Тропски циклон
Од Википедија, слободна енциклопедија
Во метеорологијата, тропски циклон (тропска бура, тајфун или ураган, зависно од силата и локацијата) е вид систем на низок атмосферски притисок што обично се формира во тропските области. Иако тие се многу разорни, тропските циклони претставуваат важен дел на системот на атмосферска циркулација, што ја движи топлината од екваторијалниот регион до погорните географски ширини. Еден од најпознатите урагани е Ураганот Рита.