Блаже Конески
Од Википедија, слободна енциклопедија
Блаже Конески | |
---|---|
Роден | 19 декември, 1921 Небрегово, Прилепско, Република Македонија |
Починал | 7 декември, 1993 Скопје, Република Македонија |
Блаже Конески (19 декември 1921, Небрегово, Прилепско - 7 декември 1993, Скопје) е втемелувач и еден од кодификаторите на современиот македонскиот литературен јазик и виден книжевен, културен и јавен работник: поет, прозаист, есеист, литературен историчар, филолог и лингвист, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје.
Студирал философија на универзитетите во Белград и Софија (под името Благоj Конев). По ослободувањето, активно се вклучува во стандардизирањето на македонскиот јазик. Го составил правописот на македонскиот литературен јазик, а истотака бил уредник на „Речникот на македонскиот јазик“. Основач е на студиите по македонистика на Скопскиот универзитет (од 1958 до 1960 бил негов ректор). Во 1967 станува член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и е нејзин прв претседател (до 1975). Истотака бил член Македонскиот ПЕН центар и член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1947 година и негов прв претседател.
Работел и како уредник на литературните списанија "Нов Ден" и "Македонски јазик".
Блаже Конески е круцијална фигура во развојот на македонскиот јазик, но е значаен и во меѓународни рамки. Бил член на академиите на науки и уметности во Загреб, Белград, Сараево, Чикаго и Лоѓ и почесен доктор на универзитетите во Чикаго, Краков и Скопје. Неговите дела се преведени на српскохрватски, словенечки, албански, турски, унгарски, француски, руски, италијански, грчки, полски, романски, германски и англиски јазик.
[уреди] Творештво
- Земјата и љубовта (поезија, 1948)
- Македонски правопис со правописен речник (со Крум Тошев, 1950)
- Граматика на македонскиот литературен јазик (прв дел, 1952)
- За македонскиот литературен јазик (1952)
- Песни (1953)
- Граматика на македонскиот литературен јазик (втор дел, 1954)
- Везилка (поезија, 1955)
- Лозје (кратки раскази, 1955)
- Речник на македонскиот јазик (1961)
- Песни (1963),
- Историја на македонскиот јазик (1965)
- Речник на македонскиот јазик (книга втора, 1965)
- Речник на македонскиот јазик (книга трета, 1966)
- Стерна (поезија, 1966)
- Ракување (поема, 1969)
- Јазикот на македонската народна поезија (1971)
- Беседи и огледи (1972)
- Записи (поезија, 1974)
- Стари и нови песни (1979)
- Места и мигови (поезија, 1981)
- Чешмите (поезија, 1984)
- Македонскиот 19. век, јазични и книжевно-историски прилози (1986)
- Ликови и теми (есеи, 1987)
- Послание (поезија, 1987)
- Тиквешки зборник (студија, 1987)
- Средба во рајот (поезија, 1988)
- Црква (поезија, 1988)
- Дневник по многу години (проза, 1988)
- Златоврв (поезија, 1989)
- Поезија (Константин Миладинов), читање на Блаже Конески (1989)
- Сеизмограф (поезија, 1989)
- Македонски места и теми (есеи, 1991),
- Небесна река (песни и препеви, 1991),
- Светот на легендатата и песната (есеи и прилози, 1993),
- Црн овен (поезија, 1993)
[уреди] Награди
- „11 Октомври“
- „Браќа Миладиновци“
- „Ацо Шопов“
- Хердеровата награда
- Његошевата награда
- Награда на АВНОЈ
- „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата,
- „Скендер Куленовиќ“
- Награда на Сојузот на писателите на СССР
- Награда за книжевен опус на „Мисла“
- Рациново признание
- „13 Ноември“