Јужна Америка
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ова е недовршена статија за географија. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |
Јужна Америка е еден од седумте континенти на планетата Земја. Се наоѓа на јужната земјина полутопка, односно во јужната хемисфера. Таа е дел од целокупното копно Америка, инаку поделено на три континенти, меѓу кои спаѓа и Јужна Америка (покрај северна и средна Америка). Името на овој континент, исто како и на другите две Америки, доаѓа од името на италијанскиот морепловец Америго Веспучи.
Јужна Америка зафаќа површина од околу 17,818,508 км2 и има население од околу 355,070,540 жители. Според овие податоци, Јужна Америка е на четврто место во светот во секоја од овие две категории, по Евроазија, Африка и Северна Америка.
[уреди] Географија
Најистурените координати на Јужна Америка се:
- Од запад до исток - од ’ртот Агуха (во Перу) до Бранко (во Бразил)
- Од север до југ - од ’ртот Галјинас (во Колумбија) до Сан Диего (во Аргентина).
Јужна Америка е претежно низински континент. Најголемите планини се наоѓаат на запад, а тоа се Андите. Највисока точка на континентот е врвот Аконкагва (во Аргентина, на Андите), додека најниската се наоѓа во Амазонската низина (Бразил). Најголема (најполноводна) река е Амазон. Најголемо езеро во Јужна Америка е езерото Титикака кое се наоѓа во Перу.
[уреди] Геологија
Јужна Америка настанала со одделување од огромното копно Гондвана, која ги зафаќала и денешна Африка, Индискиот потконтинент и дел од Антарктикот. Поконкретно, таа се издвоила од Африка, за што ни сведочи и денешниот облик на континентот. Овој континент се споил со Средна Америка (а со тоа и со Северна) со формирањето на Панамскиот истмус.
[уреди] Види исто така
Земји во Јужна Америка |
---|
Аргентина | Боливија | Бразил | Венецуела | Гвајана | Еквадор | Колумбија | Парагвај | Перу | Суринам | Уругвај | Чиле |
Неопределени територии: Фокландски острови | Француска Гвајана |