиталисти се критичари и на Светската банка и на ММФ, сметајќи дека тие се корумпирани бирократи контролирани и финансирани од држави наместо од корпорации. Многу заеми биле дадени на диктатори кои никогаш не ги извршиле ветените реформи туку ги оставиле обичните луѓе да платат за долговите подоцна. Затоа тие гледаат малку капитализам во глобализацијата. Исто така тие сметаат дека дел од одбивноста кон глобализацијата доаѓа од специјалните определени групи од Западот со конфликтни афинитети и интереси.

[уреди] Надворешни врски


Одлична статија Статијата Глобализација е пример меѓу одбраните статии.
Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите одбрана статија.
Our "Network":

Project Gutenberg
https://gutenberg.classicistranieri.com

Encyclopaedia Britannica 1911
https://encyclopaediabritannica.classicistranieri.com

Librivox Audiobooks
https://librivox.classicistranieri.com

Linux Distributions
https://old.classicistranieri.com

Magnatune (MP3 Music)
https://magnatune.classicistranieri.com

Static Wikipedia (June 2008)
https://wikipedia.classicistranieri.com

Static Wikipedia (March 2008)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com/mar2008/

Static Wikipedia (2007)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com

Static Wikipedia (2006)
https://wikipedia2006.classicistranieri.com

Liber Liber
https://liberliber.classicistranieri.com

ZIM Files for Kiwix
https://zim.classicistranieri.com


Other Websites:

Bach - Goldberg Variations
https://www.goldbergvariations.org

Lazarillo de Tormes
https://www.lazarillodetormes.org

Madame Bovary
https://www.madamebovary.org

Il Fu Mattia Pascal
https://www.mattiapascal.it

The Voice in the Desert
https://www.thevoiceinthedesert.org

Confessione d'un amore fascista
https://www.amorefascista.it

Malinverno
https://www.malinverno.org

Debito formativo
https://www.debitoformativo.it

Adina Spire
https://www.adinaspire.com