Љубов
Од Википедија, слободна енциклопедија
Љубов е феномен во меѓусебните односи меѓу луѓето, кој не е целосно дефиниран и кој се карактеризира со здружување и меѓусебно помагање на две или повеќе лица. Најчесто се вели дека „љубовта не може да се дефинира“, но некои карактеристики кај феномените кои луѓето ги назначуваат како љубов се еднакви или многу слични, па од нив би можело да се извлече некоја поконкретна дефиниција.
Околу љубовта има многу различни мислења (посебно бидејќи таа е лична, па секој човек си има своја сопствена дефиниција). Од „здравото мнозинство“ љубовта се дефинира како екстремно блиска врска меѓу машко (маж/момче) и женско (жена/девојка), но од тие кои не припаѓаат на ова мнозинство (како на пр. хомосексуалци) доаѓаат и други дефиниции. Една од нив е дека „љубовта е најголемата врска меѓу две или повеќе човечки битија, без разлика на нивниот пол, верска, национална припадност и раса“.