Хранопровод
Од Википедија, слободна енциклопедија
Хранопроводот (латински: esophagus) е мускулен орган со должина од околу 25 cm, кој го поврзува голтникот со желудникот. Со неговите контракции, залакот за време од 8 - 9 s. се пренесува до желудникот. Хранопроводот на патот од градната во стомачната празнина, заедно со крвните садови и нервот скитник (nervus vagus), преку посебен отвор, ја преминува дијафрагмата.