Чарлс Дарвин
Од Википедија, слободна енциклопедија
Чарлс Роберт Дарвин (12 февруари 1809 – 19 април 1882) е англиски натуралист чија револуционерна теорија за природен избор како механизам претставува основа на современата теорија за еволуција и наследни особини. Дарвин ги изложува своите наоди во 1859 во книгата Потекло на видовите, која всушност претставува и негово најголемо дело.