Ebooks, Audobooks and Classical Music from Liber Liber
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z





Web - Amazon

We provide Linux to the World


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Филозофски факултет Скопје - Википедија

Филозофски факултет Скопје

Од Википедија, слободна енциклопедија

Статија за уредување
ВНИМАНИЕ
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Фоајето на Филозофскиот факултет
Зголеми
Фоајето на Филозофскиот факултет

Филозофскиот факултет во Скопје, којшто е сместен во универзитетскиот комплекс Свети Кирил и Методиј, е првата високошколска установа во која се учи на современ македонски јазик. Со неговото отварање, всушност, се поставуваат темелите на модерниот универзитетски живот во Република Македонија.

Содржина

[уреди] Историја

По успехот на НОБ во Втората Светска војна, односно извојувањето на национална држава во рамките на Југославија, се наметнала потребата за изградба на современ македонски факултет т.е. универзитет, со кој ќе се започне забрзано излегување на Македонија од ниското образовно ниво, коешто постоело пред војната, и изградба на високо стручни кадри од сите области на општествениот живот и развиток.

Прашањето за отворање на македонски универзитет било иницирано уште пред конечното ослободување на Македонија, на Третата седница на Президиумот на АСНОМ (2-5 септември 1944 година). На 16 април 1945 година Народното собрание на Македонија усвојува два законски текста, со едниот се дава овластување на Президиумот на Народното собрание на Македонија да изработи Закон за Универзитетот во Скопје кој ќе “содржи прописи со кои ќе се осигура работата на Универзитетот на науките и високото стручно образование во согласност со тековините на Народноослободителната борба и со потребите на новата државна заедница”, а со вториот, се овластува Народната влада на Македонија да пропишува уредби за високите школи и академии.

Со Заповед бр. 375 од 7 ноември 1945 година на министерот за просвета на Демократска Федерална Македонија Никола Минчев, била формирана комисија во следниов состав: д-р Михајло Петрушевски, д-р Харлампие Поленаковиќ, д-р Ѓорѓи Шоптрајанов и Блаже Конески. Комисијата донела заклучок да предложи на Министерството за просвета да се отвори Универзитет во Скопје, а како прва факултетска установа да биде отворен Филозофскиот факултет со два отсека: Историско-филолошки и Природно-математички. Со Заповед бр. 338 на 18 јуни 1946 година Министерот за просвета назначува нова комисија, во која освен горенаведените бил вклучен и Љубен Лапе (нешто подоцна во неа ќе влезе и Јован Трифуновски), која се занимава со организацијата на новиот универзитет. Во текот на годината остварени биле огромен број на врски со останатите југословенски универзитети, кои во најголема мера, ги обезбедиле техничките и дел од кадровските потреби на новиот универзитет. Исто така, бил формиран Одбор, составен со претставници на останатите три универзитети во Југославија, кој ја надгледувал организациската работа.

Првите осуммина професори на Филозофскиот факултет на универзитетот во Скопје, биле: Борис Китанов, д-р Драгослав Митриновиќ, д-р Фран Петре, д-р Михаил Петрушевски, д-р Харлампие Поленаковиќ, д-р Васо Томановиќ, д-р Анастасије Урошевиќ и д-р Ѓорѓи Шоптрајанов. Конституирањето на првиот Наставнички совет било извршено на 27 ноември 1946 година, кога била избрана и првата факултетска управа. За декан бил избран проф. д-р Михаило Петрушевски, а за продекан проф д-р Фран Петре.

Отворањето на Филозофскиот факултет е извршено на 29 ноември 1946 година, а првите предавања се одржани на 16 декември 1946 година. На почетокот, предавале 20 наставници и еден асистент, додека настава слушале 548 студенти, од кои 427 редовни и 121 вонреден студент. На факултетот функционирале 6 студиски групи на Историско-филолошкиот оддел и на 5 студиски групи на Природно-математичкиот оддел. Во рамките на Историско-филолошкиот оддел својата работа ја започнале следните студиски групи: Македонски јазик, Југословенска книжевност, Историја со историја на уметноста, Романска филологија, Класична филологија и Философија со педагогија, а на Природно-математичкиот оддел: Математика, Физика, Хемија, Биологија и Географија со етнологија.

Во 1958 година, од Филозофскиот факултет се издвојува Природно-математичкиот оддел во посебен Природно-математички факултет. Од учебната 1974 - 1975 година, пак, од филолошките студиски групи се оформува Филолошкиот факултет. Во учебните 1973 - 1974 и 1974 - 1975 година се отворени четири нови студиски групи, и тоа: за историја на уметноста со археологија, психологија, социологија и за општонародна одбрана. Во рамките на Филозофскиот факултет се припојува и тогашната Виша школа за социјални работници и продолжува да работи како посебна студиска група на ниво на вишо (две-годишно), а од учебната 1987 - 1988 година на факултетско, четиригодишно образование. Од учебната 1993/1994 година во рамките на Институтот за педагогија се отворени студии по дефектологија во траење од четири години. Подоцна, во учебната 1996 - 1997 година со посебна одлука на Наставно-научниот совет студиите по дефектологија продолжуваат да работат како посебен Институт за дефектологија.

Од Филозофскиот факултет или со негова помош се создадени и двата институти: Институтот за национална историја (1948) и Институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков” (1953). Значајна улога Филозофскиот факултет има во формирањето на Македонската академија на науките и уметностите - МАНУ (1967), бидејќи, тој го дал основниот кадровски елемент.

Од основањето па заклучно со 30 септември 1995 дипломирале вкупно 8202 студенти, а заклучно со учебната 2002 - 2003 магистирирале 211, а докторирале 218 лица.

[уреди] Институти

Филозофскиот факултет денес е составен од 10 институти:

  • Институт за филозофија;
  • Институт за педагогија;
  • Институт за социологија;
  • Институт за психологија;
  • Институт за историја (со насока: историја со архивистика);
  • Институт за историја на уметност и археологија;
  • Институт за класични студии;
  • Институт за одбранбени и мировни студии;
  • Институт за социјална работа и социјална политика;
  • Институт за дефектологија.

На факултетот дејствуваат и две катедри, кои изведуваат настава и на други факултети: Катедра за дефендологија и Катедра за хуманистички студии. На Факултетот постои и Катедра за УНЕСКО за унапредување и развој на науката и создавање услови за вклучување во меѓународни програми, и Центрите: Балкански центар за проучување на мирот, Центар за образование и истражување, Анкетен истражувачки центар и Национален центар за континуирано образование и социјален центар.

[уреди] Значење

Филозофскиот факултет не е само значаен по тоа што е прв модерен факултет во слободна Македонија. Имено, тој ги воспоставува темелите на македонската научна дејност, давајќи ги првите високообразовани кадри на територијата на земјата, а е посебно битен во доменот на општествените истражувања - како зародиш на повеќе особено битни институции, за македонската државност - МАНУ, Институтот за национална историја, Институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков” итн. Факултетот е добитник на престижната републичка награда “11 октомври” во 1976 година.

[уреди] Надворешни врски

Официјален сајт на Филозофскиот факултет

Our "Network":

Project Gutenberg
https://gutenberg.classicistranieri.com

Encyclopaedia Britannica 1911
https://encyclopaediabritannica.classicistranieri.com

Librivox Audiobooks
https://librivox.classicistranieri.com

Linux Distributions
https://old.classicistranieri.com

Magnatune (MP3 Music)
https://magnatune.classicistranieri.com

Static Wikipedia (June 2008)
https://wikipedia.classicistranieri.com

Static Wikipedia (March 2008)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com/mar2008/

Static Wikipedia (2007)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com

Static Wikipedia (2006)
https://wikipedia2006.classicistranieri.com

Liber Liber
https://liberliber.classicistranieri.com

ZIM Files for Kiwix
https://zim.classicistranieri.com


Other Websites:

Bach - Goldberg Variations
https://www.goldbergvariations.org

Lazarillo de Tormes
https://www.lazarillodetormes.org

Madame Bovary
https://www.madamebovary.org

Il Fu Mattia Pascal
https://www.mattiapascal.it

The Voice in the Desert
https://www.thevoiceinthedesert.org

Confessione d'un amore fascista
https://www.amorefascista.it

Malinverno
https://www.malinverno.org

Debito formativo
https://www.debitoformativo.it

Adina Spire
https://www.adinaspire.com