Горан Трајкоски
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Горан Трајкоски е роден на 21.11.1963, во Велес, Македонија.
Содржина |
[уреди] Образование
Основно и средно образование завршил во Велес, Струга, Охрид и Скопје. Студира на Филолошкиот факултет група Англиски јазик и книжевност на универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.
Нема институционално музичко образование; со музика се занимава од почетокот на 1980-те, свирејќи во групите Сарацени, Мизар, Апореа, Анастасија.
Кон крајот на 1980 и почетокот на 1990 работи како новинар во Македонската Радио Телевизија - Македонско радио и Канал 103 од областа на Македонската народна и современата поп музика.
Со Македонската изворна народна музика се запознава преку народните уметници Вања Лазарова и Пеце Атанасовски, а со црковната и источноправославното пеење преку отците Владимир и Стефан Санџакоски.
[уреди] Членување во групи
Со групата Мизар работи на подготвувањето и издавањето на нивниот прв албум Мизар од 1988. Со групата Анастасија ги издава:
- На реките вавилонски/Премин (EP), издание на „Дом“ од Ниш 1989 и
- "Poeta Negra" од Солун
- "Before The Rain" - sountrack, Polygram France 1995
- "Melourgia" - "Libra Music"- Greece 1997
- "Face/Burn" (EP) - "Third Ear Music" - Macedonia 1998
- "Nocturnal" - "Libra Music"/"Third Ear Music" 1999
Со театарска музика се занимава од крајот на 1980-те, самостојно или како член на групата Анастасија во театрите во Србија, Босна и Херцеговина, Грција и Македонија. Соработувал со театарските режисери: Владо Цветановски, Сашо Миленковски, Владимир Милчин, Бранко Брезовац, Раик Алниачик, Златко Славенски.
[уреди] Позначајни театарски претстави
- Мартолозот
- Ајант
- Г-ца Јулија (КПГТ-Суботица)
- Буре барут (Аморе театар-Атина)
- Хамлет, Розенкранц и Гилдестерн се мртви, Собрани дела на Шекспир (Драмски театар-Скопје);
- Еригон, Пер Гинт, Црна Дупка (МНТ-Скопје)
Настапувал на музичките фестивали и сцени низ сите поголеми европски градови со групите Анстасија и Мизар.