Ebooks, Audobooks and Classical Music from Liber Liber
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z





Web - Amazon

We provide Linux to the World


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Историја на филмот во Македонија - Википедија

Историја на филмот во Македонија

Од Википедија, слободна енциклопедија

Статија за уредување
ВНИМАНИЕ
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.

Историјата на филмографијата во Македонија започнува уште на почетокот на 20 век, со донесувањето на првата камера на Балканот од страна на браќата Манаки. Иако македонскиот филм нема голема продукција, сепак остварувањата се значајни бидејќи го следат развитокот на македонскиот социо-бит.

Содржина

[уреди] 1905

Започнува креативната историја на филмот во Македонија. Според сеќавањата на Милтон Манаки, Јанаки Манаки ја купува филмската камера "Bioscope" производство на Charles Urban Trading Co. Со таа камера во родната Авдела браќата ги снимаат првите "живи слики" не само во Македонија , туку и на Балканот . За навек ќе останат забележани нивната 114 години стара баба Деспина , жени како сноват основа за ткаење и училишен час на отворено.

[уреди] 1952

"Вардар Филм" го снима првиот македонски игран филм "Фросина" по сценарио на Владо Малески, а во режија на Воислав Нановиќ. Снимател бил Киро Билбиловски. Премиерата е одржана на 28 јуни во скопското кино "Култура". Владата на Македонија го оформува претпријатието за дистрибуција на филмови "Македонија Филм".

[уреди] 1955

Премиера на вториот македонски игран филм "Волчја Ноќ" и учество на овој филм на Филмскиот фестивал во Пула. Славко Јаневски добива "Златна Арена" за сценарио. Режисер на филмот е Франце Штиглиц.

[уреди] 1957

Премиера на третиот игран филм на "Вардар Филм" , "Малиот човек" во режија на Жика Чукулиќ. Исто така снимени се и првите краткометражни играни филмови "Сонце зад решетки" на Славко Јаневски , "Бунт на куклите" на Димитрие Османли и "Подарок од веселиот молер" на Димитар Ќостаров.

[уреди] 1958

Снимен е првиот македонски игран филм во боја и тоталскоп техника "Мис Стон" во режија на Жика Митровиќ. На фестивалот во Пула , следната година , Петре Прличко и Олга Спиридоновиќ добиваат "Златни Арени" за главна машка и најдобра женска улога. Филмот доби почесни дипломи на фестивалите во Единбург 1960 и Њу Делхи 1961 година.

[уреди] 1959

"Вардар Филм" снима два играни филма : "Виза на злото" на Франце Штиглиц и "Три Ани" на Бранко Бауер. Реализирана е и првата копродукција во Македонија , "Дубровски" , во режија на Вилјем Дитерле, со продуцентот "Хеспериа Филм" од Рим.

[уреди] 1960

Производството на "Вардар Филм" бележи мала стагнација. Освен големиот број на документарни филмови снимен е и краткометражниот игран филм "Давид, Голијат и петел" на Славко Јаневски.

[уреди] 1961

Премиера на два нови играни филмови: "Мирно лето", прв филм сниман од македонски режисер , Димитрие Османли, како и прва македонска филмска комедија и "Солунските атентатори" на Жика Митровиќ. На фестивалот во Пула , "Солунските атентатори" ја доби традиционалната награда на публиката "Елен" а Диме Шумка доби награда за сценографија.

[уреди] 1964

Снимен е филмот "Под исто небо" на Љубиша Георгиевски и Миомир Мики Стаменковиќ. Одржан е првиот републички фестивал на аматерски филмови. Отпочнува со работа Телевизија Скопје.

[уреди] 1965

Во продукција на "Вардар филм" снимен е играниот филм "Денови на искушение" во режија на Бранко Гапо, според драмата "Црнила" на Коле Чашуле.

[уреди] 1966

Одржани се премиерите на играните филмови "Денови на искушение" и "До победата и по неа" на Жика Митровиќ. Сценаристот Симон Дракул за филмот "До победата и по неа" доби "Златна арена" на фестивалот во Пула 1966 година.

[уреди] 1967

Реализирани се дури три играни филмови: "Мементо" во режија на Димитрие Османли , "Каде по дождот" на Владан Слијепчевиќ кој на фестивалот во Авелино ја доби наградата "Lanceno d'Oro" и "Македонска крвава свадба" во режија на Тале Попов. Никола Лазаревски за работата во овој филм доби награда за сценографија на фестивалот во Пула 1968 г.

[уреди] 1968

Формирана е филмска работна заедница за снимање на филмови "ФРЗ". Снимен е играниот филм "Планината на гневот" во режија на Љубиша Георгиевски.

[уреди] 1969

Во продукција на "ФРЗ" е снимен играниот филм "Време без војна" во режија на Бранко Гапо кој доби специјална диплома за режија во Пула 1969 година, "Сребрен медал" за режија во Авелино 1972, како и наградите "11 Октомври" за снимателот Љубе Петковски и "13 Ноември" за режисерот Бранко Гапо. "Вардар филм" го реализира играниот филм "Републиката во пламен" на Љубиша Георгиевски.

[уреди] 1970

Во продукција на "Вардар филм" е снимен играниот филм "Цената на градот" во режија на Љубиша Георгиевски.

[уреди] 1971

Една од најбогатите години на македонската кинематографија. "Вардар филм" ги реализира играните филмови "Македонскиот дел од пеколот" на Ватрослав Мимица и "Црно семе" на Кирил Ценевски кој ги освои наградите "Златна арена" за режија и "Златна арена" за најдобра машка улога за Дарко Дамевски во фестивалот во Пула , "Жар птица" на фестивалот во Москва за најдобра дебитантска режија и на фестивалот во Авелино 1972 , награда "Lanceno d'Oro". Снимен е и првиот македонски цртан филм "Ембрион No. М" на Петар Глигоровски. ФРЗ бележи уште еден игран филм "Жед" во режија на Димитрие Османли.

[уреди] 1972

"Македонскиот дел од пеколот" на Ватрослав Мимица добива "Златна арена" за сценарио на фестивалот во Пула , а за своите креации во филмот "Жед", Ацо Јовановски и Неда Спасоевиќ се наградени на фестивалот на актерски остварувања во Ниш. Во продукција на ФРЗ е снимен играниот филм "Истрел" во режија на Бранко Гапо.

[уреди] 1973

Уште еден игран филм во продукција на ФРЗ: "Колнати сме Ирина" ("Татко") во режија на Коле Ангеловски. На фестивалот во Пула композиторот Томислав Зографски доби "Златна Арена" за музиката во овој филм.

[уреди] 1975

Премиера на филмот "Јад" во режија на Кирил Ценевски. За снимателската работа во овој филм Љубе Петровски добива "Златна арена" на фестивалот во Пула. Филмот добива и "Специјална награда" на фестивалот во Карлови Вари во 1976.


[уреди] 1976

Почнува со работа Кинотеката на Македонија. Премиера на играниот филм "Најдолгиот пат" на Бранко Гапо кој на фестивалот во Пула добива "Голема сребрена арена" а Киро Билбиловски "Сребрена арена" за камера.

[уреди] 1977

Снимени се два играни филма: "Пресуда" на Тале Попов и "Исправи се Делфина" на Александар Ѓурчинов, кој покрај "Бронзената арена" за режија и "Сребрената арена" за главна женска улога на фестивалот во Пула, освои и повеќе меѓународни признанија.

[уреди] 1979

Документарниот филм "Дае" на Столе Попов е номиниран за Оскар, а претходно стана лауреат на Фестивалите во Белград и Оберхаузен. Жиријата во Мелбурн 1979 и Лондон 1980 година му доделија специјални награди.

[уреди] 1980

Два нови македонски играни филмови: "Време, води" на Бранко Гапо и "Оловна бригада" на Кирил Ценевски, кој на фестивалот во Пула доби "Златна арена" за снимателска работа на Мишо Самоиловски.

[уреди] 1981

Играниот филм "Црвениот коњ" на режисерот Столе Попов на фестивалот во Пула освои "Златна арена" за сценографија на Властимир Гаврик.

[уреди] 1982

Снимен е играниот филм "Јужна патека" во режија на Стево Црвенковски.

[уреди] 1984

Снимен е филмот "Нели ти реков" на режисерот Стево Црвенковски , а во реализација на Вардар Филм и Телевизија Скопје.

[уреди] 1985

"Јазол" - уште едно играно остварување на Кирил Ценевски. За тонското оформување на филмот, на фестивалот во Пула, Глигор Паковски доби "Златна арена".

[уреди] 1986

Голем успех на филмот "Среќна Нова '49" на Столе Попов. Има добиено многу награди од кои: "Голема златна арена", "Златна арена" за најдобро сценарио, "Златна арена" за најдобра споредна машка улога на Душко Костовски, "Златна арена" за музика на Љупчо Константинов на фестивалот во Пула, на Нишките средби награда за најдобро актерско остварување на Мето Јовановски, награда за најдобар актер натурш-чик на Кире Симоновски, "Златна плакета" за сценографија" на Никола Лазаревски во Младеновац и многу други.

[уреди] 1987

Играниот првенец на режисерот Владимир Блажевски, "Хај-Фај" на фестивалот во Пула доби две "Златни арени" за режија и за монтажа на Петар Марковиќ.

[уреди] 1988

Втора комедија во македонската кинематографија: "Викенд на мртовци" во режија на Коле Ангеловски.

[уреди] 1991

Играниот филм "Тетовирање" на режисерот Столе Попов на фестивалот во Херцег Нови добива прва награда за режија, "Златна мимоза".

[уреди] 1993

ТФРЗ "Пегаз" го реализира својот прв игран филм "Македонска сага" во режија на Бранко Гапо. На меѓународниот фестивал на филмската камера "Браќа Манаки '93" снимателот Владимир Самоиловски ја доби наградата за дебитантско остварување.

[уреди] 1994

Голем успех на македонската кинематографија. Филмот "Пред дождот" на режисерот Милчо Манчевски стана лауреат на филмскиот фестивал во Венеција, освојувајќи го "Златниот лав". Филмот набргу доживува успех на сите фестивали каде е прикажан. Најголем успех на македонската кинематографија. Филмот "Пред дождот" е номиниран за Оскар во категорија на не-англиско говорно подрачје. Освен таа номинација , филмот продолжува со жетва на награди на голем број филмски фестивали низ целиот свет. Димитрие Османли го реализира играниот филм "Ангели на Отпад".


[уреди] 1997

Премиера на играниот филм "Gipsy Magic/Џипси Меџик" на Столе Попов. Исто така снимен е и првенецот на режисерот Антонио Митриќески "Преку езерото".

[уреди] 1998

Младите режисери Александар Поповски и Дарко Митревски го реализираат својот прв игран филм под работен налов "Wake up dead man" а официјален "Збогум на 20тиот век" . На различни локации во Скопје, Амстердам, Њујорк и Истамбул е снимен и играниот првенец на Ацо Станковски, "Маклабас". Ацо Станковски се јавува како режисер и сценарист на филмот.

[уреди] 1999

Се одржува премиерата на играниот филм „Време, живот“ во продукција на „Носталгија филм“ и МРТВ (сценарист е Русомир Богдановски а режисер Иван Митевски). Во фаза на реализација е и долгометражниот експериментален филм „Судијата“ на Жанета Вангели во македонско-германска копродукција.

[уреди] 2000

Премиерно се прикажани долгометражниот игран филм „Омнибус А“ (продукција „Вардар филм“, режисери Маја Младеновска, Огнен Димитровски, Борјан Зафировски и Марија Џиџева) и документарните филмови „Копнеж по глината“ (продукција „Пегаз“, сценарио Мите Ноневски, режија Љупчо Тозија) и „Богородица 90“ (продукција „Вардар филм“, режија Лаки Чемчев), како и документарниот филм „Вета“ (продукција „Небото е лимит“, сценарио и режија Теона Митевска).

[уреди] 2001

Филмот на Милчо Манчевски „Прашина“ го отвори фестивалот во Венеција. Премиерно е прикажан филмот во македонско-белгиско-француска копродукција „Одмазда“, во режија на Јан Хинтјенс и Слободан Деспотовски, кој е воедно и сценарист на филмот.

[уреди] 2002

Играниот филм „Како лош сон“ во режија на Антонио Митриќески влезе во постпродукција. Започнува снимањето на играниот филм „Тајната книга“ во режија на Владо Цветановски, а по сценарио на Јордан Плевнеш и Љубе Цветановски. Финални подготовки пред почетокот на снимањето на играните проекти „Глува куќа“ во режија на Иво Трајков, како и на филмот „Како убив светец“ во режија на Теона Митевска.

[уреди] 2003

Играниот филм „Како лош сон“ на Антонио Митриќески ја имаше светската премиера на Филмскиот фестивал во Монтреал. Играното деби на Теона Митевска „Како убив светец“ се прикажа на фестивалот во Ротердам, додека краткометражниот игран филм „Бубачки“ на Игор Иванов-Изи влезе во офоцијалната конкуренција на 54. Берлински филмски фестивал. Започна снимањето на „Година на надежта“ на Светозар Ристевски и „Бал-кан-кан“ на Дарко Митревски.

[уреди] 2004

Исклучително плодна година за македонската кинематографија. Беа реализирани 4 долгометражни играни филмови: „Како убив светец“ на Теона Митевска, „Големата вода“ на Иво Трајков, „Илузија“ на Светозар Ристевски и „Бал-кан-кан“ на Дарко Митревски. Играното деби на Сергеј Станојковски, филмот „Контакт“ влезе во пост продукција. Започна снимањето на краткиот игран филм „Просечна брзина“ на режисерот Наум Михајловски.

[уреди] 2005

Македонската кинематографија бележи две филмски остварувања: краткиот игран филм "Остани исправен" на Кристијан Ристески, со премиера на Скопскиот филмски фестивал и играниот филм "Контакт" на Сергеј Станoјковски, со кој се затвора филмскиот фестивал "Браќа Манаки" во Битола.

[уреди] 2006

Започнува снимањето на филмот „Коски“ на Милчо Манчевски, на локации во Скопје, за чији потреби е изграден речиси цел филмски град.

[уреди] Надворешни врски

Our "Network":

Project Gutenberg
https://gutenberg.classicistranieri.com

Encyclopaedia Britannica 1911
https://encyclopaediabritannica.classicistranieri.com

Librivox Audiobooks
https://librivox.classicistranieri.com

Linux Distributions
https://old.classicistranieri.com

Magnatune (MP3 Music)
https://magnatune.classicistranieri.com

Static Wikipedia (June 2008)
https://wikipedia.classicistranieri.com

Static Wikipedia (March 2008)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com/mar2008/

Static Wikipedia (2007)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com

Static Wikipedia (2006)
https://wikipedia2006.classicistranieri.com

Liber Liber
https://liberliber.classicistranieri.com

ZIM Files for Kiwix
https://zim.classicistranieri.com


Other Websites:

Bach - Goldberg Variations
https://www.goldbergvariations.org

Lazarillo de Tormes
https://www.lazarillodetormes.org

Madame Bovary
https://www.madamebovary.org

Il Fu Mattia Pascal
https://www.mattiapascal.it

The Voice in the Desert
https://www.thevoiceinthedesert.org

Confessione d'un amore fascista
https://www.amorefascista.it

Malinverno
https://www.malinverno.org

Debito formativo
https://www.debitoformativo.it

Adina Spire
https://www.adinaspire.com