Демократија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Серијал за Политика: |
---|
|
Подсерии од Политика |
|
Зборот демократија потекнува од грчките зборови δημος што значи „народ“ и κρατειν што значи „владеење“ и суфиксот íα и означува „владеење на народот“.
Поинаква дефиницијата би била „демократија е власт на народот, каде што врховната моќ му е дадена на народот и се извршува непосредно преку него или преку негови избрани претставници во услови на слободен изборен систем“.
Според дефиницијата на Абрахам Линколн, „демократијата е власт на народот, од народот и за народот“.
Во практика терминот демократија означува облик на владеење каде сите државни одлуки се спроведуваат директно или индиректно од страна на мнозинството на граѓаните преку фер изборен процес. Една влада може да биде класифицирана како демократска, кога овие услови се исполнети.
[уреди] Темели на демократијата
- сувереност на народот
- власт заснована врз согласноста на владеаните
- владеење на мнозинството
- права на малцинствата
- гаранции за основните човекови права
- слободни и праведни избори
- еднаквост пред законот
- соодветна законска постапка
- уставни ограничувања на власта
- општествен, економски и политички плурализам
- вредности на толеранција, прагматизам, соработка и компромис.
[уреди] Клучни поими за демократија
- Слобода
- Плурализам
- Правда
- Еднаквост
- Одговорност
- Јавен интерес