Жан Жак Русо
Од Википедија, слободна енциклопедија
Жан Жак Русо (француски: Jean-Jacques Rousseau, роден 28 јуни, 1712 – 2 јули, 1778) бил француски философ роден во Женева од периодот на просветителството чиишто политички идеи влијаеле на Француската револуција, развојот на социјалистичката теорија и растењето на национализмот. Неговиот легитимитет како радикал и револуционер е можеби најдобро демонстриран во Општествениот контраст: "Човекот се раѓа слободен, а секаде е во окови". Неговите останки се чуваат во Пантеонот.
[уреди] Делото на Русо
Жан Жак Русо е соработник на Енциклопедијата кој ненадејно се здобива со популарност со статијата "Дали обновата на науките и уметностите придонела кон моралното очистување?", која предизвикала толку внимание, пред сè, поради актуелноста. Вистинскиот текст со кој Русо се прославил со покритие бил текстот "За потеклото на нееднаквоста меѓу луѓето", кој е вистинска академска расправа во која Русо ја изложува јатката на својата политичка мисла. Своите философски ставови ги искажал во текстовите "Општествен договор" (со идеи за можни реформи на државното уредување) и "Емил" (трактат за воспитанието на човекот кој би требало да се вклучи во граѓанското општество). Русо од своите современици се разликува по тоа што го негира разумот на сметка на чувственоста. Неговата љубов кон природата е во согласност со тезата дека смислата на човечкиот живот е во чувствата и во неговата хармонија со природата.
Русо, кој инаку не ги сакал театарот и романот, се решил на оваа форма сакајќи да ја искористи нејзината еластична форма и во неа вметнал различни видови на текстови - расправи и трактати за различни проблеми од неговото време. Според овие одлики, неговите дела "Нова Елоиза" (епистоларен роман кој доживеал невидена популарност), "Португалски писма" (несреќен љубовен роман), а особено "Исповеди" (во кои писателот станува лик во делото во кое инсистира на самоанализата на чувствата и на имагинацијата), припаѓаат на сентиментализмот, но во творештвото на Русо препознаваме и некои елементи (субјективноста, музикалноста, лиризмот, чувството за природата), кои ќе го определат како предвесник на романтизмот.