Ebooks, Audobooks and Classical Music from Liber Liber
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z





Web - Amazon

We provide Linux to the World


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Икона - Википедија

Икона

Од Википедија, слободна енциклопедија

Статија за уредување
ВНИМАНИЕ
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.

Содржина

[уреди] Вовед

Икона (од грчки εἰκών, eikon, "претстава") е слика; таа е знак или симболична сличност која постои како резултат на значењето или претставата на еден објект/субјект, или само аналогно, како во семиологијата; во информатиката, икона е симбол кој се употребува кај компјутерите кои имаат графички интерфејс - се наоѓа на мониторот, и заменува некоја команда. Понатаму, зборот икона се користи и во поп-културата, како замена за зборот симбол - т.е. име, лик, слика или дури и човек кој има препознатливо значење и е отелотворување на определени квалитети.

Во Православието, иконата претставува слика на која е претставена некоја светија, како Господ Исус Христос, Богородица Марија, светци, ангели или Крст. Иконите, исто така може да бидат изведувани во метал, издлабени во камен, изрезбани во дрво, навезени на облека, изградени како мозаик, испечатени итн.

Со помош на бои, облици и линии, низ еден јазик на симболичен реализам, сликарски израз единствен во својот род, ни се открива духовната состојба на човекот спасен во вечноста на Царството Небесно. Човекот – храм Божји. Внатрешниот ред и мир во духовниот живот, за кој сведочат Светите Отци, се пренесени на иконата со спокојни и хармонични потези. Сето тело на светителот, сите детали и поединости, дури и косата, брчките, наборите на облеката и се што го опкружува, се е обединето и доведено до највисоко согласие. Во тоа се состои видливото прикажување на победата врз внатрешната делба и збрка во паднатата човечка природа, во процесот на очистување и преобразување на страстите, до обожение.

Содржината на иконата, значи претставува вистински духовен патоказ за животот во Црквата, особено за молитвата. Таа на еден автентичен начин, ослободен од стеснетоста на поимите и зборовите, не учи каков став треба да завземеме во духовниот живот.

Иконата е истовремено и пат којшто треба да се следи, и присуство на одондестраното и спасеното, и сретство. Таа самата е: молитва. Причината за постоењето на светата уметност во Православието е токму во тоа да донесе видливо сведоштво за двете стварности, обединувајќи ги во себе: историската стварност и стварноста на Царството Небесно, реалноста на создадденото и благодатта на Светиот Дух.

Иконата е живо сведоштво за исходот и полнотата на учеството на човекот во Божествениот Живот.

Македонската збирка на икони, особено Охридската е една од највредните во светот, денес. После Синајската и Московската збирка икони, таа е трета по значење во Православието. Од византолошки апект, е единствена.

[уреди] Иконите во Христијанството

При разгледувањето на иконите во рамките на Христијанството првенствено мора да се има на ум дека Христијанството е старозаветна религија (значи, потекнува од Јудаизмот), создадена во време кога во Јудаизмот постоела голема загриженост околу идолопоклонството. При тоа, не постои никакво сведоштво за правење или користење на насликани икони од страна на Христијаните во Новиот Завет. Како и да е, поради непостоењето на никаков запис не може да се рече дека тоа само по себе е доволно како аргумент против употребата на иконите. Напротив, како што вели Апостол Јован, „И многу други чудеса изврши Исус пред учениците Свои, што не се запишани во оваа книга“ (Јов 20:30). Уште повеќе, логично е да се заклучи дека и самите апостоли сториле или кажале многу повеќе нешта, отколку што е запишано во Библијата, што од своја страна говори дека ние ги немаме во целост учењата, активностите и говорите на светите Апостоли.

Иако зборот eikon е забележан во Новиот Завет, ја нема конотацијата која денешните православни верници ја имаат. Сепак, од друга страна, многубројните катакомби и катакомбни Цркви од ранохристијанскиот период изобилуваат со голем број на насликани икони.

[уреди] Иконите во ранохристијанскиот период

После признавањето на Христијанството во Римското Царство за време на владеењето на св.Константин (Соборот во Никеја), и неговото прифаќање како официјална државна религија за време на Теодосиј I, христијанската уметност почнала да се менува. Оаа промена е резултат пред сè на слободата која Христијаните ја добиле во однос на изразувањето и декларирањето на нивната религија. Тогаш и за прв пат се појавиле сликите на мачениците, а со нив почнала да се шири и критиката за идолопоклоничката и паганска позадина која тие (наводно) ја имале.

Апостол Лука ја црта иконата на Пресвета Богородица Марија
Апостол Лука ја црта иконата на Пресвета Богородица Марија

Од друга страна, бројни биле и поборниците за употребата на иконите, посочувајќи примери кога пророците од Стариот Завет сонувале сонови во кои им се појавувале повеќе небесни фигури, вклучувајќи ја и визијата на Данаил, кому Бог му се појавил како старец.

Во овој период, исто така, за прв пат се споменува и иконата на Пресвета Богородица Марија; како автор на оваа икона Теодор Лектор во неговата Историја на Црквата го посочува Апостол Лука. Бројот на икони чие авторство се припишува на овој Апостол во иднина ќе се зголеми.

Како и да е, постои забележлива разлика во стилот на изведување на иконите од овој период, со денешните. Така на пример, раните икони (како оние зачувани во манастирот Св. Катерина на Синај делуваат многу реално. Исто така, првите икони на кои е прикажан ликот на Исус Христос Го претставуваат како млад маж без брада. Дури потоа е прифатена иконата каде Тој е прикажан со брада и долга коса. Овој факт треба да се има в предвид кога се говори за функцијата која иконите ја имаат. Истовремено (додека иконите не биле униформирани) се развила контроверзна дебата околу тоа кој начин на Негово прикажување треба да биде општоприфатен. Првиот, или „семички“ начин Го претставувал Христос со кратка коса; вториот начин, пак, Го прикажувал Христос со брада и долга коса, разделена на половина. Повторно, Теодор Лектор има забележано дека првата претстава е поверодостојна. Тој исто така забележува дека некој паган Го насликал Христос според вотриот начин (за кој тогаш се сметало дека е сличен на сликите на Зевс) и како казна рацете му биле отсечени.

[уреди] Иконокластичен период

[уреди] Православни канони за иконите

  • Иконите не се почитуваат на материјална основа (значи, не се разботи за идолопоклонство), туку се почитуваат врз основа на сличноста на претставениот лик со личноста чие име стои на самата икона. Со самото запишување на името на Исус Христос или на некој светец, иконата се осветува. Ако од друга страна, пак, името или контурата се избриште, иконата ја губи симболичката вредност и поради тоа се пали. Истото важи и за Крстот, кој го прима осветувањето со самата форма - доколку формата се промени, и тој се пали. Според тоа, почитувањето укажано на иконата припаѓа на личноста чија претстава е насликана, а никако не на материјалот од кој е насликана.
  • Православната традиција прави разлика помеѓу:
  1. Латрија, адорација (поклонување, богопочитување) кое Му припаѓа на Христос како Седржител (исто како и на леботи и виното претворени во Тело и Крв Христова преку светата тајна Причест според соборот 1084 година во времето на царот Алексеј Комнен)
  2. Ипердулија или надпочитувањето кое ѝ припаѓа на Богородица Марија како Мајка Божја
  3. Венерација или почитувањето кое им припаѓа на Светците поради нивната блискост со Христос
  • Божјата природа - Света Троица не може да се претстави сликовно поради тоа што е невидлива и безоблична. Сепак, Таткото се претставува како што се јавил во виденијата и богојавувањата во Стариот Завет (како дечко на средбата со Авраам). Светиот Дух се претставува во вид на голуб кој се симнува од небото за време на Крштевањето на Исус Христос во реката Јордан (Мт 3:16). Понатаму, виденијата и теофаниите од историјата на Спасението може да се насликаат и да бидат почитувани. При тоа, иконографот треба во целост да ги почитува податоците од Библијата.
  • Во црквената историја иконите имале одлучувачка улога. Иконата има:
  1. дидактичка функција
  2. контемплативна функција
  3. посредничка функција


Поради сите овие причини, иконите се сакаат, почитуваат и бакнуваат со наголема стравопочит. Познат е голем број на чудотворни икони, чија тајна останува неоткриена. Без разлика дали се насликани од светци, или пак поради силната вера на верникот, тие се едно од најсилните завети на богоносните отци.

[уреди] Икони во Македонија

[уреди] Делови од Новиот Завет каде се говори за иконите

Во Новиот Завет овој термин се користи во повеќе наврати со различно значење, и тоа од Исус Христос , како икона на невидливиот Бог( Гал 1:15), преку сликата на Цезар на римска паричка (Мт 22:20), па сè до сликата на Ѕверот во Апокалипсата (Отк 14:19). Следи целосната листа:

  1. Матеј 22:20
  2. Марко 12:16
  3. Лука 20:24
  4. Римјани 1:23
  5. Римјани 8:29
  6. 1 Коринќани 25:49
  7. 1 Коринќани 15:49
  8. 2 Коринќани 3:18
  9. 2 Коринќани 4:4
  10. Галатија 1:15
  11. Галатија 3:10
  12. Евреи 10:1
  13. Откровение 13:13
  14. Откровение 13:15
  15. Откровение 14:9
  16. Откровение 14:11
  17. Откровение 15:2
  18. Откровение 16:2
  19. Откровение 19:20
  20. Откровение 20:4


Никулец Оваа статија поврзана со религија е никулец.
Вие можете да помогнете за нејзината дообработка.


Our "Network":

Project Gutenberg
https://gutenberg.classicistranieri.com

Encyclopaedia Britannica 1911
https://encyclopaediabritannica.classicistranieri.com

Librivox Audiobooks
https://librivox.classicistranieri.com

Linux Distributions
https://old.classicistranieri.com

Magnatune (MP3 Music)
https://magnatune.classicistranieri.com

Static Wikipedia (June 2008)
https://wikipedia.classicistranieri.com

Static Wikipedia (March 2008)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com/mar2008/

Static Wikipedia (2007)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com

Static Wikipedia (2006)
https://wikipedia2006.classicistranieri.com

Liber Liber
https://liberliber.classicistranieri.com

ZIM Files for Kiwix
https://zim.classicistranieri.com


Other Websites:

Bach - Goldberg Variations
https://www.goldbergvariations.org

Lazarillo de Tormes
https://www.lazarillodetormes.org

Madame Bovary
https://www.madamebovary.org

Il Fu Mattia Pascal
https://www.mattiapascal.it

The Voice in the Desert
https://www.thevoiceinthedesert.org

Confessione d'un amore fascista
https://www.amorefascista.it

Malinverno
https://www.malinverno.org

Debito formativo
https://www.debitoformativo.it

Adina Spire
https://www.adinaspire.com