Леонард Ојлер
Од Википедија, слободна енциклопедија
Леонард Ојлер (15 Април, 1707 – 18 Септември, 1783) бил швајцарски математичар and физичар. Сметан е за еден од најголемите математичари на сите времиња. Ојлер бил првиот математичар кој го користел терминот „функција“ за да опише израз кој вклучува различни независни аргументи, пример y = F(x). Тој исто така ја претставил долго користената нотација за честите геометриски функции: синус, косинус и тангес.
Роден и школуван во Базел, уште на рана возраст покажал особен талент за математика и јазици. Работел како професор по математика во Санкт Петерсбург, а подоцна во Берлин. Бил еден од најплодните математичари, што кажува фактот за неговите собрани дела кои изнесуваат повеќе од 70 томови. Доминирал на полето на математиката во 18-иот век, оставајќи многу последици кои ќе го градат новото сметање (калкулус). Ојлер бил скоро целосно слеп во последните 17 години од животот, за чие време ги произвел повеќе од половина од неговите пишани дела.