Георги Скрижовски
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Георги Скрижовски е роден 1882г. во село Скрижово, Драмско. Вистинското име му е Георги Радев Иванов, а презименската форма ја зема подоцна, како ознака за местото од каде потекнува. Учи во педагошкото училише во Сер, каде зема учество во револуционерниот кружок во училиштето,а потоа е учител во Демирхисарско. Влегува во четата на Димитар Гоштанов. Во 1902г. веќе е во четата на Јане Сандански како секретар.
Учесник во Илинденското востание, член на Серскиот револуционен комитет. После востанието формира чета, со која дејствува во Разлошко. Зема активно учество во борбите со врховистите, во Уриетот (Младотурската револуција од 1908г.) учествува во одредот на Сандански и походот кон Цариград. По Балканските и Првата Светска војна, како приврзаник на серската група, тој е член на Привременото представништво на Обединетата бивша ВМРО и потписник на Апелот од 9 март 1919 до Париската мировна конференција. По конечното распарчување на Македонија се повлекува од македонскте борби и живее со семејството во Свиленград, Царство Бугарија. Но и таму поддржува врски со Димо Хаџидимов. Во Свиленград, како продолжение на горноџумајските крвави настани од септември 1924 година, Скрижовски е убиен на 25 февруари 1925 година од екзекутор на ВМРО.