Да Нанг
Од Википедија, слободна енциклопедија
Да Нанг или Дананг (на виетнамски: Đà Nẵng), поранешен Туран, е голем пристанишен град на јужниот централен брег на Виетнам, на брегот на Јужното Кинеско Море. Се наоѓа во близина на Хјуе, на естуарот на реката Хан. Брои 369 000 жители (2001) на површина од 1 250 km². Тој е една од 5-те независни општини во Виетнам, истоимената општина брои околу 728 000 жители.
Да Нанг е пристаниште со отежнат пристап, кој зафаќа значајна локација на комерцијалните патишта на Пацификот. Тој извезува добар дел од земјоделското производство на Виетнам, како што е производството на риби, ориз, чај, и рибиниот сос. Градот поседува и меѓунареоден аеродром.
Ова е недовршена статија за географија. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |