Аналитичка хемија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Аналитичката хемија е субдисциплина на хемијата и претставува анализа на различни примероци од материјали со цел да се добијат податоци за нивниот хемиски состав и структура.
Содржина |
[уреди] Поделба
Аналитичката хемија може да се подели на два основни видови, квалитативна и квантитативна:
- 1. Квалитативната неорганска анализа го анализира присуството на некој хемиски елемент или неорганско соединение во еден образец.
- 2. Квалитативната органска анализа го анализира присуството на некоја функционална група или органско соединение во еден образец.
- 3. Квантитативната анализа го определува количеството на некој елемент или соединение во даден образец.
Поголемиот дел од модерната аналитичка хемија е квантитативен. Квантитативната анализа може и понатаму да се подели на различни области на проучување. Еден материјал може да биде анализиран за да се утврди количеството на некој елемент во него, или, пак, количеството на некој елемент во биолошките системи - молекулите на животот се состојат од јаглерод, водород, кислород, азот и други, во голема мерка - комплексни структури.
[уреди] Техники
Постојат многу голем број на техники со кои се одвојуваат, детектираат или мерат хемиските состојки, како:
- Титрацијата е техника користена за да се детерминираат количествата присутни во раствор или физичките својства на молекулата (како константа на рамнотежа).
- Анализа на супстанциите со инструменти, користејќи спектроскопија
- Масената спектроскопија се користи за одредување на молекуларната маса, составот и структурата на некој елемент во образец со помош на јонизација на молекулите и набљудување на нивното однесување во електрично и магнетно поле.
- Во многу техники се комбинираат два или повеќе аналитички методи (понекогаш нарекувани и "хибридни методи"). Таква е на пример ICP-MS (Индуктивно-спарена плазма - Масена спектроскопија) и многу други техники.
[уреди] Методи
Аналитичките методи се базираат на строга чистота, подготовка на образецот, брзина и прецизност.
Ако концентрацијата на даден елемент во соединение или образец е премногу висока за детекциониот дофат на некоја направа (техника), истото може да се разреди со чист растворувач. Додека во обратен случај е обратно - се користи метод на адиција.
[уреди] Трендови во аналитичката хемија
Дисциплини кои рапидно се развиваат во рамките на аналитичката хемија се:
- Протеомика - анализа на концентрацијата на протеини и нивна модификација, на пример, во организмот.
- Метаболомика - слична на протеомиката, но се бави со метаболизмот.
- Маталомика - слична на претходните две, но се бави со концентрацијата на метали и посебно со нивното сврзување со протеини или други молекули.