Ebooks, Audobooks and Classical Music from Liber Liber
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z





Web - Amazon

We provide Linux to the World


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Хеви метал музика - Википедија

Хеви метал музика

Од Википедија, слободна енциклопедија

Оваа страница се однесува на метал музиката. За друго значење видете метал (појаснување).
Хеви метал
Стилско потекло: Психоделичен рок, блуз, хард рок, класична музика
Културно потекло: Доцни 60-ти, Велика Британија и САД
Типични инструменти: Електрична гитара - Бас - Тапани
Мејнстрим популарност: Екстензивно следен од голем број на фанови низ светот
Поджанрови
Авандгарден метал - Блек метал - Класичен метал - Дет метал - Дум метал - Глам метал - Готски метал - Грув метал - Неокласицистички метал - Пауер метал - Прогресивен метал - Спид метал - Треш метал - Фолк метал
Фузиски жанрови
Алтернативен метал - Викиншки метал - Грајндкор - Индустриски метал - Металкор - Ну метал - Рапкор - Симфоничен метал - Стоунер метал - Фанк метал - Христијански метал
Регионални сцени
Гетебург - Британија - Област на заливот - Флорида
Други теми
Мода - Историја - Групи - Умлаут - Бласт-бит

Хеви метал музиката (англиски: heavy metal) е жанр на рок музиката кој се појавил како дефиниран музички стил во 70-тите години на 20 век, со корени од хард рок бендовите кои, помеѓу 1967 и 1974, ги мешале блузот и рокенролот за да создадат хибрид со дебел и тежок звук, базиран воглавно на гитари и тапани, карактеризиран од употребата на високо-засилена дисторзија. Од хеви металот подоцна еволуирале голем број на поджанрови, многу од кои едноставно се нарекуваат „метал“. Како резултат, „хеви метал“ сега има две различни значења: или жанрот и сите негови поджанрови, или пак оригиналните хеви метал бендови од стилот од 70-тите понекогаш нарекуван „традиционален метал“, на пример Deep Purple, Led Zeppelin, Blue Öyster Cult и Black Sabbath.

Хеви металот започнал да се здобива со популарност во 1970-тите и 1980-тите, време во кое што многу од сега-постоечките жанрови најпрво еволуирале. Хеви металот има голем број на следбеници и фанови во целиот свет, познати кај нас под името металци. Во англофонските земји тие се познати како „метални глави“ (англиски: „metalheads“) и „ударичи на главите“ (англиски: „headbangers“).

Содржина

[уреди] Карактеристики

Хеви металот е типично карактеризиран од звук доминиран од гитара и тапани, силни ритами и класични, блузерски или пак симфонични стилови. Во секој случај, поджанровите на хеви металот имаат свои стилски варијации во однос на оргиналната фирма кои често испуштаат многу од овие карактеристики.

Според Allmusic.com, „Од бесконечно сите форми на рокенролот, хеви металот е најекстремната во смисла на гласност, мачоменство и театралност.“[1]

[уреди] Инструментација

Најчесто користената постава на метал група е тапанар, басист, ритам гитарист, соло гитарист, и пејач (кој може но не мора да биде инструменталист). Клавијатурните инструменти биле популарни кај раните метал групи (особено органите и понекогаш мелотронот), но постепено се користеле сè помалку и помалку. Денес се користат во определени стилови, а се отфрлаат од други, иако како што се развиваат разните поджанрови тие започнале да стануваат сè попопуларни. Сепак, гитарата е најчесто клучниот елемент во хеви метал музиката. Дисторзијата на гитарскиот звук се користи со цел да се создаде помоќен, 'тежок' звук. Подоцна, посложените сола и рифови станале голем дела од хеви метал музиката. Гитаристите користат голем број на техники за брзо свирење, и многу поджанрови претпочитаат виртуозност наместо едноставност. Исто така, како што се развива технологијата, се присвојуваат нови начини за модифицирање на гитарскиот звук.

Вокалите во метал музиката варираат во голема мера во однос на стилот. Способностите на вокалистите и стиловите имаат домет од мулти-октавните оперски вокали на Роб Халфорд од Judas Priest и Брус Дикинсон од Iron Maiden, до намерно рапавите вокали на Леми Килмистер од Motörhead и грчењата на Џорџ „дробачот на трупови" Фишер од Cannibal Corpse.

Во однос на живиот звук, гласноста често се смета за поважна од сè. Пратејќи го водството на Џими Хендрикс и The Who (кои еднаш го имаа приматот „Најгласната група на светот“ во Гинисов книга на светски рекорди), раните хеви метал бендови поставувале нови граници за гласност за време на настапите. Тони Иоми, гитаристот на хеви метал пионерите Black Sabbath, е само еден од раните хеви метал музичари кои страдаат од значителен губиток на слухот поради нивната гласност во живо. Детроитскиот рокер Тед Нугент и гитаристот Пит Таунсенд од The Who се скоро глуви. Фиксацијата на гласноста во хеви металот била исмејувана во рокументарецот This Is Spinal Tap на гитаристот „Најџел Тафнел“, кој открил дека неговите засилувачи Marshall биле модифицирани да одат „сè до единаесет“ (засилувачите имаат нивоа од еден до десет).

Во доцниот дел на седумдесеттите, употребата на идентични соло гитари била популаризирана најпрво од Thin Lizzy и потоа од Judas Priest. Уаји употребата на две гитари претходно била воведена од групи како Wishbone Ash, Scorpions и AC/DC, Thin Lizzy биле првите кои го инкорпорирале двојното соло како витален дел на нивниот свук додека пак Judas Priest го инкорпорирале двојниот ритам како нивен. Наскоро, многу групи го следеле овој шаблон, како Iron Maiden кои го развиле концептот на 'гитарска хармонија' - имајќи два гитаристи кои ја делат улогата на соло и ритам гитарист, делејќи ги двете.

[уреди] Тематика

Како и во голем дел од популарната музика, така и во хеви металот сликите и визуализациите се важен дел. Омотите на албумите и сценските настапи се голем дел од презентацијата на материјали како самата музика, иако ретко ја надминуваат музиката во однос на приоритет. Така, преку хеви металот, многу уметници соработуваат за да создадат мени на искуства во секое дело-нудејќи ѝ поширок спектар на искуства на публиката. Во овој однос, хеви металот станова можеби поразновидна форма на уметност отколку било која единствена форма доминирана од едем метод на изразување. Додека некоја слика се изразува визуелно, симфонија ауделно, „имиџот“ и темата која ја поврзува сета музика на една хеви метал група се изразени во изгледот на омотот на албумот, сетот на бина, тонот на текстот и алиштата на групата, како додаток на нивната музика.

Рок историчарите сметаат дека влијанието на западната поп музика му ја дава на хеви металот својата -бегство-од-реалноста- фантастична страна, како бегство од реалноста преку несекојдневни и фантастични текстови—додека афро-американскиот блуз му ја дава на металот страната на голата реалност, фокусирајќи се на загуба, депресија и осаменост[се бара извор].

Доколку ауралните и тематските компоненти на хеви металот се предоминантно реалност под влијание на блузот, тогаш визуалните компоненти се фантазија под влијание на поп музиката. Темите на темнината, злото, моќта и апокалипсата се јазични компоненти за обраќање кон реалноста на проблемите на животот. Како реакција кон „мир и љубов“ (англиски: peace and love) хипи културата од 1960-тите, хеви металот се развил како контракултура, каде што светлината се заменува со темнината и среќниот крај на попот се заменува со голата реалноста дека нештата не испаѓаат секогаш како што треба на овој свет. Додека некои фанови тврдат тека медиумот на темнината не е пораката, критичарите го обвинуваат жанрот за величење на негативните аспекти на реалноста.

Темите во хеви металот типично се посериозни отколку генерално ведрите теми во поп музиката од 1950-тите, 1960-тите и 1970тите—фокусирајќи се на војната, нуклеарното збришување, темите поврзани со екологијата и политичка или религиозна пропаганда. „War Pigs“ на Black Sabbath, „Killer of Giants“ на Ози Озборн, „...And Justice for All“ на MetallicA (како и нивната „Disposable Heroes“) и „2 Minutes to Midnight“ на Iron Maiden се примери на придонеси кон дискусијата за фактичката ситуација. Коментарот често има тенденција да стане преупростен поради тоа што поетскиот речник на металот се бави воглавно со дихотомии на светлината против темнината, надежта против очајот или пак доброто против лошото, не оставајќи многу простор за сложените нијанси на сиво.

[уреди] Класични влијанија

Присвојувањето на „класичната“ музика од страна на хеви металот типично ги вклучува влијанијата на барокните, романтистичките и модернистичките композитори како Бах, Паганини, Вагнер и Бетовен. Иако Ричи Блекмор, гитаристот на Deep Purple/Rainbow експериментирал со музички фигури позајмени од класичната музика уште од 1970-тите; следејќи го Ричи Блекмор, Ренди Роудс и Ули Јон Рот, „класичното“ влијание во метал гитарата за време на 1980-тите го барало својот модел на брзина и техника во раниот 18 век; забележително, класично-инспирираниот гитарист Ингви Малмстин, чиј што технички квалитет инспирирал мириада на неокласицистички гитаристи како Мајкл Ромео, Мајкл Анџело Батио и Тони МекАлпин. [1].

Неколку музички експерти и метал музичари имаат забележано дека улогата на тритонот во хеви металот,[2] дисонантен интервал кој се состои од кореновата нота и аугментираначетврта/намалена петта, на пр. C и F повишено, кои резултираат со „тежок“, „злобен“ звук, до таа мера што неговата употреба била наводно забранета во средновековните композиции како „Diabolus in Musica“ („ѓаволот во музиката“). Евокативниот тритон бил користен во романтичарските композитори и потекнува од блуз скалата (спротивно на пентатонската скала), дел од наследството на метал музиката и темел на нејзините сола и рифови, на пр. почетокот на исто епонимната песна од Black Sabbath.

Доцната барокна ера на западната уметничка музика била исто така често интерпретирана низ готски објектив. На пример, „Mr. Crowley“, (1981) од Ози Озборн и гитаристот Ренди Роудс, користи и синтетизер сличен на органа и барокни гитарски сола со цел да создаде определена атмосфера за текстот на Озборн во врска со окултистот Алистер Краули. За воведот во „Diary of a Madman“ од 1982, Роудс позајмувал во голема мера од „етидата #6“ на кубанскиот композитор за класична гитара Лео Броувер. Како и многу други метал гитаристи во 1980-тите, Роудс сериозно се зафатил со „ученото“ проучување на музичка теорија и помогнал да се зацврсти малата индустрија на магазини за гитарска педагогија (вклучувајќи го и Guitar for the Practicing Musician) кој што израснал за време на декадата. Но во повеќето случаи, метал музичарите кои ја позајмувале техниката и реториката на уметничката музика не се обидувале да „бидат“ класични музичари.

Енциклопедијата Encarta изјавува дека „кога текстот бил поврзан со музиката, Бах можел да напише музички еквиваленти на вербалните идеи“, и прогресивните рок групи како Emerson, Lake & Palmer и Yes веќе ја имале проучено оваа динамика пред еволуцијата на хеви металот. Како што хеви металот користи апокалиптична тематика и претстави за моќта и темнината, способноста успешно да се преведат вербалните идеи во музиката често се смета за критична во нејзината автентичност и кредибилитет[се бара извор]. Пример за ова е албумот Powerslave на Iron Maiden[се бара извор]. Омотот е од драматична египетска сцена и многу од песните на албумот имаат звук кој асоцира на живот и смрт, вклучувајќи и песна насловена „The Rime of the Ancient Mariner“ (македонски: Мразот на античкиот морнар), базиран на поемата од Самуел Тејлор Колериџ. Стив Харис, басистот на Iron Maiden ги споменува прогресивните рок групи[3] како Rush и Yes за влијанија, и треба да се забележи дека албумот на Rush од 1977 A Farewell to Kings ја вклучува дванаесет-минутната „Xanadu“, исто така инспирирана од Колериџ и датира неколку години пред композицијата на Iron Maiden.

[уреди] Поврзани стилови

Хард рокот, споменат претходно, е блиско поврзан со хеви металот (и често термините се мешаат при нивната употреба), но не секогаш се совпаѓа со описот на она што пуристите сметаат дека е дефиниција за хеви метал. Во природа одбележан со гитари и гитарски рифови, тематиката и изведувањето се разликуваат од тие на поголемите хеви метал групи листани погоре во оваа статија. Ова е можеби најдобро претставено како пример од The Who во доцните 1960-ти и рани 1970-ти, како и други групи од 1970-тите и 1980-тите како Queen кои имале големо внимание на хеви метал музиката, како и AC/DC, Aerosmith, KISS, Thin Lizzy и Scorpions.

Глам рок, краткотрајна ера во раните 1970-ти, се потпирала во главно на тешки, крцкави гитари, песни во стил на химни и театрални слики. T. Rex, Дејвид Боуви (особено во неговата инкарнација како Ziggy Stardust) и Alice Cooper се помеѓу најпопуларните стандардни примери на овој поджанр.

Имало некои измешани влијанија помеѓу панк рокот, хардкор панкот и хеви металот. Еден пример е Motörhead; водачот на групата Леми, поминал извесно време во панк групата The Damned и се обидел да го научи Сид Порочниот да свири бас гитара.

Алтернативниот рок, особено гранџот, понекогаш прима влијанија од хеви металот. Некои гранџ групи како Soundgarden и Alice in Chains биле продавани на пазарот како метал пред алтернативната музика да стане комерцијална сила.

[уреди] Хеви метал движења

Постојат неколку движења на телото што се универзални во метал културата, вклучувајќи ги 'удирањето со глава' (англиски: headbanging), 'шуткањето' (англиски: moshing или понекогаш pitting), какои разни гестикулации со рака како познатите ѓаволови рогови (популаризирани од легендарниот хеви метал вокалист Рони Џејмс Дио во неговото време со Black Sabbath и неговата соло група Dio). скокањето во публиката, воздушната гитара и сурфањето по публиката често се практицираат, иако воздушната гитара се користи поретко денес. Често метал фановите се прилично вокални во врска со нивните музички избори, и често го извикуваат името на нивниот избран бенд додека ги покажуваат 'ѓаволовите рогови', вообичаено извикувајќи нешто како „Slayer“ или слично.

[уреди] Видете исто така

  • Листа на хеви метал групи
  • Листа на хеви метал жанрови
  • Историја на хеви метал музиката

[уреди] Литература

  • Кристе, Јан (2003). Sound of the Beast: The Complete Headbanging History of Heavy Metal. HarperCollins. ISBN 0-380-81127-8.
  • Волсер, Роберт (1993). Running with the Devil: Fuck Power, Gender, and Madness in Heavy Metal Music. Печат на Унверзитетот Веслијан . ISBN 0-8195-6260-2.
  • Вајнстајн, Дина (1991). Heavy Metal: A Cultural Sociology. Lexington. ISBN 0-669-21837-5. Ревидирано издание: (2000) Heavy Metal: The Music and its Culture. DaCapo. ISBN 0-306-80970-2.

[уреди] Извори

  1. Видете на Allmusic.com
  2. Дан, Сем (2005). Metal: A Headbanger's Journey. Warner Home Video (2006).
  3. Видете на allmusic.com


[уреди] Надворешни врски

Хеви метал
Блек метал - Викиншки метал - Дет метал - Дум метал - Глам метал - Готски метал - Грајндкор - Индустриски метал - Класичен метал - Неокласицистички метал - Ну метал - Пауер метал - Прогресивен метал - Симфоничен метал - Спид метал - Треш метал - Фолк метал
Скандинавски дет метал - Нов Бран на Британски Хеви Метал (НББХМ) - Треш метал од областа на заливот
Други теми
Мода - Историја - Групи - Умлаут

Our "Network":

Project Gutenberg
https://gutenberg.classicistranieri.com

Encyclopaedia Britannica 1911
https://encyclopaediabritannica.classicistranieri.com

Librivox Audiobooks
https://librivox.classicistranieri.com

Linux Distributions
https://old.classicistranieri.com

Magnatune (MP3 Music)
https://magnatune.classicistranieri.com

Static Wikipedia (June 2008)
https://wikipedia.classicistranieri.com

Static Wikipedia (March 2008)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com/mar2008/

Static Wikipedia (2007)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com

Static Wikipedia (2006)
https://wikipedia2006.classicistranieri.com

Liber Liber
https://liberliber.classicistranieri.com

ZIM Files for Kiwix
https://zim.classicistranieri.com


Other Websites:

Bach - Goldberg Variations
https://www.goldbergvariations.org

Lazarillo de Tormes
https://www.lazarillodetormes.org

Madame Bovary
https://www.madamebovary.org

Il Fu Mattia Pascal
https://www.mattiapascal.it

The Voice in the Desert
https://www.thevoiceinthedesert.org

Confessione d'un amore fascista
https://www.amorefascista.it

Malinverno
https://www.malinverno.org

Debito formativo
https://www.debitoformativo.it

Adina Spire
https://www.adinaspire.com