Ebooks, Audobooks and Classical Music from Liber Liber
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z





Web - Amazon

We provide Linux to the World


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Масовни медиуми - Википедија

Масовни медиуми

Од Википедија, слободна енциклопедија

Статија за уредување
ВНИМАНИЕ
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.

Медиуми или масовни медиуми е термин кој најчесто се користи за да се означи, како класа, оној дел од медиумите чија намера е да допре до многу голема публика (обично барем населението на една национална држава). Терминот бил искован во 20тите со појавата на националните радио-мрежи и весниците и списанијата со масовна дистрибуција. Публиката на масовните медиуми е разгледувана од некои теоратичари како масовно општество со посебни особини, меѓу кои атомизација и недостиг на општествени врски, што го прават посебно подложно на влијанието на модерните мас-медиумски техники како рекламирањето и пропагандата.

[уреди] Радио

Радиото го должи својот почеток на две други иновации, телеграфот и телефонот, бидејќи сите три изуми се блиски еден на друг. Радио технологијата почнала како проект за „безжична телеграфија“. Откривањето на радио брановите, кои по својата природа се електромагнетни бранови кои имаат капацитет да пренесуваат музика, говор, слики и други податоци, понатаму направило комплетна револуција во техниката, бидејќи нивната примена е раширена во многу домаќински апарати, од микробранови печки, преку безжични телефони, до играчки кои се на далечинско управување.

Во 1860 шкотскиот физичар Џејмс Кларк Максвел го увидел постоењето на радио брановите, но дури 26 години подоцна Хајнрих Рудолф Херц демонстрирал дека варијации на електричен извор можат да се проектираат во вселената, во форма на радио бранови. Претходно, во 1866 година, американскиот забар Малон Лумис ја претставил идејата за безжична телеграфија, правејќи ја првата безжична комуникација низ воздухот со помош на змаеви. Италијанскиот иноватор Џилермо Маркони го испратил првиот радио сигнал во 1895 година во Италија, додека четири години подоцна успеал да го мине и каналот Ла Манш на овој начин. Тоа го охрабрило во 1902 година да испрати сигнал од Англија до Њуфаундленд, и тоа буквата С, што во историјата е забележано како прва прекуокеанска радиотелеграфска порака.

Никола Тесла и Нејтан Стејфлфилд ги патентирале безжичните радио трансмитери, па затоа Тесла важи за изумител на радио технологијата, што било докажано и по судски пат, кога Маркони го изгубил спорот со Тесла во американскиот Врховен суд.

Кај радио телеграфијата брановите се испраќаат на идентичен начин како што се пишуваат во телеграфска порака со точки и цртички. Во тоа време, предавателите биле нарекувани „пали-гаси машини“, а биле употребувани во комуникацијата на бродовите меѓу себе и со копното. Американската морнарица прва ја употребила оваа технологија во 1899 година, а две години подоцна создала комплетен безжичен систем, испраќајќи ги гулабите „во пензија“. Првата приватна порака на овој начин била испратена од американскиот претседател Теодор Рузвелт, до англискиот крал Едвард VII, во 1903 година, од базата на Маркони во Масечусетс. Понатаму, се бележат употреби во метеоролошки, известувачки и полициски цели.

Ли Де Форест дал свој придонес со повеќе откритија: вселенската телеграфија, триодниот засилувач и детекторот на електромагнетно зрачење. Сето ова направило да стане возможно засилувањето на радио-фреквенцискиот сигнал што антената го добива, пред да се употреби во приемникот. Тој се смета и за „кум“ на зборот „радио“. Врз основа на ова е откриена амплитудната модулација, односно АМ-радиото. Претходните предаватели од типот „пали-гаси“ не го поддржувале овој систем. Соединетите американски држави го контролирале овој пронајдок се до крајот на Првата Светска војна. Потоа сите патенти поврзани со радио технологијата биле префрлени на компанијата RCA (Radio Corporation of America).

Преносот на глас бил испитуван уште во 1892 година од Нејтан Стаблефилд, кој ги изговорил зборовите „Здраво Рејни“ кон својот тест партнер Мари, што се сметаат за први во оваа сфера. Експерименталната програма на Реџиналд Фесенден, составена од говор и музика, прв пат била чуена преку радио станици на бродовите во 1906 година. Овој Канаѓанец се смета за пронаоѓач на модулацијата кај радио брановите, врз база на „хетеродин принципот“, што овозможувал прием и предавање на сигналот без прекин. Во 1915 година од морнарската база во Арлингтон, Вирџинија, бил пренесуван говор од Њу Јорк до Сан Франциско и преку Атлантикот до Париз. Првата редовна радио програма започнала на 2 ноември 1920 година во Питсбург, преку радиото КДКА. Пионерот на масовната комуникација, Др. Франк Конрад се смета и за пронаоѓач на кратките бранови, како и за создавач на првата реклама во историјата, што ја направил за продавницата за плочи која го снабдувала со музика.

Радиото со амплитудна модулација зрачи на повеќе френквентни опсези: - Долги бранови од 153 до 279 килохерци, но не е достапно на Западната Хемисфера. Се користи проред од 9 килохерци, при што се достигнале и 413 килохерци, но современото радио не зрачи на повеќе од 279 килохерци. - Средни бранови се од 520 до 1,710 килохерци, при што во САД проредот е на 10 Килохерци, а во Европа на 9 килохерци. - Кратките бранови се од 2,300 до 26,100 килохерци, поделени на 15 френквентни опсега. Се користи проред од 5 килохерци.

Фреквентната модулација е откриена во 1933 година од страна на Едвин Армстронг. Таа го подобрила аудио сигналот на радиото контролирајќи го шумот предизвикан од електричната опрема и атмосферата на Земјата. Ли Де Форест го тужел Армстронг уште во 1915 година тврдејќи дека развива концепти врз неговиот патент, но изгубил 12 пати, се додека во 13 обид во 1930 година не добил право на основниот патент. Патем, во 1923 година Армстронг во судот го добил спорот во кој Форест не знаел да објасни зошто аудион тубата осцилира и како, докажувајќи дека не станува збор за идентичен пронајдок.

Во 1947 година се измислени тразисторите, а компанијата Сони во 1954 година го произвела транзисториското радио. Во 1965 на Емпајр Стејт Билдинг во Њујорк била поставена првата Мастер ФМ Антена, што им дозволило на индивидуалните станици да зрачат истовремено од еден извор.

[уреди] Телевизија

Телевизијата во основа претставува пренесување слики на далечини. Наречена е чудо на дваесеттиот век, но нејзината појава е резултат на големите откритија на физичарите од деветнаесеттиот век. Во последните декемвриски денови од 1883 година Германскиот инженер Паул Нипков изработил механички „Нипков диск“ со кој се остварува разложување на сликата на местото на предавањето и нејзино повторно сложување на местото на приемот. „Електронскиот телескоп“ со мотор бргу движел една плоча, издупчен ротирачки диск со лампи со селенски ќелии, кои ги претворале светилинските импулси во струјни, што потоа се пренесувале на одредена далечина. Co тој уред сликата се разложува на елементи и редови. При приемот постапката се повторува: истиот уред врши сложување на елементите во редови, а од нив се добива, слика, онаква каква што била при предавањето. Пронајдокот е историски, но никогаш не нашол своја примена. Конечното усовршување на телевизијата зависи од развојот на електрониката и од усовршувањето на дотогашните искуства во преносот на тон со употреба на електромагнетски бранови во овозможување и на пренос на слика.

Co конструирањето на фотоелектрична ќелија осетлива на промена на светлоста, од страна на германските научнци Јулиус Елстер и Ханс Гајтел (1890) се најавува откривањето на камерата. Во 1907 година Русинот Борис Росинг и Англичанецот Кембел Суинтон (истовремено, но независно еден од друг), замислуваат телевизиски систем со употреба на катодна цевка која веќе била откриена во 1897 година од германскиот научник Браун. Дваесет години подоцна (1928) Рускиот емигрант во САД Владимир Зворкин го патентира иконоскопот главната цевка во телевизиската камера, со која, според систем на оптички сочива, светлосната енергија се претвора во електрична и сликата што „стои" пред камерата се отсликува на далечина.

Телевизијата технички е родена. Нејзиното натамошно усовршување е насочено кон квалитетот на сликата, а тоа зависи од бројот на елементите и редовите што камерата може да ги испише во една секунда и тие, пренесени, да се „насликаат" на екранот од приемникот. Поради тоа и се развиваат неколку системи на телевизиски уреди: со 525 редови (НТСЦ, во САД), со 625 редови (ПАЛ, во Германија) и со 819 редови (СЕКАМ, во Франција)

Редовното пренесување телевизиска програма за првпат започнува на 22 март 1935 година во Германија, во ноември истата година во Франција, а една година подоцна на 2 ноември 1936 година и БиБиСи започнува редовно емитување телевизиска програма во Англија. Во САД првпат телевизиска програма се следи од 20 април 1939 година, но затоа пак се оди чекор понапред во нејзиното натамошно усовршување и само по една година, од 27 август 1940 година, започнува да се емитува телевизиска програма во боја. Bo Европа телевизија во боја прва воведува Холандија, на 14 септември 1966 година.

На просторите на Балканот и на некогашна Југославија телевизиската програма може да се следи дури по триесетина години: на 15 мај 1956 година, за време на одржувањето на Загрепскиот велесаем граѓаните на Загреб за првпат можат да гледаат странска телевизиска програма. Есента 1957 година Студио Загреб за првпат емитува програма од свое студио со редовно емитување на програмата во траење од 10 минути на ден. Граѓаните на Белград можат да следат телевизиска програма од 28 август 1958 година за време на Вториот мегународен саем на техниката и техничките достигнувања. Во Љубљана тоа се „случува" на 11 октомври во истата (1958) година. Од 28 ноември 1958 година телевизиските студија Белрад, Загреб и Љубљана започнуваат емитување заедничка телевизиска програма три дена во неделата по три часа. Оттогаш и Здружението на радиостаниците на ФНРЈ Југословенска радиодифузија е преименувано во „Југословенска радиотелевизија здружение на радиодифузните организации на ФНРЈ“.

Our "Network":

Project Gutenberg
https://gutenberg.classicistranieri.com

Encyclopaedia Britannica 1911
https://encyclopaediabritannica.classicistranieri.com

Librivox Audiobooks
https://librivox.classicistranieri.com

Linux Distributions
https://old.classicistranieri.com

Magnatune (MP3 Music)
https://magnatune.classicistranieri.com

Static Wikipedia (June 2008)
https://wikipedia.classicistranieri.com

Static Wikipedia (March 2008)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com/mar2008/

Static Wikipedia (2007)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com

Static Wikipedia (2006)
https://wikipedia2006.classicistranieri.com

Liber Liber
https://liberliber.classicistranieri.com

ZIM Files for Kiwix
https://zim.classicistranieri.com


Other Websites:

Bach - Goldberg Variations
https://www.goldbergvariations.org

Lazarillo de Tormes
https://www.lazarillodetormes.org

Madame Bovary
https://www.madamebovary.org

Il Fu Mattia Pascal
https://www.mattiapascal.it

The Voice in the Desert
https://www.thevoiceinthedesert.org

Confessione d'un amore fascista
https://www.amorefascista.it

Malinverno
https://www.malinverno.org

Debito formativo
https://www.debitoformativo.it

Adina Spire
https://www.adinaspire.com