Друштво на писателите на Македонија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) е здружение на писателите од Република Македонија, формирано на 13 февруари 1947 година. Прв претседател на ДПМ беше Блаже Конески, а од мај 2006 функцијата претседател ја врши Јован Павловски, кој пред десетина години два мандата беше на челната позиција на ДПМ.
Негов претходник на чело на ДПМ, од јуни 2004 до мај 2006, беше Трајан Петровски, кој на таа функција дојде на местото на Веле Смилевски.