Ориз
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Оризот е втора по значење житна култура (после пченицата) и со него се исхранува голем број од населението. Освен за исхрана, оризот се користи за правење пијалак - саке, а со преработка на оризовата слама се добива хартија. Оризот најдобро успева на плодни почви и за него се потребни многу вода и топлина. Најмногу ориз се одгледува во Кина, Јапонија, Филипини, земјите на Индо-кина, Индија, САД, Бразил, Пакистан и др. Главни извозници на ориз се САД и Пакистан. Најголеми приноси на ориз се остваруваат во Јапонија и Република Кореа - 6000kg на хектар.