Тенко црево
Од Википедија, слободна енциклопедија
Тенкото црево (латински: intestinum tenue) е дел од системот за варење, кое се протега од желудочниот пилорус (излезот на желудникот) до слепото црево (почетен дел на дебелото црево). Долго е од 5-7 метри и е диференцирано на 3 дела:
- Дванаесетпалечно црево (duodenum), долго 30 cm или дванаесет палци;
- Празно црево (jejunum);
- Усукано црево (ileum).
Во почетниот дел на тенкото црево се излеваат соковите од панкреасот (преку панкреасен канал) и жолчниот сок преку општиот жолчен канал. Слузокожата на тенкото црево е набрана и на површината има бројни цревни ресички (Vili intestinales). Тие повеќекратно ја зголемуваат нејзината ресорптивна површина, која од 0,65 m2 се зголемува на 4 до 5 m2. Цревните ресички содржат крвни и лимфни садови, со што активно се вклучуваат во ресорпцијата на дигерираните хранливи материи.
[уреди] Дигестија во тенкото црево
Во тенкото црево целосно завршува дигестијата и најголемиот дел од ресорпцијата на дигерираните хранливи материи. Дневно, околу 9 литри химус патува низ овој дел од системот за варење, од кои само 5% не се ресорбираат преку цревните ресички.
Ензимите од панкреасниот сок го помагаат разложувањето (од видот на хидролиза) на јаглехидратите, протеините, липидите и нуклеинските киселини до нивните мономерни молекули - моносахариди, амино киселини, глицерол, масни киселини и нуклеотиди. Некои реакции на хидролиза кои се случуваат во тенкото црево се:
За разлика од останатите органски молекули во храната, мастите пред да хидролизираат се емулзираат од страна на жолчниот сок. Емулзирањето е разбивање на големите масни капки на помали. Притоа, тие се обвиткуваат со слој од водени молекули, со што стануваат погодни за дејство на липазата. Ова значи дека жолчката не учествува директно во дигестијата бидејќи не содржи ензими. По извршената дигестија во тенкото црево, пред да се ресорбира, храната е течна супстанција со млечно бела боја, наречена хилус.