Жан Митрев
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Д-р Жан Митрев (роден на 11 јануари 1961 во Штип) е еден од најпознатите македонски кардиохирурзи.
[уреди] Професионална биографија
Основно и средно училиште завршува во Штип, а од 1979 студира на универзитетот "Кирил и Методиј" во Скопје. Дипомира во 1985 година.
Во 1983 е на пракса на медицинскиот универзитет "Реина Софија" во Кордоба, Шпанија. Од 1985 до 1988 е вработен како лекар во oдделот за итна служба и на оделението за општа хирургија во регионалната болница во Штип. Од 1988 до 1990 е на специјализација (лекар асистент) на клиниката за кардиохирургија "РЕБРО" на Медицинскиот универзитет во Загреб, каде во периодот 11.89 - 11.90: е на Магистратура на Медицински универзитет во Загреб. Тема: ,,Влијание на оперативната техника во хирушкото лекување на акутниот микарден инфаркт".
- 11.90 - 12.92: Асистент и научен асистент на клиниката за торакална и кардиоваскуларна хирургија ,,Jochan Wolfgang Goete Univerzitat", Франкфурт на Мајна, Германија
- 30.10.1992: Специјалистички испит по oпшта хирургија на mедицински универзитет, Скопје, Македонија
- 01.93 - 09.93: Асистент на клиниката за кардиохирургија во Лудвигсхафен, Германија
- 10.93 - 09.94: Асистент на клиниката за кардиоваскуларна хирургија, медицински универзитет, Цирих, Швајцарија
- 10.94 - 06.97: Самостоен хирург - оператер на клиниката за кардиоваскуларна хирургија во Herzzentrum, Франкфурт на Мајна, Германија
- 07.97 - 12.99: Раководител на оддел на клиниката за торакална и кардиоваскуларна хирургија на ,,Jochan Wolfgang Goete Univerzitat", Франкфурт на Мајна, Германија
- 12.99 - 12.01: шеф (управник) на кардиохирургија - ЦВЗУ Скопје, Македонија
- 05.01: Поднесен докторат од областа на кардиохирургијата на тема: ,,Вредноста на геометриската реконструктивна хирушка метода во лекувањето на постинфарктната аневризма на левата комора на срцето"
- 14.12.2001: Потврда од eвропскиот борд на здружението за кардиоваскуларни хирурзи за признавање на стручна субспецијалистичка дејност како кардиоваскуларен хирург
- 01.02: Директор на специјалната болница по кардиохирургија ,,Филип Втори-Скопје", Македонија
- 09.02: Прием и промоција во академик во светската академија за наука ,,Платон".
Стипендијант на :
- 09.88 - 09.91: Универзитет "Кирил и Методиј", Македонија
- 10.91 - 12.91: ,,Jochan Wolfgang Goete Univerzitat", Франкфурт на Мајна, Германија
- 01.92 - 12.92: ,,Deutsche Herzstiftung", Германија
- 10.93 - 09.94: ,,Univerzitat", Цирих, Швајцарија
Член во:
- 1991: Германско здружение за торакална и кардиоваскуларна хирургија
- 1993: Американски колеџ за ангиологија
- 2001: ESAO, European Society for Arteficial Organs
- 2002: EACTS, European Society for cardiothoracic surgery
- 2002: ISMICS, International society for minimally invasive cardiosurgery
[уреди] Награди и признанија
- 05.2002: менаџер на годината од страна на центарот за развој на кадри од областа на менаџментот (МОТИВА)
- 08.2002: промовиран во академик - почесен член на академијата за наука ,,Платон"
- 27.08.2003: благодарница и статуетка за хуманист на годината - доделена во чест на роденденот на големата хуманистка и нобеловка Мајка Тереза.
- 07.11.2003: награда за интернационален научник на годината од страна на International Biographic Centre, Кембриџ, Велика Британија
- 21.11.2003: награда Man Of The Year, 2003, ABI - American Biographical Institute, Inc.